Бидете хумани сега, кајганџии!

  • Креатор на темата Креатор на темата bebush
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Локација
Скопје
Сигурно повеќето сте погледнале на вести или сте слушнале од вашите пријатели за самоубиството кое се случи пред 15тина дена во градот Скопје, населба Центар.Човекот кој изврши самоубиство фрлајќи се од балкон од осмиот кат на станот во кој што живеел, оставајќи зад себе болна жена од рак и три прекрасни деца.
10тина дена после смртта на Скопјанецот Љубиша Милошевски, почина и неговата жена, Сузана Милошевска која беше болна од рак, но и болна од страдањата кои ја следеа после загубата на својот сопруг.
Овие три деца, живеат во мојата зграда.Едниот од нив, ми е многу добар другар.Тој е втора година во ДИФ, додека неговиот постар брат е веќе втора година на факултет, а најмалото и најмилото сушество - Мила нивната сестра, учи заедно со сестра ми во клас и е 5то одделение.
Со овој пост и оваа вест, би сакала да ја поттикнам солидарноста во вас форумџиите повторно да дејствувате со вашата хуманост.
Имено, во сабота во дискотеката РПМ(карши Католичка црква) со почеток од 21 часот, ќе се одржи хуманитарна забава за овие три деца, со цел да се соберат доволно средства за почетокот на нивно издржување, додека да се снајдат понатака.Цената на билетот е 200 денари.
Жртвувајте пиво или кафе со пријателите и наместо тоа помогнете им на овие три деца, кои мене ми се особено драги комшичиња.

Бидете хумани кајганџии, помогнете повторно!
 
Обавезно донирам и им посакувам на децата да се здрави и живи и да го пребродат овој болен настан... :cry:
 
Каде може да купам карта а да не одам? Затоа што имам обврски за сабота вечер, неодложни. Сакам само да донирам.
 
Каде може да купам карта а да не одам? Затоа што имам обврски за сабота вечер, неодложни. Сакам само да донирам.
Фросе, прашај во школо утре.Спасе од 4та нас ни читаше соопштение и спомна нешто за купување карти во школо.Ако неможеш да најдеш некој со такви информации, јас ќе се обидам да го пронајдам.
 
А телефонски броеви нешто за тие што не се од Скопје, а сакаат да донират?
 
Некако порано да се знаеше за ова... Ке се средеа и реклами и број и се потребно. Да се знаеше порано сигурно РПМ ке бидеше мало за тие што ке сакаат да идат. Сеа кој знае нека прошири и да им помогнеме на пријателите...
 
Ја имаат мојата поддршка... Се гледаме во РПМ во сабота.=)
 
Темава ја залепив горе за да биде видена од повеќе кајганџии и се надевам дека барем половина од нив ќе бидат хумани. Не сум во можност да донирам на овој начин во сабота, но ќе се најде друг секако.
Навистина прежална ситуација, немам што да искоментирам повеќе...
 
Едно благодарам до тие што се понудија.Но сепак, денес во училиште бев известена од несигурни извори дека забавата за утре е откажана.Причините соопштени на мојот другар, со кој заедно планиравме да идеме и да донираме, сеуште не се познати.Барем така му рекле по телефон.
Како и да е, ако не се организира никаква акција во скоро време, сакам и се надевам дека ќе можам барем да организирам телефонски линии и жиро сметка каде што ќе можат донациите да се пренасочат.

Со нови информации до следното постирање тука.
Ви благодарам од се' срце, бебуш.
 
Ја ко што чув барале 500-600 евра од РПМ за место само ..... (не ме фаќајте за збор ... може сум грешка ...)
 
Едно благодарам до тие што се понудија.Но сепак, денес во училиште бев известена од несигурни извори дека забавата за утре е откажана.Причините соопштени на мојот другар, со кој заедно планиравме да идеме и да донираме, сеуште не се познати.Барем така му рекле по телефон.
Како и да е, ако не се организира никаква акција во скоро време, сакам и се надевам дека ќе можам барем да организирам телефонски линии и жиро сметка каде што ќе можат донациите да се пренасочат.

Со нови информации до следното постирање тука.
Ви благодарам од се' срце, бебуш.

А собраните пари ќе им ги дадат или...?
Вчера донирав, сигурно донирале и други. Мора да има барем минимални средства собрано.
 
Собраните пари би требало до сега да се дадени.Ќе се потрудам да дознаам.
А ако не се дадени, е тогаш ќе направам скандал јас самата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom