Можда не е генерално за цел објект, но брат ми кај што лежеше прозорите жена му ги лепеше со селотејп, за сестрата да се добие требаше малку повеќе упорност и појак глас... Што знам, можда споредувам со она време кога сум лежел како средношколец. Тогаш беше доста поуредно-фасада, ѕидови, подовите светеа, персоналот имаше некоја војничка дисциплина, но секогаш при рака. Но тогаш војската се грижеше. Пак ќе кажам, ова ми е впечаток од една соба, лифт и ходник. Знаеш, ситни нешта кои порано ги немаше. На пример истурено кафе во делот за посети, полна корпа со ѓубре. Можда е посоодветно ако кажев дека во некои сегменти е поблиску до и заликува на некои оддели од државна болница, отколку на воена. Секако не во сите.
А можда ми е неадекватна и споредбата со бивша воена болница-од пред 30 години. Исто како да споредувам сегашната состојба на воениот камп Св. Наум со истиот од пред тие 20-30 години.
Мене повеќе ќе ме интересира со ова купување не кој ќе ја купи туку дали услугите ќе се плаќаат како во приватни клиники или ќе се достапни за народните маси. Мислам дека е сеуште рано за вакви размислувања, но како граѓанин и осигуреник секако и мене и повеќето ќе не интересира и тоа-но отом потом.
јас колку што знам, Орце прави своја болница. Таму каде што порано беше нешто како кројачница, позади ХУБО маркетот, сега го прави болница. Што ќе му се две?
Ланец на болници, маркети...
