Ксантика - Ksantika - ПРАЗНИК НА ПРОЛЕТТА

  • Креатор на темата Креатор на темата Pere
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Возраст
37
Веб-сајт
www.sportdenes.com
Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот.

Ксантика Македонците ја празнувале како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет. Се чини дека Ксантика е оставена на заборавот на времето, да изгасне со природна смрт. Може и затоа што таа е чист македонски феномен, никој од нашите соседи не се осмелил да ја присвои и прикаже како дел од своето културно наследство.

Првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. Многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и Куртиј Руф.

Тие во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци. Од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури. Празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители. Македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови.

Современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посебен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви. Тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила.

Вреди да се нагласи дека и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник - Ксантика.

Што значи "Ксантика" и зошто Македонците го празнувале овој празник спонтано со невиден занес, гордост и љубов?

Неуморниот истражувач на изворната македонска митологија, проф. Ташко Белчев, во своето дело: "Орфеј - Горпеј", ја оживува легендата за Божицата на цвеќињата Ксантија и богот Македон, синот на семоќниот Бог на Пантеонот Ѕевс (Диј).

Според преданијата, Ксантија била Божица на сите цвеќиња што цветаат во градините, полињата и горите. Во неа бил вљубен до последниот здив Богот Македон. Но, откако злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, кај сите цветни градини во својата омилена земја - Македонија.

Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и на Божицата на цвеќињата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика.

Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Македонците, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на легендарните аргеадски цареви со потекло од Орештија (Орестија).

Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува "измивање на душите", простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец.
Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа "мартинка", онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот.
Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот" Беломорска Македонија".

Белата боја се сметала за симбол на чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.

Ксантика беше длабоко впиена во душите на Македонците со вчудоневидена сила.
Славањето на Ксантика беше проследено со невиден ентузијазам и занес.
Црвено-белите симболи се ставаа на вратите и прозорците и оградите.
Жените и девојките од нив правеа ѓердани, си ги украсуваа косите.
Мажите ги врзуваа на ремените или на појасите.
Децата ги носеа како белегзии на рацете.
На коњите и на јагнињата им се правеа буфки од црвено-бело предено.

Црвено-белите симболи се ставаа и на оралата, на јаремите, ги обелжуваа со нив кравите и овците, се ставаа на крблата за молзење млеко.

Жените ја истакнуваа облеката, исткаена и извезена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, монументална хармонија и раскошен колорит.

Најзабележителни беа долгите и широки фустани за на оро, наречени ајти, како и кошулите, прегачите и муфеските со разновидни украси, прекрасен вез, збогатен со живописен колорит, што претставуваше вистински израз на творечката надареност.

Главни обележја на машката облека беа: шеритот (појас), што се сметаше за симбол на машкоста, хламидата (наметка) и богато извезената и накитена кошула. Мажите на главата носеа бели ленти или каусии (капи со широк круг).

Вистинска убавина претставуваа нивните мелодични песни и развиорените ора, особено карпеа (карпестото) и телесија (телесното).

Низ сите населени места, низ сите долини и планини ечеа со застрашувачка моќ волшебните звуци на тапаните, гајдите, грнетите, буриите, зурлите и кавалите.

Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот.

Извор

Зошто многу малце се знае за ова, зошто не би го обновиле... празникот на пролетта и на цвеќињата ...
 
more Pere..
Ksantika e i perenje..
Ksantika-Ксантика=kSaNadyuti=f. momentary flash , lightning

gledas,za Ksantika se svetnuvalo,cistelo,varosuvalo,za da domot SVETI....
A treba da znaes,ima drustvo -grupa Ksantika,koja 10-na god. go slavi toj praznik....
a ima i edna cvekara vo Skopje,se vika Ksantika...
ima i edni od Slovenija (?)...ako,nasi se...

leka,poleka...
samo da ne ne cujat od MPC,mav ni e rabotata...
 
Нема потреба да биде верски празник, нека биде национален, славење на Античките Македонски кралеви, и славење на пролетта и цвеќето...

Французите имаат нешо слично... како што имале Македонците ама овие уште си го чуват бев малце повеќе под дејство на пиво да запамтам што точно славеле ама женските на глава носат венчиња и имаат кончиња нешо шари интересни ... убо е да се гледа
 
Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува "измивање на душите", простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец.
Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа "мартинка", онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот.
Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот" Беломорска Македонија".

Белата боја се сметала за симбол на чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.

Ксантика беше длабоко впиена во душите на Македонците со вчудоневидена сила.
Славањето на Ксантика беше проследено со невиден ентузијазам и занес.
Црвено-белите симболи се ставаа на вратите и прозорците и оградите.
Жените и девојките од нив правеа ѓердани, си ги украсуваа косите.
Мажите ги врзуваа на ремените или на појасите.
Децата ги носеа како белегзии на рацете.
На коњите и на јагнињата им се правеа буфки од црвено-бело предено.

Црвено-белите симболи се ставаа и на оралата, на јаремите, ги обелжуваа со нив кравите и овците, се ставаа на крблата за молзење млеко.

Жените ја истакнуваа облеката, исткаена и извезена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, монументална хармонија и раскошен колорит.

Најзабележителни беа долгите и широки фустани за на оро, наречени ајти, како и кошулите, прегачите и муфеските со разновидни украси, прекрасен вез, збогатен со живописен колорит, што претставуваше вистински израз на творечката надареност.

Главни обележја на машката облека беа: шеритот (појас), што се сметаше за симбол на машкоста, хламидата (наметка) и богато извезената и накитена кошула. Мажите на главата носеа бели ленти или каусии (капи со широк круг).

Вистинска убавина претставуваа нивните мелодични песни и развиорените ора, особено карпеа (карпестото) и телесија (телесното).

Низ сите населени места, низ сите долини и планини ечеа со застрашувачка моќ волшебните звуци на тапаните, гајдите, грнетите, буриите, зурлите и кавалите.

Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот.

Извор

Зошто многу малце се знае за ова, зошто не би го обновиле... празникот на пролетта и на цвеќињата ...

Зашто српските послужавници го прогласија за “бугарско“... И така, денес празникот на пролетта (1 март) е неофицијален национален празник во Бугарија иако се слави од Македонија до Молдавија. Бугарите си измислија митови за монголските ханови, на кои крвта им се растекла по облеката и слична помија...
Ама на кого да кажеш.
 
Честита Баба Ксантика и на вас!:smir:
 
Зашто српските послужавници го прогласија за “бугарско“... И така, денес празникот на пролетта (1 март) е неофицијален национален празник во Бугарија иако се слави од Македонија до Молдавија. Бугарите си измислија митови за монголските ханови, на кои крвта им се растекла по облеката и слична помија...
Ама на кого да кажеш.

абе крвта не е помиjа бе
 
Ksantika e i perenje..
Ksantika-Ксантика=kSaNadyuti=f. momentary flash , lightning

gledas,za Ksantika se svetnuvalo,cistelo,varosuvalo,za da domot SVETI....

Ако се собере се на едно место Ксантика означува пречистување, просветлување, промена, процветување, реинкарнација или уште како што пишува anaveno тука http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1211520 :

Etymology
Ksantika
kSaN ; kSaNi4tos ; kSaNute4 ; kSaNiSThAto ; kSaNiSThAs ; kSaNvIta= hurt , injure , wound ; to break (a bow) , to hurt one's self , be injured or wounded

Зборчето се задржало во источната македонска литературна норма како глагол "к'сане"= кинење и расипаната грчка форма "σχίσιμο".

Античкомакедонската култура имала можност најстабилно и најдолго да се одржува во македонската египетска монархија.
А таму коптски светци, првите христијани, св. Макариј Велики, 400 години после римското освојување знаел што е Ксантик и зошто Македонците го празнувале со невиден занес.

"Сите богољубиви души, т.е. сите вистински Христијани го имаат за прв месец Ксантикос, кој уште се нарекува април, којшто е денот на воскресението. Во него со силата на праведното Сонце одвнатре ќе засјае славата на Светиот Дух, која ги покрива и облекува светите тела, истата онаа којашо тие ја имале скриено во внатрешноста. Бидејќи тогаш ќе се обелодени на телото она што сега душата го има во себе. Овој месец се вели дека е прв од месеците во годината. Тој му донесува радост на секое битие. Отворајќи ја земјата, тој ги облекува оголените дрвја; им носи радост на сите животни; ја шири среќата меѓу нив; тој е за Христијаните првиот месец Ксантикос, т.е. време на воскреснување, во коешто нивните тела ќе се прослават преку неопислива светлина која сега е сеуште сокриена во нив - имено силата на Духот која тогаш станува нивна облека, храна, вода, радост, веселба, мир, заштита и вечен живот. Бидејќи тогаш Духот Божји, со којшто уште овде се удостоиле, за нив ќе постане светлосна убавина и небеска красота."

Изгледа, неслучајно Велигден - денот на воскресението, денот кога душата го облекува раскинатото тело, го прославуваме во април.:toe:
 
На мене ова многу ми наликува на Велигден.

Сепак тогаш се тушираме со Бело-Црвено. :)

+

Лазаре... :)

ама тие како што знам ги има и кај другите народи.
 
Многу малце знаеме ние,ама,ако ги прашате по селата,ќе видите дека не е се заборавено како што мислите.
Јас имам пример од мала Преспа,на 1ви март се плетат алки и гердани со бел и црвен конец,и се носат се до почеток на пролет,после се оставаат на гранка и се верува дека птиците ги зимаат а за возврат им оставаат среќа и светлина во домот за цела година.

Би сакала да не се двоиме села и градови,туку сите обичаи што ги имаме а што не ги знаеме да ги научиме од онаму каде што сеуште се пренесуваат од колено на колено,да бидам реална,градските деца немаат поим за природата,а не пак за некои обичаи...
живеам во Скопје и се повеќе се разочарувам,денес децата не играат надвор игри како порано,сега играат пред компјутер,стануваат поагресивни и се иде кон полошо и полошо...

Би сакала старите да ги почитувате повеќе,од ваште баби и дедовци да учите за нивното минато,да ги замолите да ви пренесат што знаат ако до сега не го направиле тоа...За да имате и вие што да им пренесете на вашите деца ,внуци...
За да не изумреме пронаоѓајќи се,туку да гледаме и за иднината,вложувајќи во сегашноста,бранејќи го минатото...

Кога ќе биде така,можеби нема да се разочарате,туку ќе бидете изненадени како до ден денес се сочувани многу стари обичаи,ќе бидете уште посреќни што е тоа така,и ќе ви даде поцврста верба и сигурност во она што сте .

Поздрав до сите Македонци каде и да сте
Македонија Вечна!!!
МнМ
 
Jас, искрено не знаев за овој обичај до пред неколку години. Во мојот роден крај не се плетеа мартинки (барем јас не се сеќавам дека некој носел).
Кога видов дека овој обичај се практикува на широко низ други делови од Македонија, навистина се изненадив од колку само нешта се скриени и кодирани во нашето народно творештво.
 
more Pere..
Ksantika e i perenje..
Ksantika-Ксантика=kSaNadyuti=f. momentary flash , lightning

gledas,za Ksantika se svetnuvalo,cistelo,varosuvalo,za da domot SVETI....
A treba da znaes,ima drustvo -grupa Ksantika,koja 10-na god. go slavi toj praznik....
a ima i edna cvekara vo Skopje,se vika Ksantika...
ima i edni od Slovenija (?)...ako,nasi se...

leka,poleka...
samo da ne ne cujat od MPC,mav ni e rabotata...

Во антиката има друг празник кој се вика ПЕРИТИА, ден кога се перат и проштеваат гревовите, христијански пандан на овој празник е ПРОЧКА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom