Вака сеа, јас прво мислам дека ти си од оние стаари СДСМовци кои биле во СДСМ само заради Бранко... Искрено, човекот, секоја му чест... го бидува.
Дуел Бранко - Груевски на претседателските избори кога Бранко стана претседател... Да Изгуби ВМРО. Кажи ми кое искуство како `претседател на пратија`ги имаше Груевски а кое Бранко. И плус, кое докажување го имаше Владата на ВМРО тогаш? Љупчо Георгиевски? Хаха.
Тимот што победува не се менува... Кога каде... Мислиш дека Бранко ке стартува од 300.000? Не заебавај. Многу луѓе си ги отворија очите... Респектот кон Бранко сеа е многу помал од што беше пред тој да стане претседател.
Фрчко не убеди 200.000 гласачи да гласаат за него. Тие се само слепите СДСМовци кои немаа друг избор освен да ја подржат ПАРТИЈАТА а не Фрчко. Нели гледаме дека СДСМ работи за неколку богаташи, свои луѓе. За никој повеќе. ЦЕЛОСНА НЕГАЦИЈА НА НИВНАТА СОЦИЈАЛ-ДЕМОКРАТСКА политика!!!
Математиката за гласовите ти е сосема грешна... Иако налик изгледа сосем вистинита... Те разбирам како некој што го гледа и слуша само тоа што ке му се каже на вестите.
А постот на Латас. Можеби си од оние кои не го сакаат, ама може да се здогледаат некои правилни и сосема точни кажувања во неговиот текст.
Поздрав. Сепак мислам дека си есдесовски ориентиран иако сакаш да укажеш на твојата партиска неутралност.
Сега да ти појаснам од кои сум да ти стане јасно за да не мислиш во иднина.. да не те заболи глава..
Право на глас јас добив дури во 2002 година, кога наполнив 18 години. Политиката колку толку почнав да ја гледам и следам од кај 2000 некаде, тогаш беше ВМРО на власт, се сеќавам исто така на оние налепници по маалските гаражи од ВМРО во 1998 на кои пишуваше ПРОМЕНИ! Во 1998 година после приватизацијата, стечајците, ТАТ и незнам уште што народот гласаше за Љубчо, му ја даде довербата, мислеше дека така треба.. јас како 16 годишен не се разбирав којзнае колку, мислев дека време е за промени, иако значењето на зборот промени во политиката не ми беше познато.. Потоа дојде војната во 2001. После таа војна цела Македонија гласаше против Љубчо Георгиевски. Бранко доби мислам 60 пратеници. И јас гласав за СДСМ. Затоа ме нервираат овие нови печени вмровчиња кои гласаат сега за ВМРО и викаат јас од секогаш сум за нив..
Потоа беше смртта на Трајковски и изборот на Бранко за претседател. Повторно гласав за него бидејќи како сакаш кажи тој беше три пати подобар за претседател отколку Кедев. Дојде премиер Бучковски. Доста невработени. Земјоделците неисплатени. Ќе те излажам ако ти речам гласав во 2006 за ВМРО! Не! Апстинирав. Бидејќи не сум член на СДСМ, не гласам за нив, па како што велат и магаре да предложат. Дојде ВМРО на власт. Земјоделците задоволни. Колку толку.. на никој не можиш да му погодиш.. Но Груевски побара 60 + пратеници. СДСМ и ДПА (со која тешко се согласуваше) му ја кочеле работата.. Во 2008 гласав за ВМРО! Исто така гласав за Марјан за Прилеп од ВМРО! Сеуште не сум вработен и немам членска. Нити пак сакам. За советници не гласав за никого, бидејќи на листите наместо млади и дипломирани невработени кадри да ставаат, тие ми ставиле доктори, професори.. За претседател бев за Љубе. Имам доста другари од лавовите.. сакаа да гласам за нив.. онака излегов.. иако ни Фрчко ни Иванов не ми се допаѓаа.. Втор круг не гласав.
Што се однесува до мојата математика горе долу таа е.. ќе видиш и сам.. кога ќе дојде Бранко во СДСМ тие ќе имаат барем за 5 % повисок рејтинг.
Заклучок - не сум јас стар СДСМ-овец, бидејќи сум млад, сеуште не сум остарел.. гласам по свое сопствено убедување..
И како што кажав.. Груевски побара гласови.. излегов и гласав.. има четири години да ме убеди дека навистина го кочеле СДСМ и ДПА! Во спротивно, односно да бидам подиректен, доколку не влеземе во НАТО, доколку не се приближиме кон ЕУ, доколку земјоделците во кои имам доста роднини не се задоволни, доколку младите од Македонија и пред се од Прилеп каде според % на население и однос на невработени има најмногу не се вработтат.. точно е тоа што викаш ти.. јас за четири години.. како и многу други незадоволни ќе гласам за СДСМ! Бидејќи нема друга опција.. епа види сега што сум и како размислувам..
А тоа што вие си читате мислења од ЛАТАС, ЈАНКО, ГЕРО и незнам кој таму е ваш проблем.. мене не ми треба некој да ми каже дека сонцето изгрева на Исток.. а на многу вас од овде ви треба.. се палите на нешто непотребно.. и цели недели за тоа дрндате.. им се чудам само на модераториве за трпението.. разбирам политика и конверзација.. ама ова вашево.. незнам што е.. исто па исто..
Сега паднал СДСМ, ама ќе дојдел Бранко.. и оп тема.. 20 страни се напишале.. а Бранко уште претседател.. катастрофа..
Сега е време за ВМРО.. да видиме како што велат некои од вас дали ги заслужиле дипломите од странство.. кои се добиваат знаеме колку тешко.. во споредба со оние на нашите факултети.. ама тоа е друга тема.. друга прилика.. немам време јас овде за толку тумачење..
Поздрав :smir: