Х
Ханзо
Гостин
Уште една мистерија поврзана со убиствата и смртта на новинарот Владо Таневски. Игор Мирчевски, еден од двајцата осудени на доживотен затвор за убиството на Митра Сиљановска од Кичево за која постоеше сомнеж дека ја убил Таневски, се обидел да се самоубие во затворот Идризово.
Бил пронајден вчера околу 14 часот, раскрварен на вратот и лицето и со писмо за збогување со неговите родители. Во писмото 26- годишното момче им се извинувало на родителите за грешките. Стоело дека е напишано во 3 часот и 30 минути по полноќ. Но тоа не е времето кога Мирчевски се обидел да се самоубие.
Најверојатно околу пладне вчера во празната затворска ќелија се обидел да си го одземе животот. Иако престојувал во групна просторија останатите затвореници не биле таму и не виделе ништо.
Сега Мирчевски е вратен во затворот откако ноќта ја поминал на КАРИЛ. Од затворот велат дека се чувствува добро.
Полицијата и истражен судија проверуваат што се случило вчера во Идризово. Се врши вештачење на писмото и се испрашуваат сите во затворот за да се утврди дали навистина се работио за обид за самоубиство или можеби обид за убиство на затвореникот.
- Не се знае дали е самоубиство, се уште се проверуваат фактите - изјави Лидија Гавриловска, директор на Управа за извршување санкции.
Игор Мирчевски и Анте Ристески беа осудени на доживотен затвор за убиството на старецот Божиновски од Малкоец и на Митра Силјановска за која подоцна се отвори сомнеж дека била убиена од Владо Таневски.
Мирчевски бараше од Гостиварскиот суд да го повтори судскиот процес за да се утврдат фактите за смртта на Силјановска, но неговото барање беше одбиено минатиот месец.
Извор.
Изгледа немал кофа овој па се сечел по лицето. Обид за самоубиство... :tv: