Во цитатите од новиот завет нема ништо за преданието и за праведниот 70-годишен Јосиф и за тоа дека имал жена претходно, и дека браќата што се спомнуваат не се крвни браќа...
Tаму се зборува за мисијата на Исус и дека тој ете исполнил еврејски пророштва, чашата не може да одмине и си оди од овој земски свет, во кој што промени нели... многу, не спаси сите!
Значи кое е тоа свето предание и од каде идејата за него, и зошто тоа што е надвор од црквата бирате што ќе е валидно, што не?
Каде се појавува за прв пат ова предание за јосиф и тоа дека имал претходно жена и дека со неа има деца и дека тоа не се браќата и сестрите на Исус кои се спомнуваат во библијата? Велиш Тeртулијан?
Не е некаде во некое апокрифно писание?
„ Now when righteous Joseph became a widower, my mother Mary, blessed, holy, and pure, was already twelve years old.“
-
Јеsus
Оригиналот е на коптски, и е минимум IV век (550+ скоро блиску до создавањето на исламот), а превод има на арапски... тешко се зачувуваат оригинали за вакви нешта!
Не била 15 како што велиш, туку била 12 - а се јадат слатки за Мухамед... но добро, тука зборуваме за Virgo Intacta! Има разлика! НО сепак, 12 години... 70 годешен! Сигурно е симболика некоја со броевите...
Од друга страна се пишуваше надалеку дека Исус не пишувал, а тука ете го во прво лице еднина, си ја раскажува приказната. Или некој сакал да создаде добра приказна за читање?
Два века се многу за преданија кои би содржале вистина и таа да не е полна со симболи кои даваат одредено објаснување, не многу јасно за обичниот верник...
И што е проблемот Исус да имал браќа и сестри откако бил роден од девица? Иако сето тоа е ... чудно и малку веројатно физички да е возможно, што и води човек да мисли дека како и стариот завет, и новиот крие тајни симболи и покажува кон сосема други ствари...
Заради мајка му на Исус дека мора да остане Virgo Intacta?
За тоа се работи? За невиноста? Ако е за тоа, ок - нека ви биде...
Тоа се премногу свети мистерии и таму, оставам да стои како што е... бидејќи не е саде Таа Virgo Intacta!
Но, треба да се изучуваат мистериите на светот и човештвото