
Нажалост, јас сеуште не сум сопственик на оваа платформаа иако сум голем љубител. Едно време работев на стариот Macintosh, но ете до ден денес сеуште не сум горд сопственик на овие чуда. Морам да кажам, дека јас лично сум фасциниран од нивната стабилност, работа и графички приказ. Долго време бев загреан за iMac, и кога добро се заинтересирав, разбрав дека работат на дуал процесори, одлична стабилно на рамот а имаше една друга работа која ме фасцинира. Можноста фамилијата OS X да работи под платформата на Икс Пе, оваа солуција ги направи многумина среќни и да заклучат дека најбрзиот и најстабилен компјутер + оперативен систем може да се постигне токму на овој начин. Јас знам дека мојот нареден компјутер сигурно ќе биде од оваа бранша, се надевам и вие еден ден ќе размислите.
