Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.781
- Поени од реакции
- 52.776
Кратово се наоѓа на западната страна од планината Осогово, во кратерот на неактивен вулкан, на 600 метри надморска височина. Овој регион бил населен уште од римскиот период. Уште тогаш бил познат како рударски град, но под името Кратишкара. Во Византискиот период познат е како Коритос или Коритон. Во тоа време, Кратово тргувало со злато, сребро и бакар. Важноста на овој мал град е забележана и од Турскиот Султан Мурат кој поминувајќи со својата армија низ Македонија, застанал во Кратово да го видат градот на златото и среброто. 8km северозападно од Кратово се наоѓа малото село Куклица. Атарот се протега на простор од 13.7km². На него обработливото земјиште зафаќа простор од 468ha, пасиштата 757ha, а шумите заземаат 81ha. Селото има полјоделска функција. Ова село е од раштркан тип со повеќе маала. Во последно време тоа е во процес на брза депопулација, така што од 532 жители во 1953 година, бројот на население опаѓа на само 116 жители во 1994 година.
Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото "Весела свадба" зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети "кукли", и местото го добило своето име - Куклица. Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале. Исто така, кажуваат дека на секои 5 до 6 години, и во Горно и во Долно маало, двата локалитета што се поделени со еден рид, никнува по една нова фигура. "Највпечатливи се невестата и младоженецот, кои се придружени од деверот и деверицата. Тие се најголеми и се гледаат еден со друг в очи", кажуваат селаните.
Кратово, односно селото Куклица е најпознато по карактеристичните ерозивни форми наречени земјени пирамиди или камени кукли за кои научниците велат дека се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала „кукли“ повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква „свадба“нема никаде на светот.
Инаку, камените кукли во овој простор се природна појава настаната со долготрајната ерозија на вулканските карпи со различна отпорност: игнимбрити, андезити и туфови. Поцврстите, компактни карпи (игнимбрити, андезити) бавно се еродираат и ги штитат меките туфови под себе. Вака заштитени, туфовите заедно со карпестиот блок на врвот, остануваат да штрчат во релјефот во вид на остенци и столбови, односно земјени пирамиди. Во меѓувреме, долготрајните атмосферски влијанија (врнежите, температурните промени, ветрот) ги доизградиле, моделирале, модифицирале и затоа тие имаат така карактеристичен облик. Овие процеси, кои почнале пред десетина илјади години, продолжуваат и денес, така што некои земјени пирамиди постепено се уништуваат, а други се создаваат. Со тоа, пирамидите перманентно го менуваат својот облик, само што тој процес е бавен и не може да се забележи за еден месец или една година. Феноменот земјени пирамиди или камени кукли, во светски рамки претставува ретка појава и за нивно создавање треба посебни геолошки, геоморфолошки, климатски и вегетациски услови. Тоа особено се однесува за добро изразените, типични појави како во Куклица. Затоа овој локалитет е заштитен како природна реткост. Воедно не треба да се преземаат активности со кои ќе се загрози локалитетот, поединечните форми или со кои ќе се намали амбиенталната вредност и природниот изглед на просторот. Поради малата површина на локалитетот и неговата „осетливост“, во иднина треба да се ограничи бројот на посетители, на прифатливи рамки. Во спротивно, овој феномен нема да се сочува во својата спектакуларност за идните генерации.