Две Македонки меѓу загинатите во Италија!?

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Две Македонки загинале во земјотресот што денеска ја погоди централна Италија, јавува интернет изданието „Њуз.ру“, повикувајќи се на информации од интернет изданието на весникот „Република“.
Од македонското Министерство за надворешни работи засега не ја потврдуваат оваа информација.
Според „Република“, најмалку 40 лица загинале, меѓу кои и пет деца, во земјотресот, а не се исклучува можноста бројот на жртвите да биде поголем, бидејќи спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините за да дојдат до евентуални преживеани.
Во акцијата за спасување се вклучи и армијата, а неколку земји веќе и понудија помош на Италија во справувањето со катастрофата.
Најмалку 100.000 луѓе без покрив над главата по земјотресот во Италија
italija-zemjotres.jpg
40 луѓе се водат како исчезнати
Најмалку 100.000 жители од областите погодени од земјотресот во централна Италија останаа без покрив над главата, соопшти Службата за цивилна безбедност на Италија.
Според најновите податоци, во земјотресот настрадале 27 лица, меѓу кои и пет деца, додека 40 луѓе се водат како исчезнати.
Германија, Франција, Русија, Грција, Израел, како и чешкото претседателство на Европската унија и понудија помош на Италија во справувањето со последиците од разорниот земјотрес.
Првиот човек на Службата за цивилна безбедност Августино Миоцо истакна дека „Италија засега нема потреба од помош од други земји“.


a1
 
Ја обновија информацијата, сега вели дека се најмалку четворица...

Најмалку четворица македонски државјани загинаа во земјотресот што денеска го погоди централниот дел на Италија.

Ова попладнево за Макфакс го изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи (МНР) Петар Чулев, наведувајќи дека станува збор за податоци соопштени од македонската амбасада во Рим.

Според МНР, има неофицијални информации за тројца настрадани македонски државјани, но дека се проверува информацијата за четвртиот настрадан.

Идентитетот на настраданите лица се уште се утврдува.

Според најновите извештаи на италијанските електронски медиуми, најмалку 50 луѓе загинаа во земјотресот што ја погоди централна Италија.

А1.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106807
 
cudna rabota ..zarem ova e trusno podracje?
 
Изгледа се работи за стари градби, знаеш италијанците колку ги почитуваат старите градби. А и подрачјето сигурно е подложно на земјотреси. Имало уште еден околу 10 часот коj ги докрајчил објектите ослабени после првиот земјотрес.

Нов земјотрес околу 10,00 часот повторно го погоди централното подрачје на Италија, соопшти Националниот институт по геофизика и вулканологија, пренесуваат медиумите.

Многу куќи кои беа оштетени од претходниот земјотрес, сега целосно се урнати. Засега не се соопштуваат податоци за силината на најновиот земјотрес.

Од земјотресот што денеска ја погоди Италија загинаа најмалку 27 лица, меѓу кои и пет деца. Во Италија денеска е воведена вонредна состојба.

Од италијанската Служба за цивилна безбедност соопштуваат дека во зоната на потресот има најмалку 10.000 разрушени објекти.
 
Потребна е брза реакција на Македонската влада да понуди помош кон пријателска Италија за расчистување на погоденото подрачје,особено и затоа што меѓу загинатите има и Италијански градови.
 
ги соопштија имињата на Македонските државјани, не ги запамтив но се со албанска етничка припадност (и не кажаа од кој дел на Македонија потекнувале)
Бог да ги прости :(

едит:

Катастрофалниот земјотрес што утрово ја потресе Италија, однесе и четири жртви, државјани на Македонија. Според непотврдени информации животот во несреќата го загубиле Рефик Асани (44), Валбона Османи (13), Зејнула Алејна (11), додека идентитетот на четвртата жртва се уште се знае
 
Катастрофалниот земјотрес што утрово ја потресе Италија, однесе и четири жртви, државјани на Македонија. Според непотврдени информации животот во несреќата го загубиле Рефик Асани (44), Валбона Османи (13), Зејнула Алејна (11), додека идентитетот на четвртата жртва се уште се утврдува.

Други повредени државјани на Македонија, според досегашните информации, нема.

Од МНР велат дела македонската амбасада во Италија интенизвно е во контакт со тамошните институции и болниците и состојбата континуирано се следи.

NetPress

Нека почиваат во мир :(
 
Нека им е лесна земја.
Иам и еден познаник Италјанец од Raiano,на само 50-тина км од епицентарот.Му пишав порака се надевам за скоро ќе вратит.
Земјотрес е една од најстрашните работи шо можат да се случат.
 
нека почиваат во мир:smir:

Сеа треба да се понуди помош на пријателска Италија,пријателите се познаваат во тешко,иако италијанците се мокни треба да се понудиме,да пратиме еден контејнер медицински материјал,а може и еден воз доброволци,секако има преголема невработенст
 
Нека почиваат во мир...
 
Потресно, и жалосно за загинатите-
epikentro4t6364.jpg


dromo353.jpg


Убаво кажа ABC - треба под хитно да им се понуди помош.

 
ги соопштија имињата на Македонските државјани, не ги запамтив но се со албанска етничка припадност (и не кажаа од кој дел на Македонија потекнувале)
Бог да ги прости :(

едит:

Катастрофалниот земјотрес што утрово ја потресе Италија, однесе и четири жртви, државјани на Македонија. Според непотврдени информации животот во несреќата го загубиле Рефик Асани (44), Валбона Османи (13), Зејнула Алејна (11), додека идентитетот на четвртата жртва се уште се знае

Точо така, Админ смени го насловот во две државјанки на Република Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom