Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА ИНТЕНЗИВИРАНА АСИМИЛАЦИЈАТА НА МАЛЦИНСТВАТА
Нема Македонци, но врие од градинки за Македончиња Децата од македонска националност во северна Грција, кои посетуваат градинки, се почесто се праќаат порано на училиште во однос на нивните врсници поради тоа што не го зборуваат грчкиот јазик. Последниве десетина години е забележан тренд на масовно отворање градинки и предучилишни установи во градовите и во селата каде што живее македонско малцинство. Така, на пример, во градот Каламата на Пелопонез, кој има околу 60.000 жители постојат само две градинки, во Атина десетина, додека, пак, во регионот на Лерин, Воден, Костур и другите места во Северна Грција постојат дури 48 градинки, а постојано се отвораат и нови установи.
Проблемот со непознавање на грчкиот јазик најмногу е изразен кај децата на тригодишна возраст бидејќи најголем дел од тие деца во своите семејства говорат исклучително македонски јазик. Поради тоа грчките образовни институции ги праќаат децата од македонска националност во предучилишните установи на задолжително изучување грчки јазик.
- Ако Македонци во Грција не постојат, тогаш зошто е потребно предвремено изучување на грчкиот јазик - вели Пол Стојков, Македонец што живее во Канада и кој ја забележал оваа појава во Грција. Според припадниците на македонското малцинство во Грција, тоа е смислена и доброподготвена стратегија на грчките власти за целосно искоренување на македонскиот јазик во средините во кои живее македонско малцинство. Петрос Василијаидис, член на партијата на македонското малцинство во Грција, „Виножито“ вели дека целта на масовното отворање градинки е отргнување на децата од семејната атмосфера во која преовладува македонскиот дух.
- Трендот на отворање на градинки во северна Грција најмногу беше изразен во осумдесеттите години од минатиот век, но тој продолжува и денес. Намерите се јасни, децата уште од најмала возраст да го зборуваат исклучително грчкиот јазик, а тоа најдобро се прави во училишните установи - објаснува Василијаидис.
Грчките образовни институции постојано трпат критики од европските власти за односот кон образованието на мајчин јазик на различните етнички групи, меѓу кои и македонското малцинство. Сите обиди за изучување македонски јазик во местата во кои живее македонско малцинство беа жестоко нападнати од политичките партии, кои сметаат дека во Грција нема место за друг јазик освен грчкиот.
Припадници на македонското малцинство во Грција велат дека националистичката политика таму е длабоко навлезена и во образовниот систем и затоа Грците не прифаќаат постоење етнички малцинства, кои говорат свој јазик и, според сите европски конвенции, имаат право на образование на мајчин јазик