Е - комерција: Може ли да се подигне профитот во Македонија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата vld
  • Време на започнување Време на започнување

vld

Член од
15 март 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво на сите ...
Темава е наменета за да се разменат информации до кое ниво е стасана е-комерцијата гледана од Македонска перспектива .

Значи ситуацијата е следнава:

Да речеме дека имам веб сајт кој (про)дава некаква услуга на Интернет.

  • Притоа, услугата не е од типот на некое онлајн коцкање или слични нелегални активности
  • веб сајтот функционира на интернационално ниво - значи Македонија не е таргетиран пазар...
  • Предвидениот начин на плаќање е преку moneybookers.com . Тие работат со Македонија и според моите сознанија може да се префрлаат пари.
Она што мене ме интересира е следново:

  • Како е ова регулирано во Македонија ? Дали како физичко лице можам да си хостирам страница за е-комерција и да заработувам од неа легално ? Или мора правно лице ? Или не е возможно... ?
  • Дали откако би ја поврзал мојата девизна сметка или пак ВИЗА Интернет картичка или нешто слично со moneybookers.com, ќе можам легално и константно да си ги подигам парите од сметката ?
  • Дали парите на сметката треба да се оданочат ? Ако е така, со каков данок ?
Благодарам на секој што ќе се потруди да ми даде конкретен одговор на овие прашања, кои верувам дека во блиска иднина и многу други од нас ќе си ги постават, па би било добро да ги споделиме информациите.
 
интересна тема, неколку пати елаборирана и никогаш доста...
прво, ако продаваш ПРЕДМЕТ тогаш од Македонија е многу комплицирано,
второ , ако имаш договор со moneybооkers тогаш веројатно и ти предлагаат шема како да ти ги даваат парите???
данок, ако нема ФИЗИЧКИ ПРЕДМЕТ на царина...тогаш само сам си пријавуваш данок на добивка со годишна пријава..
..ако мислиш да продаваш некакви производи...тогаш сега за сега заборави....
 
Може зошто да не?
Немора плаќањето да оди преку moneybookers.com, casys ги имаш во Македонија, исто и тутунска банка има решение за Online плаќање.

Ако сакаш да успееш терба само добар маркетинг, поевтини цени, брз и сигурен транспорт и атрактивна роба.
Посебен акцент стави на маркетингот
 
Може зошто да не?
Немора плаќањето да оди преку moneybookers.com, casys ги имаш во Македонија, исто и тутунска банка има решение за Online плаќање.
Има, само што уште не функционира : )
Ама ќе биде, наскоро.

Ако сакаш да успееш терба само добар маркетинг, поевтини цени, брз и сигурен транспорт и атрактивна роба.
Посебен акцент стави на маркетингот
Што ти е факултет значи, па, па, па : )
 
Има, само што уште не функционира : )
Ама ќе биде, наскоро.

Што ти е факултет значи, па, па, па : )
Функционира, јас го имплементирав во е-комерц решение. Во тестна околина (треба да се потпиши договор за да те префрлат во продукциска) супер идат трансакции во денари. Работат преку Латвиски сервис http://www.firstdata.lv/lat/sakums/
 
Чекај, чекај.

Реални трансакции правиш, или тестираш нешто?
 
Чекај, чекај.

Реални трансакции правиш, или тестираш нешто?
Не се реални, терминалот е за тест, треба да се поминат 14 тестови за да те пуштат во продукциска околина. Јас успешно ги поминав сите тестови, сега треба да ми дадат акаунт од продукциската околина и во конфиг фајлот да го променам линкот кон терминалот (сега е тестниот). На исти принцип работат двата само што едниот прави реални трансакции другиот не.

Тоа е од техничка гледна точка, е сега за банката да ти даде дозвола имаат 10тина страни правилник за употреба кој мора да го применеш во апликацијата. Тука има цепидлчење на големо и 90% од времето се губи на негова комплетна имплементација.
 
Значи не функционира сеуште.
А требаше да стартуваат уште од јануари.

Знам, се тоа ми е спремно : )
Али, како што реков - сеуште не функционира услугата реално.
 
Значи не функционира сеуште.
А требаше да стартуваат уште од јануари.

Знам, се тоа ми е спремно : )
Али, како што реков - сеуште не функционира услугата реално.
I Agree копче имаш имплементирано? :pos2:
 
I Agree копче имаш имплементирано? :pos2:
Дури и сите можни полиси, вклучувајќи ги и оние за испорака, па дури и оние за рефундирање на средства во случај на оштетен предмет при испорака :)
 
чекај малку што тоа ке може да се продава.....???некој софтвер или така нешто....што се download-ира или нешто како пакет на контролер, напојување и серво мотори за некоја CNC машина на пример????..а купувачот ми е во Патагонија???
 
Шо сакаш бе Конкрит, ако сакаш и памет продавај :)

За Патагонија незнам, Тутунска нуди решение за во Македонија.
 
Ај линк нешо од ова од Тутунска шо го прајте муабет или објаснување ко за дебили? :)
 
Си слушнал за електронска трговија? :)
Сепак мислам дека е премногу рано (и премногу скапо... самата активација чини околу 500 евра + процент од секоја трансакција) за кај нас. Едноставно не сме спремни за таков чекор штом во формуларот за аплицирање внесуваме и вакво прашање
Кој ја направил web-страната и каде е хостирана
Види овде
Уште број на гаќи на директорот ставка фали... Разбирам безбедност и сите тие работи, ама воопшто не е важно дали сајтот ми го дизајнирал Спасе од Долнени или Илир од Теарце.

vld, накратко на твоите прашања.
1. Како физичко лице не, според сајтовите на сите банки кои ги разгледав и нивните правила за вршење на електронска трговија, сите бараат да си регистрирана фирма во МК.
2. Ако веќе си фирма, можеш што сакаш да правиш со парите на фирмата (ако си нејзин директор :))
3. На ова прашање не би можел (ни да пробам) да ти одговорам. Сметководител ќе прашаш, ќе му објасниш убаво во детали што бизнис планираш да водиш и верувам ќе се снајде да ти одговори.
 
Можноста за пазарење преку интернет, што одамна е европска пракса, станува достапна и за македонските граѓани. Опцијата за електронската трговија ја воведе „ИК Банка“, а ќе биде достапна за корисниците на кредитни картички - Виза.

Начинот на електронско плаќање и тргување преку интернет се уште се смета за недоволно развиена можност за македонските граѓани.

Потребата се наметна како резултат на експанзијата на дебитни и кредитни картички, но и од потребата на граѓаните на брз и лесен начин без да се троши време по шалтери и продавници, да се купат производи, да се платат сметки и други финансиски трансакции преку интернет.

Како што информираат од „ИК Банка“, нивната групација е меѓу првите што го овозможува електронското тргување. Софистицираниот систем гарантира максимална безбедност и за банка и за клиентот.

Во Хрватска само во првите три години од воведувањето на можноста за пазарење преку интернет се свртеле 50-тина милиони евра, што покажува дека овој електронски начин на тргување сепак е исплатлив и за банките и компаниите.

Извор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom