Абе ако ги укинат визите,Охрид ќе си остане “изгубена честитка“ таму некаде на Балканот.Туристи иделе оти бил во УНЕСКО,абе какво УНЕСКО какви бакрачи,туристи идат оти немаат друг избор во ГЕТОВО,па мораат да одат во Охрид.Охриѓани не најдоа за сходно овие 17-18 години навистина нешто да направат за својата иднина.Во лето преполни контењери со ѓубре,во зима нема жив човек,цените им се поскапи одошто било каде во соседството за квалитетот што го нудат.Прашливи улици,тротоари скоро и да нема,секојдневни панаѓури во центарот,како за некаков пиво-фест или гроздобер,за што Прилеп и Кавадарци излегоа поспремни,барем кога цените се во прашање.Ако овие два града ги пролонгираат деновите на Пиво-фест или на Гроздоберот,па во Охрид ќе нема жива душа,мислиш на луѓето им е до капење по камењарон исполнет со змии,или до пиење пиво во Куба-Либре како да си на семинар за депонирање на одпад.Возило не можеш ни да замислиш да паркираш,пристапот до градската плажа е како да одиш на некоја сепарација за шљунак,одбирајќи место со помали камења и со помалку расфрлени одпадоци,доколку некој се смилувал и ги одложил во не така блиската корпа за одпадоци која се празни еднаш годишно.Сепак ова е град на УНЕСКО и секој кој ќе прочита од другата страна на информативната табла за таа намена од се срце посакува да допише :“АБЕ ОВИЕ СЕ ДУПАТ“,посакуваќи што побрзо да го напушти овој град и никогаш повеќе да не го посети доколку не е приморан како многумина Македонци што живеат во визно ГЕТО.