Вудс: САД ќе соработуваат со претседателот на Македонија, не на ФИРОМ

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Вудс: САД ќе соработуваат со претседателот на Македонија, не на ФИРОМ


„Соединетите Американски Држави им честитаат на Македонија и на нејзините граѓани за првиот круг од претседателските и локалните избори, кои генерално поминаа мирно и без насилство. Луѓето во Македонија заслужуваат пофалби затоа што излегоа да гласаат во голем број и покрај снежното време“, изјави вчера на прес-конференција Роберт Вудс, портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Вудс, цитирајќи ги заклучоците од прелиминариниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР, рече дека изборите се во согласност со стандардите на ОБСЕ и Советот на Европа. Тој истакна дека демонстрирањето на капацитетот за спроведување успешни избори е круцијално за понатамошниот напредок во евроатлантските интеграции на Македонија.

- Ние ја охрабруваме македонската влада да продолжи со напорите за фер-избори во следните две недели и да обезбеди гласањето повторно да помине мирно во фер-атмосфера в недела, на 5 април - рече Вудс.

На прашањето на грчкиот новинар Ламброс Папантнониу дали САД ќе соработуваат со кој било претседател на ФИРОМ, Вудс одговори, поправајќи го за именувањето на земјата.

- Ќе соработуваме со претседателот на Македонија - рече Вудс.

Портпаролот на Стејт департментот не одговори на прашањето на грчкиот новинар за спорот со името.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=350&ArticleID=21042


ЉДФ - Македонија ја губи Америка како пријател:tapp:
 
Џабе е тоа што не подржал чоекот кога пак почна од сите страни да не напаѓаат:
Македонија во НАТО по комромисот за името

Очекуваме Македонија да влезе во НАТО кога ќе биде постигнат договор со Грција за името. Ова, како што јавува Радио Слободна Европа, го изјавил врховниот командант на Алијансата во Европа, генерал Џон Кредок пред Воениот комитет на американскиот Сенат.

На сослушувањето пред комитетот Кредок, меѓу другото, се осврнал и врз натамошното проширување на Алијансата.

„Македонија беше поканета. Постои прашањето за името на земјата со Грција. Тие сега работат на тоа, но немаат постигнато компромис. Очекуваме кога ќе биде постигнат договор за името меѓу двете земји, Македонија да стане членка“, изјави

Џуда: Преименувањата не носат пријатели на Македонија

Британскиот публицист и добар познавач на состојбите на Балканот, Тим Џуда смета дека дури и ако вториот круг на изборите во Македонија заврши без инциденти, тоа не значи дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во интервју за Би-Би-Си, Џуда изјави дека некои земји од ЕУ, а посебно Германија, не се расположени сега да зборуваат за проширувањето на Унијата. Според британскиот публицист, доказ за тоа е и односот на Унијата кон апликацијата на Црна Гора, која по добивањето е „ставена во фиока“, без да се утврди дали се исполнети условите за кандидирање.

Тој смета дела сличен е и односот кон либерализацијата на визниот режим, затоа што членките на ЕУ тешко дека ќе се согласат на нешто такво, во услови кога стотици илјади нивни граѓани остануваат без работа.

„Тие стравуваат дека луѓето од Балканот ќе може да им ја земат работата“, забележува Џуда, истакнувајќи ја реакцијата на партијата на германскиот канцелар Ангела Меркел, која побара замрзнување на процесот на проширување на ЕУ по приемот на Хрватска.

Британскиот аналитичар оценува дека земјите од Западен Балкан се „заглавени во проблеми“, какви што се оној на Македонија со Грција, на Хрватска со Словенија и на Србија со Холандија.

Кога станува збор за Македонија, Џуда вели дека не очекува нови и дополнителни услови од Брисел за Скопје за одредување на датумот за преговори, но сугерира земјата да ги прошири своите пријатели во ЕУ.

„Не верувам дека истакнувањето на Александар Велики, зборувањето за статуи и именувањето на автопатот, ќе и донесат пријатели на Македонија во седиштето на Унијата“, заклучува Џуда во интервјуто за Би-Би-Си.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom