@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Во банките на податоци на руската државна статистика и на други институции, македонски производи се наоѓаат под туѓо знаме, најчесто српското, бидејќи извозниците од Србија ги носат на рускиот пазар како да се нивни производи, тврди Ѓорѓи Дика, претседател на Комората
На голем број македонски производи им се губи идентитетот кога ќе стасаат на рускиот пазар. Ова го тврди претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Ѓорѓи Дика повикувајќи се на направените анализи на економските односи меѓу Македонија и Руската федерација.
-Во банките на податоци на руската државна статистика и на други институции, македонски производи се наоѓаат под туѓо знаме, најчесто српското, бидејќи извозниците од Србија ги носат на рускиот пазар како да се нивни производи - рече Дика на деловната средба, организирана од Македонско-руската стопанска комора и руската амбасадата во земјава.
Според него, ваквата состојба мора да се промени со формирање на мешовити претпријатија во земјава и зајакнување на, во моментов, слабите транспортни врски меѓу двете земји.
-Дури 65 проценти од вкупниот увоз Русија го остварува за прехрана. Овој податок мора да ги поттикне нашите земјоделски производители да го насочат своето производство кон огромниот руски пазар - нагласи Дика.
Рускиот амбасадор во земјава, Владимир Дмитриевич Солоцински рече дека македонските извозници не ги користат потенцијалите на рускиот пазар. Тој оцени дека глобалната криза ќе се одрази врз македонско-руските деловни односи, но таа не треба да биде пречка да се направи многу повеќе.
-Денес е многу тешко да зборуваме за инвестиции. За жал, ги испуштивме моментите од минатите години кога имавме многу слободни пари. Сега компаниите не мислат на вложувања, туку како да не банкротираат зашто практично живеат црни денови. Се надевам дека кризата скоро ќе помине и тогаш ќе се навратиме на темата инвестиции - нагласи Солоцински.
Според него, за конретни проекти меѓу македонските и руските стопанственици ќе се разговара по завршувањето на претстојните избори во Македонија. Запрашан за рускиот клириншки долг, амбасадорот рече дека се водат меѓувладини преговори и има неусогласени прашања.
-Преговорите се водат меѓу министерствата за финансии на двете земји. Бидејќи ситуацијата постојано се менува, тешко е да се коментира бидејќи секоја земја сака да добие повеќе - рече амбасадорот Солоцински.
Организаторите на настанот направија анализа на реалните состојби во економските односи на двете земји која покажа дека неодржувањето на меѓувладината комисија во голем дел ги отежнува или блокира извозните активности на компаниите, со тоа отежнувајќи го и нивното вкупно работење.
-За развој на соработката, седница треба да одржи меѓувладината комисија. Досега беа определени стоки и услуги кои во Руската Федерација имаат преференцијална стапка, но со текот на годините се појавуваат нови производи, стоки и услуги што се конкурентни, што можеме да ги извезуваме во Русија, а не се вметнати на преференцијалната листа. Ќе биде добро да се постават нови норми, нови правила на игра со што ќе се отворат нови можности за македонските производители - посочи директорот на Комората, Дејан Бишлиев.
Русија во однос на вкупната размена е четврти трговски партнер на Македонија, а предничи од аспект на извозот при што имаме најголем дефицит, 930 милиони долари годишно. Македонија на рускиот пазар е конкурентна со виното, текстилот, производството на мебел и градежништвото, но најуспешна може да биде ако извезува храна.
http://vecer.com.mk/?ItemID=94E7CF79D58D964DB475414D972EEE34