Како што се ближат изборите,така се почесто има протести...

  • Креатор на темата Креатор на темата Станоја
  • Време на започнување Време на започнување
Оди застани пред млекарите и речи им дека инспирација бараат во политичките партии а никако во парите кои им се должат со кој некои од нив неможат да прехранат фамилија,а богами некои не можат ни да ги отплатат кредитите!
Tocno.
 
Па нормално е некој да протестира пред избори. Во нашиве држави само пред изборно можеш да добиеш ветување (од опозиција) или пак гаранција за нешто (од владата).
 
Оди застани пред млекарите и речи им дека инспирација бараат во политичките партии а никако во парите кои им се должат со кој некои од нив неможат да прехранат фамилија,а богами некои не можат ни да ги отплатат кредитите!

Да да јас ке застанам заедно со млекарите и со кој и да било други што протестираат за да ги остварат своите права.но не и ако позади тие протести има и политичка позадина.
 
Значи намерата да ја отворам оваа тема ми беше не случајна, туку инспирација од протестите што се случуваат пред претстојните локални и претседателски избори.

Дали тие се со партиска позадина(што не сумљам)и кој стои позади нив.

Да да јас ке застанам заедно со млекарите и со кој и да било други што протестираат за да ги остварат своите права.но не и ако позади тие протести има и политичка позадина.

Не бараат млекарите ти или било кој да застане со нив да протестира,доволно е само да не пробувате оправдувањата во нивните протести да ги барате во некакви политички игри на опозицијата.
 
И при нас се ближат избори.Ништо чудно и во двете земи некои партии да заложат на националистически посланиа.:toe:
 
Како што се ближат изборите,така се почесто има протести...

Тоа е нормално, барем кај нас...
 
Протестите се нормална слика за сите демократии. Меѓутоа, во Македонија имаме случај кога протестите (99%) што се пред владата или против владата се етикетираат, се партизираат со цел неисполнување на барањата на оние што протестираат. Значи, ако не можеме да ви дадеме пари, не сме ние криви, опозицијата е крива или таа ве пуштила овде да протестирате. Лошо е кога протестите на социјално загрозени луѓе и луѓе огорчени од политиката се злоупотребуваат на сметка на рејтингот и јавното мислење.
 
Не бараат млекарите ти или било кој да застане со нив да протестира,доволно е само да не пробувате оправдувањата во нивните протести да ги барате во некакви политички игри на опозицијата.

Ако немаше политичка позадина позади овие протести тогаш цел народ ке застанеше на нозе,па дури има можност и владата да ја турнат.

но тоа ти е тоа сепак се уште има здрвени глави кои не гледаат ништо подалеку од својот нос туку слушаат кодирани партиски наредби.
 
За уривање на владата ќе требаат повеќе незадоволни групи на граѓани.
 
Ако немаше политичка позадина позади овие протести тогаш цел народ ке застанеше на нозе,па дури има можност и владата да ја турнат.

но тоа ти е тоа сепак се уште има здрвени глави кои не гледаат ништо подалеку од својот нос туку слушаат кодирани партиски наредби.

Гледај да не застане цел народ на нозе,дури тогаш лошо ни се пишува,овакви ``маргинални`` проблеми се решаваат со седнување на маса и разговор за да не се случува ова што се случува,ама некој не сака ни на маса да седне бидејќи одбрал дека ТВ и печатените медиуми и разноразните кујни му се добар одбранбен систем.На се доаѓа крај, успонот кон слава лесно се гради во време на немоќ,сиромаштија и незадоволство од претходната политичка гарнитура,ама и лесно се паѓа.
Не само што слушаат кодирано,туку и кодирано настапуваат на форуми.
 
Скоро зад сите протести секогаш стојат некои политички мотивирани причини, но сепак.. тоа не го исклучува и фактот дека оние луѓе кои протестираат иако се искористени за нечии цели и интереси, сепак оправдано протестираат..секој очекува подобар живот.
 
но сепак.. тоа не го исклучува и фактот дека оние луѓе кои протестираат иако се искористени за нечии цели и интереси

Груевски ги искористи стечајците на предвремените избори како и млекарите,протестите и најлошите работи допрва доаѓаат,што би рекол некој назад му е фактурата на Груевски.:helou:
 
Ако не се лажам Спасеновски(ако го погрешив исправете ме,мислам на министерот за земјоделство) изеде ...... дека ке го реши проблемот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom