Губење време

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Добро знаеме дека љубовта е комплицирана работа. Знаеме дека се појавува оној пат кога најмалку ја очекуваме, и си заминува со брзина на светлината.
Но нешто од секогаш ме интересирало.

Дали кога гледате дека нешто треба да се случи, а никако да почне, сметате дека времето потршено на таа една личност е губење време?

Или пак сметате дека тоа е период во кој се учат многу работи за тоа како се однесуваат луѓето кога се несигурни во однос на најсензибилното чувство?

Колку од вас сметаат дека повремените флертови, кои зад себе кријат нешто налин на добар почеток на нешто поубаво значат залудно трошење на времето и бесцелно губење на моменти кои би можеле да бидат пресудни во врска со љубовта која би можеле да ја најдеме во сосем друга личност, додека ние слепо сме верувале во нешто кое личело на добар почеток?
 
Благодарение на овој период кој порано често ми го попречуваше прогресот не само на љубовно туку и на професионално поле, научив дека кон секоја прилика треба да се трне со ширум отворени раце. Но, мора да се помине низ ваква фаза, за да се научиме на сопствените грешки. Мојата нетрпеливост, оди во прилог на тоа да не чекам по многу да се случи нешто. Тоа до сега не ме удрило по глава, иако сум свесна дека некогаш ќе биде на моја штета. Ако некој е за тебе, кармата ќе ви се совпадне. Порано или порано.:wink:
 
Се си носи свое искуство. Ама баш се. Иако можеби во даден момент ќе помислиме дека тоа е губење време, дека таа врска била грешка сама по себе, сепак се си е на свој начин некакво искуство и нешто од кое треба да извлечеме добра поука и лекција. На пример ќе знаеме каков тип не ни одговара и слично. Во секое лошо има и добро. И во секое губење време, добиваме некоја порака.

И со флертувањето е исто. Флертувањето не е ни којзнае какво губење време, затоа што е само едноставно флерт. Флертувањето го гледам како една игра, особено повремените флертови, бар за тие што знаат да флертуваат.:icon_lol:
 
Добро знаеме дека љубовта е комплицирана работа. Знаеме дека се појавува оној пат кога најмалку ја очекуваме, и си заминува со брзина на светлината.
Но нешто од секогаш ме интересирало.

Дали кога гледате дека нешто треба да се случи, а никако да почне, сметате дека времето потршено на таа една личност е губење време?

Колку од вас сметаат дека повремените флертови, кои зад себе кријат нешто налин на добар почеток на нешто поубаво значат залудно трошење на времето и бесцелно губење на моменти кои би можеле да бидат пресудни во врска со љубовта која би можеле да ја најдеме во сосем друга личност, додека ние слепо сме верувале во нешто кое личело на добар почеток?

До одреден момент, обично тоа нетрпение и несигурност се позитивна мотивација за да се создаде одредена хемија, привлечност меѓу двајца, но предолгото исчекување и погрешно темпираните потези можат да го избледат ова чувство и едноставно да ти стане сеедно.

Меѓутоа тој почетен период е неопходен и затоа сметам дека неможе да биде залуден, сепак јас ставам акцент на тајмингот.
Железото се кова додека е жешко :wink:
 
Сигурно не е губење на време. Ни повремени флертови, ни долги додворувања. Сето ова е искуство и убава работа, што има лошо во едното и другото? Според мене ништо.
А верувајте, долги додворувања се исплатат, а и задоволството е многу послатко тогаш
 
Ако треба нешто да се случи, а тоа се одолговлекува, мене ми е само послатко и во никој случај не мислам дека е губење време. Мора да помине период во кој ќе сфатиме дали навистина сакаме нешто со дотичниот/ата или само сме се залетале краткотрајно и лажно.
Од друга страна, кога станува збор за врска, сметам дека е губење време ако сме во неа, а мислиме дека можеме да имаме нешто подобро. Значи не сме задоволни од неа, но се трудиме упорно да ја вратиме во нормала или поради некои лажни верувања да настојуваме да ја направиме добра. Тоа е губење време, кое е подобро да се потроши на повеќе безначајни флертови, па макар и мувања.:toe::)
 
Влегување во врска/флерт/секс за една ноќ/итн НЕ е губење на време. Губење на време е НЕвлегување во врска/флерт/секс за една ноќ/итн.

Зошто? Зашто сè си носи искуство. Кој не го здобие на млади години, многу потешко ќе му оди на стари години, пред сè зашто тогаш ќе има многу повеќе обврски и ќе мора да работи, заработува, поправа по дома, итн. Кога човек е млад и има родители/старатели кои со тоа се грижат, може да се посвети исклучиво на стекнување на меѓучовечки искуства, кои и тоа како ќе му бидат корисни во иднина.

А ако некое од тие меѓучовечки искуства прерасне во љубов - сите среќни. :)
 
Па темата и се однесува токму на тоа... Дали самиот процес на удварање и слични постапки е губење на време? Токму тоа прашање и го поставив...
А за искуството не станува збор у темава. Збориме само за одредени постапки кои можат да се одразат на потенцијалните врски кои се секаде околу нас додека ние тепаме време на нешто за кое гледаме дека би можело да сјае, но никако да го достигне дефинитивниот сјај.
 
Па... процесот на додворување е маркетиншки потег: правиме сè за да бидеме забележени од пазарот, т.е. потенцијалниот партнер.

Тоа е само човечки недостаток, што не знаеме дали оној кого прво ќе го видиме е идеален партнер за нас. И затоа мора да се наслониме на „земски“ постапки, т.е. додворување, плаќање пијачки итн.

Веројато поточно би било терминот „идеален партнер“ да се замени со „партнерот што најмногу одговара во дадениот момент, врз база на взаемните интереси и стекнатите знаења за себе и него/неа“.

Но, бидејќи, нели, светов се движи брзо и немаме време за губење, ги скратуваме сите термини до „идеален партнер“, што понатаму предизфжвикува конфузии. Но, повторно, бидејќи тоа е во согласност со универзалниот закон дека ентропијата (т.е. нередот) во вселената постојано се зголемува, ни се простува.
 
Не би рекол дека врските од минатото биле губење време. Напротив, со секоја различна личност си научил нешто ново, нешто различно.
 
Хе, губење време. Ако не завршило со производ и не испаднал никаков исход од тоа, не мора да се посматра како губење време.
Пошо така ако глеаме, не само во љубовта туку и општо, пола живот ти е губење време :)
Се` за што си потрошил одредено време од животот си има некакво значење, предизвикува некаков тек на настаните, вродува со промени, си има свое место во временското течение. Никој никогаш не губи време, туку само го троши, а дали корисно или бескорисно, тоа е друга работа :)

Што значи не, не мислам дека било каков неуспешен флерт, обид или врска била губење време зошто своевремено си имала некаква причина, некаква последица, и некакво значење, без оглед на резултатот.
 
за мене не е ништо губење на време и неколку мувања и било која врска не е губење време додека не дојде она вистинското зашто никогаш незнаеш од нив кој е вистинскиот значи секоја минута помината со некого не е губење време туку време потрешено на сопствено задолство и среќа
 
Од се се учи, ако си свесен за тоа што се случува...

Примери:
Губиш време кога си затворен во себе, кога не се опушташ, не рискираш нешто...
Губиш време кога не си среќен со тоа што го правиш.
Кога знаеш дека не те исполнува личноста и упорно живееш со неа.
Губиш време кога ги слушаш само другите и живееш за нив, а тие те користат.

Заклучок: Губење време се моментите во животот кои не те направиле среќен, зашто тоа си го дозволил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom