Атина и Брисел како болното Османлиско Царство

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Атина и Брисел како болното Османлиско Царство

Пред неколку дена Павле Воскопулос од Виножито беше исмеан од присутните во дебата на една грчка телевизија, затоа што им се обрати на дел од своите сограѓани на македонски јазик. Водителот на дебатата не пропушти да реагира и да го прекине. Зборувал на јазик што е негов, им се обраќа на луѓе што го зборуваат истиот јазик, ама тоа кај Грците не поминува. Друг јазик во Грција не може да се зборува, освен ако не сте турист со неколку илјади евра во џебот. А Воскопулос не е турист. Тој си е дома.

Кога денес, во некаква дебата, политичар од албанска националност во Македонија, на своите сограѓани Албанци би им се обратил на албански јазик, никој нема ни да го забележи тоа. Освен можеби тие што ќе забележат дека на тој начин, неговата порака стигнува до помал број граѓани на Македонија. Но, да се очекува потсмев од присутните, небаре сторил нешто што му прилега на детенце на кое штотуку му ја извадиле пелената или не дај Боже, некој да го смета тој гест за страшен, тоа, се чини, се времиња што за Македонија се минато. Ако не повеќе, тогаш барем десетина година. Но, минато се.

Една телевизиска дебата не мора да биде мерило за степенот на развиеноста на свеста и толеранцијата во некое општество. Под услов, таа дебата и тоа потсмевање на кое беше изложен Воскопулос да не доаѓаат само неколку дена по објавувањето на извештајот на ООН со кој од Грција се бара да не си го троши времето на расправи дали постојат други малцинства на нејзина територија или не, туку да ги признае.

Грција ги немала потпишано сите конвенции за заштитата на човековите права, пред сè малцинските, па не можело да биде натерана ни да ги почитува. Но, Грција е членка на ООН чија Повелба се базира на правото на самоопределување. Грција е членка на ЕУ чии бриселски бирократи, кога се во прашање многубројните стандарди за слободите и правата, се однесуваат на начин на кој пауните и нивните раширени пердуви можат само да им завидуваат. Впрочем, не случајно катадневно Хавиер Солана, Оли Рен, Ерван Фуере и нивните служби нам, на „скопјаните“, ни одржуваат воспитни часови. Зашто ние сме ти биле недораснато племе со закржлавена свест, кое тие, ете, мака имаат да го стават во демократскиот калап.

Истовремено, во нивното срце, кое го сочинуваат т.н. наследници на античката цивилизација, култура и демократија, еден човек може да има сериозен проблем ако проговори на друг јазик. Стандарди и бенчмаркови, повелби, конвенции и човекови права? Тие важат за други.

Во Хитлерова Германија луѓето беа убивани поради различноста. Во Сталиновиот СССР беа испраќани во Сибир. Современата и демократска ЕУ ги има надминато тие примитивни и злосторнички методи. Таа денес не го поддржува уништувањето на луѓето поради нивната различност. Таа денес не би го поддржала ни грчкиот војник Перикли Сумбалис, кој среде освојувачкиот поход на Македонија во Втората балканска војна, на 12 јули 1913 година на своите родители им напишал: „Штом имаше некое село, го запалувавме да изгори, така што таа валкана раса да не може пак да никне“.

Не, Европа денес не ги сака таквите методи. Таа застанува само зад елегантното бришење на еден цел народ. Со мастило и на хартија. Оти Сумбалис и неговите не ја завршиле целата работа, па „валканата раса“ пак никнала.

Затоа, како минува времето, полека сфаќаме дека грчкото општество е такво какво што е, со толерантна свест кон другите што е на ниво од најдобрите денови на хемичарот Али и неговиот роднина и шеф Садам Хусеин, само спакувано во европски целофан, затоа што тоа Брисел му го дозволува. Центарот на толеранција кон грчката нетолеранција е токму таму.

За нас, жално е само што се чини дека историјата се повторува. Пред 103 години во својот извештај до сопствената влада, италијанскиот конзул во Битола, Де Визар, за различните аршини на тогашната турска власт (која во тие години ги поттикнувала грчките злосторства во Македонија) забележал:

„Што да се каже пак за начинот на кој се дели правдата, грчките терористи фатени со оружје в рака по извршените политички атентати се ослободуваат, додека истата таа правда секогаш е строга кон другите“.

Но, тогашната Османлиска Империја ја нарекуваа „Болниот од Босфор“. ЕУ денес е здрава и жива, зар не?

Ние, пак, се чини, допрва треба да расчистиме со себе, зашто една иста лекција ни се повторува и по 100 години.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=342&ArticleID=20329
 
ХРРРРРРРРРК ПЉУК (Кон борците за човекови права и демократија: Героски и Трајановски.)
 
браво за Дарко Јаневски и текстов шо го напишал ..
 
Da EU ima dvojni standardi,edni za nejzinite clenki,drugi za nas.Ako Evropa ima tolku mnogu nedostatoci koi saka da gi "resi" na nasa steta,togas ZOSTO Makedonija po sekoja cena saka da stane nejzina clenka.Retorikata na Evropa se sveduva na obicna sprdacina,i vlecenje za nos so tocno proracunati cekori za pazarenje,ja tebe sengen,ti mene izbori,ja tebe clenka,ti mene ime,identitet i se sto ke im se posaka.Lekcijata ne se povtoruva,taa trae 100 godini so podrska na Evropa,samo nie ne sakame da si go priznaeme toa.Politikata na nasiot juzen sosed e ustvari politika na Evropa koja so svojata mimikrija vesto ni go odvlekuva vnimanieto.VISTINATA E: NASETO OBEZLICUVANE E USLOV ZA VLEZOT VO EU. :uvo:
 
Нека е здрав и жив Павле Васкопулос!!! Браво брат за храброста и за гестот и само така, зборувајте јасно и гласно на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, па нека слушне и дознае светот дека не има секаде и нема никогаш да загинеме. А тоа што грците се смеат односно менуваат теми, не прекинуваат и тн...знаеш како вели нашиот народ : „Си ја имаат мувата на капата“.
Пораката која Павле ја кажал на Македонски сигурно е стигната до секој Македонец во грција па и пошироко и добро е разбрана, па тоа е се што сакал човекот, да го слушне и разбере само сопстевниот народ! :aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:

Македонија на Македонците! :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Гледам дека многу слабо се коментира на темава,
Дали е тоа поради тоа што сите знаеме каква е европа или пак дека не боли к..... за тоа тоа кава важно ние да си отидеме до тие што не не сакаат.
Се прашувам зашто Македонскоиов народ сака да биде понижуван.

Но не е случај и само со оваа тема туку и со сите теми во кои се кажува нешто добро за Македонија.
Дали тресењето празна слама за се и сешто е поважно од она што некој направил нешто добро за Македонија.:uvo:
 
Една германска пратеничка рече, кога ЕУ би конкурирала за влез во ЕУ не би ја примиле, бидејќи не ги задоволува критериумите.

Е сега видите колку памет има во оваа кратка изјава, иако навидум може делува глупо.
 
Јас го знам ова.

Но каде се тие сега што не ја вадат ЕУ од уста да прокоментираат нешто.

Но и самите знаат ако се впуштат во коментар ќе изгубат во недостиг на аргументи, па затоа применуваат стратегија - кучињата си лаат караванот си врви.

И утре пак ЕУ ЕУ ЕУ ЕУ:tapp::tapp:
 
Гејлада е фашистичка земја
таму имаат 1 милион Македонци ! милион Албанци и 1 милион Турци допрво ке си имаат проблеми со тоа....
Па нека видат пример од Македонија толку:toe:

Нека е здрав и жив Павле Васкопулос!!! Браво брат за храброста и за гестот и само така, зборувајте јасно и гласно на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, па нека слушне и дознае светот дека не има секаде и нема никогаш да загинеме. А тоа што грците се смеат односно менуваат теми, не прекинуваат и тн...знаеш како вели нашиот народ : „Си ја имаат мувата на капата“.
Пораката која Павле ја кажал на Македонски сигурно е стигната до секој Македонец во грција па и пошироко и добро е разбрана, па тоа е се што сакал човекот, да го слушне и разбере само сопстевниот народ! :aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:

Македонија на Македонците! :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
ЗАПОЧНУВА КОНЕЧНО БОРБАТА НЕ НАШИОТ НАРОТ ВО ДР ЗЕМЈИ мошеби некој ке ме разбере гресно но ова ке биде еден долг процес кој на креј ке заврши или со граганска војна во гејлада или ке се помират со фактот дека имаат 50% малцинства МАкедонци Турци Албанци:toe:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom