Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

скандал среде Македонија - што ни кројат европејците?
на симулациска вежба подготвена од германското МНР а спроведена од Германската Амбасадорка се пушти пробен балон во јавноста.
Тоа што упорно се најавува подбутнува и пробува последниве десет години од разно разни амбасадори, институти, експерти и соросоиди.
ПРОМЕНА НА ИМЕ, ПОДЕЛБА, И БРИШЕЊЕ НА ЕТНИКУМ
- Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име - Северна Македонија. ВАлбанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, . Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план - изјави Кноц.
На разговорите со Кноц, која во МНР била примена „на највисоко ниво“, и' било укажано дека треба да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности, односно да не излегува од мандатот амбасадор во земјава.„Од амбасадорката е побарано да не се меша во внатрешните работи како што беше нејзиниот коментар за многу суптилни теми при претставувањето на визиите и симулациите за РМ креирани од некаков нерепрезентативен примерок малолетници. Германската амбасадорка беше замолена во иднина да се воздржува од вакви контроверзни и штетни изјави“, изјавија вчера од МНР.Оттаму додаваат дека амбасадорката се извинила за недоразбирањето што настанало и рекла дека во иднина ќе внимава во своите јавни настапи, особено кога се работи за вакви чувствителни работи.
Симулациската игра на ЕУ наречена „Создавање на нова Европа“, кон крајот на минатата недела во Скопје ја играа средношколци и студенти од Македонија, Албанија, Косово во организација на Германскиот институт за меѓународна културна соработка и Македонскиот центар за граѓанско образование, сето финансирано од германското Министерство за надворешни работи. Дипломатски извор во Скопје оценува за „Дневник“ дека должност на секој амбасадор е да го почитува Уставот.
- Не само Уставот, туку и Рамковниот договор, на кој странските претставници постојано се повикуваат, а германската амбасадорка и него го прекрши. Македонија е унитарна и мултиетничка држава, а не двонационална, како што ја замислува Кноц - вели дипломатот.
Остра вербална нота и' е упатена на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје Урлике Марија Кноц во неделата кога била повикана на разговор во македонското Министерство за надворешни работи, изјави вчера претставник на МНР. Причина за оваа дипломатска реакција се изјавите и оценките на амбасадорката дадени по симулацијата во која учествувале студенти од неколку земји.
Една навидум студентска игра стана дипломатски скандал, оценија вчера претставници на македонската влада, при што посочуваат дека амбасадорката излегла од рамките на својот мандат. Убавата германска визија за тоа како ја гледа Македонија по 10 години, Кноц им ја пренела и на студентите од Педагошкиот факултет, а таа е дека Македонија ќе биде земја-членка на Европската Унија, но со сменето име и со двојазичност.