Вечно поделени...вечно слаби...

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Сега покрај избориве,една работа сериозно ми упадна во очи...

До кога ќе се делиме на партии,до кога ќе се делиме на вмровци и комуњари,до кога ќе се делиме на портокалови и сини,до кога ќе се делиме на лавови и ружи...до кога..:uvo:
Се пљука по се и сешто,не се бираат сретства ниту арсенал да му се загорчи животот на другиот,не се бира начин како да се профитира и да се омаловажи другиот,едноставно претворени сме во политички монструми,секој само гледа на другиот да му стави сопка,да го згази... лебди омраза во воздухот..не се мисли за државата и иднината,се обожува моќта и функцијата..
историски гледано мислам дека никогаш не сме биле поразделени едни со други,старв ми е дека ова не води на добро...

Народе освести се,само заедно се силни,обединети сме моќни... а вака вечно се делиме и вечно сме слаби... и како држава и како Македонски народ :(
 
Ако не беше така,немаше ни да постоиме како народ,размисли малку и кажи дали не помислуваш понекогаш дека Македонците постојат меѓудругото и од инает на соседите,дури и оние најблиските,со кој не дели само “авлијата“ од дворот.:toe:
 
Да бе да 17 години бевме сложни и затоа отиде државата курбан...сеа малку се поделивме за да се дознаеме кој е кој...инаку сосе партали ќе отидевме у неповрат!!!
 
Ова е сосема нормално. Го има во секоја демократија.

Единствено што е лошо е дека нема да престане после еден месец, туку ќе трае се до наредните избори, кога процесот ќе се интензивира повторно.
 
Ако не беше така,немаше ни да постоиме како народ,размисли малку и кажи дали не помислуваш понекогаш дека Македонците постојат меѓудругото и од инает на соседите,дури и оние најблиските,со кој не дели само “авлијата“ од дворот.:toe:
ме изнасмеа човек:pos:но вистината ја кажуваш
 
Ако не беше така,немаше ни да постоиме како народ,размисли малку и кажи дали не помислуваш понекогаш дека Македонците постојат меѓудругото и од инает на соседите,дури и оние најблиските,со кој не дели само “авлијата“ од дворот.:toe:

Ти навистина не си добар да ???
Ти не што помислуваш, туку ми се чини дека не престануваш да мислиш дека само инаетот може да те одржи во живот.
Браво брат за темава, убаво кажуваш ти, е сега треба само да седнат луѓево и да размислат.
И да драга моја која си напишала дека, ова е нормално за секоја демократска држава и со тебе се согласувам ама ....не е нормално да се оди на штета на својот народ и својата земја заради политички интереси или реваншизам!!!

Македонија на Македонците! :oeoeoe:
 
normalmo e da ima podelbi na vakvi i takvi no koga e vo prasanje drzavata (ja slusnavte izjavata na frle za gejskata televizija)togas nema podelbi i vakvite ko frle treba da se lincuvaat javno a tie sto go dale svojot glas za nego neka podrazmislat za kogo glasat sepak se bira presedatel na drzava a ne na partija.....za informacija izborite gi bojkotirav da ne bidam napadnat za pristrasnost.....
 
Сега покрај избориве,една работа сериозно ми упадна во очи...

До кога ќе се делиме на партии,до кога ќе се делиме на вмровци и комуњари,до кога ќе се делиме на портокалови и сини,до кога ќе се делиме на лавови и ружи...до кога..:uvo:
Се пљука по се и сешто,не се бираат сретства ниту арсенал да му се загорчи животот на другиот,не се бира начин како да се профитира и да се омаловажи другиот,едноставно претворени сме во политички монструми,секој само гледа на другиот да му стави сопка,да го згази... лебди омраза во воздухот..не се мисли за државата и иднината,се обожува моќта и функцијата..
историски гледано мислам дека никогаш не сме биле поразделени едни со други,старв ми е дека ова не води на добро...

Народе освести се,само заедно се силни,обединети сме моќни... а вака вечно се делиме и вечно сме слаби... и како држава и како Македонски народ :(

Ах само колку си во право, навистина е таква реалноста за жал, раздорот меѓу народот од ден на ден се повеќе се продлабочува.
политиката е насекаде присутна околу нас. Денес не може да се седне на маса без да се почне некоја дискусија за политика, а што е најстрашно со политиката се оптоварени и деца со 14,15, 16 години. денес и 5 годишно дете знае да ти каже- Вмро, Сдсм... Еве гледам младите се делат по друштва во зависност на која партија се членови или симпатизери, врската може да не почне или да не успее ако девојката и дечкото не се од иста парија, имам слушнато и за случаи за разводи поради различни политички сфаќања ... ова што не има зафатено слободно може да се рече дека е некој вид епидемија

и јас како никогаш до сега се плашам за иднината на овој народ, но се надевам дека еден ден народот ќе се свести, ќе дојдат нови, пообразовани и попаметни генерации кои ќе знаат да се справат со оваа епидемија. Не викам дека тоа ќе биде и мора да биде денес или утре ,по 5 или 10 години, важно е да се надеваме дека еден ден ќе биде, впрочем надежта е тоа што последно ни останува
 
После ова убаво излагање можам само да речам: Веројатно и тоа е некаков процес кој во таа транзиција мораме да го поминеме. Само проблемот е што и тој товар ни е надвиснат на грбот покрај останатите проблеми што не тиштат. Или пак ова лудило е резултат на немоќта да ги решиме другите горливи проблеми што не мачат. Како и да е губитници сме во сите случаи и мораме некада да престанеме и да кажеме: Доста! Ајде сега почнуваме, ама без сиот багаж и омраза досега наталожена! Потребна ни е шок терапија.:smir:
 
