Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
И еве детето покажува интерес за медицина на 10 години и во ред е се и тоа се едуцира се запишува средно медицинско и факултет потоа и станува лекар. Како мислиш дека би требало да биде со политиката? Наеднаш после 18 да му текне и да стане политичар а? А она за под 12 НЕ го реков затоа што политиката бара подли и бескрупулозни вештини, а дете помало од 12 години според мене не би било убаво да се учи на такви работи кои би можел да ги свати здраво за готово и да ги применвуа во секојдневниот живот.
Споредбата не ти е споредлива, можеби лесно започнува интересот за медицина, но не така лесно бива остварлива. И таа вештина бара полнолетни и едуцирани личности со тапија. Кога зборуваме за политика пак, не случајно полнолетноста ја диктира и дозволата за занимавање токму заради твојот цитат „политиката бара подли и бескрупулозни вештини, а дете помало од 12 години според мене не би било убаво да се учи на такви работи кои би можел да ги свати здраво за готово и да ги применвуа во секојдневниот живот“. А дете (овде мислам на дете до 16-17 па и 18 г.) кое во стадиумот на оформување како човек да ги научи тие работи, тогаш можеш да замислиш, каков политичар ќе добиеме на возраст спремна да донесува одлуки, доколку дојде до некоја политичка функција. Најдобар показател се дел од нашиве млади политичари кои беа тотално самобендисани талентирани деца, длабоко навлезени во политиката во фазата на сеуште незавршениот пубертет. Резултатите од нивната детска политика не чинеше премногу....