Ракометот на колена: Потплатени најценетите судии

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Скандалот во светскиот ракомет неможе да се смири, туку напротив, од ден на ден е се поголем. Во корупциски скандал кој би можел да го промени светскиот ракомет се најдоа најценетите судии во светот: Франк Леме и Бернд Улрих. Германските судии кој со години котираат како најјак светски судиски пар суспендирани се од страна на Европската ракометна федерација поради сомневање дека примиле мито пред финалето на КПК во 2006година во кој играат Чеховски Медведи и Ваљадолид, преку соопштение потврди ЕХФ.
Според информациите кој ги нудат сите германски медиуми, на враќањето од спорниот натпревар на московскиот аеродромот кај германскиот судиски пар биле пронајдени 50.000долари.
Во спорното финале, Ваљадолид на првиот натпревар ги победи русите со 7гола разлика, а потоа на возвратниот дуел во Москва, Чеховски Медведи победија со 8гола разлика и го освоја КПК.
Потсеќаме, пред извесно време е покрената истрага против полскиот судиски пар Баум и Горалчук, кој наводно добил голама сума пари за своето судење во корист на Кил против Фленсбург во финалето на Лигата на шампионите во 2007година.
извор: www.sportdenes.com



Чим ова се случувало, не е ни чудо што на секој меѓународен и важен натпревар, судиите судат исклучиво против нас, било на репрезентативен или клубски план.

Факт е дека во ракометот како спорт, судиите имаат најголемо влијание на играта, и навистина штета е што се дозволува на ваков начин целосно да се уништи.
 
Точно е тоа дека имаат се во свои раце судиите, тие одлучуваат. Ако свирнат нема повракање тоа е и како сакат ке ти судат, незнам зошто светот ваков стана, дај му пари и се е свршено го имаш пехарот. Барем така е сега. Незнам до кога вака ...
 
Овие судии мислам дека ќе ни судат во среда против Исланд...
 
Овие судии мислам дека ќе ни судат во среда против Исланд...

Суспендирани се не може да ни судат.

Инаку по темава, не знам зошто, ама ич не сум изненаден, професионални судии кои со години судат на врвни натпревари не е можно да прават такви грешки, освен нели, ако намерно замижат, или пак видат нешто што никој друг не гледа.
 
Суспендирани се не може да ни судат.

Инаку по темава, не знам зошто, ама ич не сум изненаден, професионални судии кои со години судат на врвни натпревари не е можно да прават такви грешки, освен нели, ако намерно замижат, или пак видат нешто што никој друг не гледа.

Скопје, сала: "Борис Трајковски"
Судии: Франк Леме и Бернд Улрих од Германија
Делегат: Моше Херман од Израел

од денешен Мак. Спорт...
 
Тоа од спорт е дезинформација. Германциве се суспендирани, и сигурно нема да ни судат.

На СП во Хрватска против Норвешка ни беа најавени едни судии, и се знаеше дека тие ке ни судат...но НЕКАКО(?!) се случи пред стартот на натпреварот да се промени одлуката, и да ни судат португалците кој предходно многу не оштетија. Што и според правилата е НЕдозволиво, но сепак сите си ќутат.


едит-
против Исланд во среда ке ни суди друга германска двојка, Рајнер и Бернд Мете.
 
Доста впечатливо е тоа што другата судиска двојка,која исто беше обвинета за примање поткуп,полјаците Баум и Горалчук,беа одредени да ни судат за можеби најважниот натпревар на машката репрезентација,односно во реванш мечот на баражот со Исланд,за пласман на светското првенство оваа година.Колку што добро се сеќавам,тогаш немаше некои нивни одлуки што посебно би влијаеле на резултатот во еден така важен и за двете репрезентации натпревар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom