Alo 192
имам симпатија
- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 353
- Поени од реакции
- 11
Кој е идентитетот на македонскиот државјанин кој како преведувач во германската амбасадата во Приштина пренесувал државни тајни на криминални групи во Македонија и на Косово, но и на странски разузнувачки служби лоцирани во регионот?
Засега се знае дека македонскиот државјанин имал 28 години и се вика Мурат. Заедно со неговиот претпоставен, службеник во германската амбасада во Приштина Антон Роберт К, полицијата од Штутгард ги уапси пред три дена, а обвинителството ги товари за шпионажа.
Прес службата на германската амбасада во Приштина побара од Алфа разбирање за случајот, оти не коментирале истраги кои се во тек.
„Ние сме многу стриктни и не коментираме прашања кои се однесуваат на истраги кои се во тек. Се надевам дека можете да го разберете ова и затоа бараме од вас разбирање“ велат од прес службата на германската амбасада на Косово.
Во Македонското МНР тврдат дека никој досега не ги информирал за апсењето на Мурат. Вообичаено е велат во МНР, во ваков случај Германското МНР да ја информира Македонската амбасада во Берлин, но засега тоа не се случило.
Од нашиот конзулат во Минхен побарале информации од германските надлежни служби и чекале одговор. И македонскиот Интерпол не добил известување за апсењето во Штутгарт. Не знаат ниту кој е идентитетот на обвинетиот и за што точно се работи.
Доколу се докаже дека се виновни, македонскиот државјанин ќе се соочи со затворска казна од 5 години, а неговиот германски шеф со казна во траење од 10 години.
извор Алфа Тв