И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Изгледа само Македонија ја почитува спогодбата!

И Холбрук дигна раце од Привремената спогодба

46235D17D2963841B3CDAE88016CC828.jpg

Творецот на Привремената спогодба жали што таа не се почитува ни од Грција, ни од НАТО, ни од ЕУ


Брисел - Творецот на Привремената спогодба, Ричард Холбрук, изрази жалење што таа не се почитува ни од Грција, ни од НАТО, ни од ЕУ, но сепак, според него, ја одиграла улогата што требаше да ја има, бидејќи ги подобрила односите меѓу Грција и Македонија.

„Не сум веќе активно инволвирам во тоа прашање. Но, договорот меѓу Македонија и Грција, што го договоривме ние, беше добар. Ја отвори границата, ја помогна трговијата меѓу двете земји и ја помогна економијата. Жал ми е што дојдовте до тој заклучок, но ситуацијата сега е многу подобра отколку во септември 1995 година кога го постигнавме договорот“, изјави Холбрук, по форумот на Маршаловиот фонд во Брисел.

Холбрук ја оцени како вистински потег и одлуката за воена интервенција врз Србија пред десет години, бидејќи ги подобрила животите и на Косовците и на Србите.

„Пред десет години му дадовме ултиматум на Слободан Милошевиќ да соработува или ќе се соочи со воен напад. Се навраќам назад и мислам дека понекогаш е неопходно да се употреби воена сила. Резултатот на крајот беше добар. На луѓето на Косово сега им е подобро отколку кога беа во Србија, а подобро и' е и на Србија, зашто се соочува со иднината место да се враќа во митското минато. Се навраќам на тој последен состанок со Милошевиќ со чувство дека тоа што го сторивме беше неопходно и вистинското што требаше да се направи“, изјави Холбрук. Инаку, во новата администрација на Барак Обама, Холбрук е именуван за специјален претставник за Авганистан и Пакистан.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90E2870203FB114A80F525D1C9599BD7
 
Нема јајца никој да ни каже што е договорено...или што е наложено да се договори...:toe:
 
Се гледа дека судбината друг ни ја крои. Жалосно.
 
Брисел - Творецот на Привремената спогодба, Ричард Холбрук, изрази жалење што таа не се почитува ни од Грција, ни од НАТО, ни од ЕУ, но сепак, според него, ја одиграла улогата што требаше да ја има, бидејќи ги подобрила односите меѓу Грција и Македонија...sto podobri ne znam...

„Не сум веќе активно инволвирам во тоа прашање. Но, договорот меѓу Македонија и Грција, што го договоривме ние, беше добар. Ја отвори границата, ја помогна трговијата меѓу двете земји и ја помогна економијата.

podobri BULLSHIT i treba da se vrati i da reagira kako pregovarac na ociglednoto prekrsuvanje na dogovorot ne da zali...a cim e za avganistan i pakistan KE JA SREDI
 
Се гледа дека судбината друг ни ја крои. Жалосно.
Доколку сам не си ја кроиш судбината нормално е дека ќе се најде некој друг да ти ја крои!!!
Ова повеќе се однесува на индивидуалното отколку на колективното (народот) бидејки ако поединецот си ја крои сопствената судбина неминовно ќе следи и колективот во кој припаѓа.
Доколку „колективот“ ја крои својата судбина дефинитивно ќе се најдат поединци (во поголем број) кои ќе се побунат на начинот на кој се крои нивната лична судбина т.е. им се наметнува од „колективот“.

За да нема недоразбирање околу кроењето на сопствената судбина (потрагата по сопствената среќа) сакам да истакнам да размислите колку е или дали е поразлична вашата среќа од среќата на тие што те опколуваат или:
Дали богати и имотни граѓани прават богата држава (колектив).
Дали богата држаав прави богати и имотни граѓани?
Едно од двеве прашања е вистинито.

Исто така, кога си ја кроиш сопствената судбина нема да чекаш политичар да ти ја крои туку ти ќе бараш и инсистираш како силна и независна личност тој да прави како ти што сакаш, а не ти да правиш како тој што имал „визија за тебе“.

Доколку има нешто нејасно... Знаете веќе!!!


Поздрав:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom