- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
od facebook e ova
Драги пријатели, Скопјанки и Скопјани,
Го шириме гласот. Гласот на градот и гласот на слободата.
Го дигаме нашиот глас, денес, за да го заштитиме правото да се зборува и мисли, правото на градот сфатен како слобода!
Плоштад Слобода е целодневен настан за зачувување на нашето право на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест кои беа прегазени на 28.03. Протестот започнува на пладне на плоштадот Македонија. Потоа(13:00), простетната поворка низ скопските улици доаѓа до Градски Парк каде од 13:30 започнува денски концерт.
Потврдени бендови: The John, Fighting Windmills, PMG collective, Da Dzaka Nakot, Graham Young
***
Градот не е хор. Градот не маршира исто. Градот не мисли исто. Градот е демос и полис. Градот е демократија, почитување и негување и заштита на различното и на малцинското.
Во градот не живее народ или толпа. Во градот живеат граѓани, поединци. Во градот и во државата, барем кај нас, барем формално, според Уставот, не владее народна демократија туку демократија. Разликата меѓу демократијата и народната демократија е како разликата меѓу кошула и лудачка кошула.
И заради тоа се собравме. И заради тоа се буниме, и заради тоа нема да застанеме!