Ти навистина не си добар да ???
Ти не што помислуваш, туку ми се чини дека не престануваш да мислиш дека само инаетот може да те одржи во живот.
Браво брат за темава, убаво кажуваш ти, е сега треба само да седнат луѓево и да размислат.Македонија на Македонците! :oeoeoe:

Ако не си слушнал за Македонскиот непокор,тогаш џабе дискутираш на вакви теми бе брат.Малите народи можат да опстанат единствено само од инает на големите,тоа е факт од кој нема бегање.Впрочем затоа ни се чудат сите како можеме толку долго да издржиме вакви притисоци од сите страни па и од внатре,од страна на некои “политички патриоти“ кој само се чукаат во гради дека се Македонци.
Е тој непокор ние го познаваме како инает,добро познат и на далеку прочуен МАКЕДОНСКИ ИНАЕТ од кој сите се фрапирани.:toe:
 
види заземање спротивни ставови се потребни ,конфликт е потребен за да напредуваме ,за да го корегираме тоа што е погрешно во одлуката и ставот...

но ова овде што се случува е болно тука ,граѓанското општество како општество е поделено,расцепкано,не може да се спротистави на безмилосното ограбување на нашата држава и уништување,без можност да се спротистави на корупцијата која уништува секоја иницијатива која е спротивна на на нечии интереси а од која цела држава би имала бенефит.

Оваа поделба ги направи граѓаните беспомошни и уплашени,и пред се гневни

Поради поделбите и борбата за власт добивме илјадници сиромашни кои поради својата неможност да просперираат тука ,а не можат да заминат во странство со мак.пасош земаат бугарски ,србски, итн пасоши и се пишуваат секако дека се освен македонци

А тоа доведува до ова дереџе кое сме сега ,а ќе биде и полошо.
 
Поарно сега засега неможиме да очекуваме
а лошото не ни бега
и најпоќе за тоа сме виновни ние самите
и ако не си го решиме ние сами проблемот овие околу нас ќе не уништат
дури и мајтапи си прат со нас а ние уште толку се прајме на будали :vozbud::vozbud:
 
Е како да бидеме здружени кога во државава има луѓе кои се проституираат за еден пасош и шетања по Европа и кои не сфатија дека националните интереси се пред се и над се, наспроти нас Македонците кои не би го смениле името за ништо па макар и корења да јадеме. Епа извинете ама со овие проститутки што се продаваат за еден мочан документ срам ми е да кажам дека сум од иста националност и ги гледам како најголеми непријатели на оваа држава, а не па да се здружувам со нив.
 
Е сегааа... вакви или такви, грешни ,безгрешни , срамни и безсрамни, онакви кои се ебат за пари и такви кои се ебат за задоволство...сите сме Македонци.
и.... треба да си ја сакаме Македонија и да се бориме за неа, ако не Македонија нема да не сака нас и нема да ни пружи никакво задоволство или сигурност!
.... Во едно далечно време си постоел еден цар. Неговото име било Филип, и оти бил втор со такво царско име , тој бил познат како Филип Втори. Бил цар на една мала варваска земја во тоа време наречена Македонија. Сиромашна, некултурна, различна од комшиите во секој поглед или случај.
И таа земја и народ никој нит ја сметал нит ја сакал.Па дури ни самите внатре не се сакале и почитувале многу.Си биле поделени на заедници, си се кошкале,карале,краделе и напаѓале меѓусебно. (прост варварски народ, тоа ти е). И царов Филип, паметен, му текнало или му се сонило, да го сплоти овој народ, оти сепак сиот овој народ и припаѓа на оваа земја и на ова поднебје. Почнал тој да му кажува за можностите и способностите на овој народ и почнал да се спријателува со соседите кои досега не го сметале воопшто за човек.Ама ова го правел искрено, не за да му купат ролекс или да му дадат торбиче со злато. И така паметно глумејќи пријателство , чекор по чекор, од своето мало царство , направил една империја која и ден денес се смета за најголема во светот. Го научил синот како да војува, ама не му кажал дека својата култура е поважна од онаа на комшиите, можеби не го предвидел негативното дејство од ова, ама ете згрешил и неговата империја денес не постои , а неговата мала држава е повторно на почеток. Мала и варварска!!!
Ама неговата држава не треба да се откаже, не се откажала тогаш... а сега знае работа повеќе , важноста на својата култура и народ и „верувањето“ во покорените и непријателите!!! :oeoeoe:
 
Сега покрај избориве,една работа сериозно ми упадна во очи...

До кога ќе се делиме на партии,до кога ќе се делиме на вмровци и комуњари,до кога ќе се делиме на портокалови и сини,до кога ќе се делиме на лавови и ружи...до кога..:uvo:
Се пљука по се и сешто,не се бираат сретства ниту арсенал да му се загорчи животот на другиот,не се бира начин како да се профитира и да се омаловажи другиот,едноставно претворени сме во политички монструми,секој само гледа на другиот да му стави сопка,да го згази... лебди омраза во воздухот..не се мисли за државата и иднината,се обожува моќта и функцијата..
историски гледано мислам дека никогаш не сме биле поразделени едни со други,старв ми е дека ова не води на добро...

Народе освести се,само заедно се силни,обединети сме моќни... а вака вечно се делиме и вечно сме слаби... и како држава и како Македонски народ :(

Во повеќепартиски систем е нормално луѓето да бидат во повеќе партии. Оттука, проблемот не е во партиската припадност, туку во начинот на нејзината манифестација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom