Емисијата на ТВ Телма со претседателските кандидати

  • Креатор на темата Креатор на темата Bavarecot
  • Време на започнување Време на започнување
Од нивните ставови видов дека никој не е баш категоричен да остане името Македонија на оваа држава.Џабе биле сите “патриотски“ реторики на партијските лидери и нивните кандидати,кој се чукаат во гради за Македонија.:toe:

da, i toa lagano si go kazuvaat toa :)
 
А, демек, не ви е јасно дека името ни е веќе отидено, само се чека вистинскиот момент тоа да се соопшти?
 
Џабе им е нивната желба.
Дорчо е тука и она како најголем македонски патриот (:nesum:) не ќе сака само промена на име туку и на историја, национален идентитет, јазичен идентитет, лични имиња.... И баш заради тоа ќе си остане името. Ако ли не, по еден кибрит у рака и пиши им или подобро пиши НИ крст.
 
Ама никако не можам да сватам какво е тоа компромисно решение за името, вака или онака станува збор за промена на име, само што ако се викаме Уганда е многу лошо решение а да се викаме Северна Македонија Скопје е компромисно решение, тоа никако не можам да го сватам. Станува збор бе за промена на име, кадешто со самата промена би се менувало секаков траг за македонискиот народ и нивната историја и пак ќе кажам проблемот на гејците не е името, нивен проблем е општо постоењето на македонскиот народ и македонското малцинство и нивната историја и сакаат нашата историја да се води од 1990 година па наваму како да сме некоја нова држава без историја пред 1990 година.:helou:
 
Ја фатив емисијава на Телма и после 5 минути исклучив ТВ. После овие 5 минути незнам дали ќе гласам воопшто. Сите до еден на некој начин рекоа дека би прифатиле компромис, а знаеме што тоа значи. Иванов проба да се извлече без да одговори, но не рече категорично дека би го одбил тој некаков си компромис. Од Бошковски очекував најтврд став за името, ама најнепријатно ме изненади. Помек од Фрчко станал. Фрчко си призна без многу драма дека ако треба ќе прифати било каков компромис. Сума сумарум, црно ни се пишува. Се повеќе верувам дека работата е готова и само се чека да се сервира во погодниот момент.
 
А, демек, не ви е јасно дека името ни е веќе отидено, само се чека вистинскиот момент тоа да се соопшти?

Абе со такви ставови настапуваа само членовите на СДС барем досега,ама за оние од ДПМНЕ тоа беше обвиено со мистичност барем до вечерва кога го слушнав Ѓ.И.Човеков е убеден дека во блиска иднина некој Грк ќе ни се обрати со зборовите:“Драги Македонци“ а не како досега со зборовите Драги Скопјани или Драги ФУРОМци,скоро во секоја прилика.:toe:
 
Прва телевизиска дебата на претседателските кандидати
4ABA8E508DB5AA4EBF6413FDE1F550BC.jpg

По долги натегања, сепак, вчера се одржа првата дебата на седумтемина претседателски кандидати, која синоќа беше емитувана на телевизија Телма. И покрај стравувањата искажани во јавноста од некои од кандидатите, оваа дебата меѓу Ѓорге Иванов, Љубомир Фрчкоски, Љубе Бошкоски, Нано Ружин, Имер Селмани, Мируше Хоџа и Агрон Буџаку мина во коректна атмосфера.

Нано Ружин, кој вчера ги покани своите противкандидати на заеднички појадок во скопскиот ресторан „Дал мет фу“, смета дека „телевизиската дебата е добар знак дека ќе имаме фер и демократска кампања“. „Ги повикувам кандидатите за претседател во петок во 10 часот во ’Дал мет фу‘ на заеднички појадок. Мислам дека на тој начин ќе придонесеме да имаме релаксирана кампања“, рече Ружин. Тој верува дека сите кандидати ќе ја прифатат поканата.
 
nemoze nikako vo nato bez promena na imeto zar seuste ne svativte
 
Абе со такви ставови настапуваа само членовите на СДС барем досега,ама за оние од ДПМНЕ тоа беше обвиено со мистичност барем до вечерва кога го слушнав Ѓ.И.Човеков е убеден дека во блиска иднина некој Грк ќе ни се обрати со зборовите:“Драги Македонци“ а не како досега со зборовите Драги Скопјани или Драги ФУРОМци,скоро во секоја прилика.:toe:

Вакво нешто јас не видов а и Иванов рече отворено дека би прифатил компромисно решение, бидејќи само тоа било излез од изолацијата.
 
dobro e ova so pojadokot na site predsedatelski kandidati

moze i Obama i Medvedev da gi povikaat
 
nemoze nikako vo nato bez promena na imeto zar seuste ne svativte

А зошто мора влез во НАТО?

Вакво нешто јас не видов а и Иванов рече отворено дека би прифатил компромисно решение, бидејќи само тоа било излез од изолацијата.

Зар тоа не ти кажува доволно,или и ти немаш сопствен став за сопственото име па чекаш што ќе каже Ѓ.И. за да се согласиш со неговиот погрешен пристап кон твојот идентитет?
 
Ако се прифати промена на име јас дури тогаш настапувам со црните предвидувања дека во Македонија ќе има граѓанска војна.
Ова прашање не зависи само од претседателот, туку од сите политички структури заедно и сите ќе сносат одговорност доколку дојде до такво нешто.
Навистина единствен достоен предлог е двојна формула, т.е. да им дозволиме на грците да не викаат како сакаат. Дали има храбри и „паметни“ политичари кои ќе се дрзнат на една таква приказна , не знам, а и не сакам да верувам дека постои таков, никој не сака нова војна, ама ако тие ја бараат, недвосмислено ќе ја добијат и ништо чудно да имаме и ние Чаушеску во Македонија.
 
А зошто мора влез во НАТО?



Зар тоа не ти кажува доволно,или и ти немаш сопствен став за сопственото име па чекаш што ќе каже Ѓ.И. за да се согласиш со неговиот погрешен пристап кон твојот идентитет?

Па тоа сакам и јас да кажам дека сите кандидати се согласуваат на компромис кој јас го сметам за грешен ако ми го прочиташ претходниот пост.

Ама никако не можам да сватам какво е тоа компромисно решение за името, вака или онака станува збор за промена на име, само што ако се викаме Уганда е многу лошо решение а да се викаме Северна Македонија Скопје е компромисно решение, тоа никако не можам да го сватам. Станува збор бе за промена на име, кадешто со самата промена би се менувало секаков траг за македонискиот народ и нивната историја и пак ќе кажам проблемот на гејците не е името, нивен проблем е општо постоењето на македонскиот народ и македонското малцинство и нивната историја и сакаат нашата историја да се води од 1990 година па наваму како да сме некоја нова држава без историја пред 1990 година.:helou:

И сметам дека ниеден од кандидатите не е идеален за функцијата која ќе треба да ја врши, не барем засега додека имаат вакви размислувања.

Ако се прифати промена на име јас дури тогаш настапувам со црните предвидувања дека во Македонија ќе има граѓанска војна.
Ова прашање не зависи само од претседателот, туку од сите политички структури заедно и сите ќе сносат одговорност доколку дојде до такво нешто.
Навистина единствен достоен предлог е двојна формула, т.е. да им дозволиме на грците да не викаат како сакаат. Дали има храбри и „паметни“ политичари кои ќе се дрзнат на една таква приказна , не знам, а и не сакам да верувам дека постои таков, никој не сака нова војна, ама ако тие ја бараат, недвосмислено ќе ја добијат и ништо чудно да имаме и ние Чаушеску во Македонија.

Во случајов да двојна формула е најпаметното нешто и е во корист на нашата страна, но грците никогаш нема да го прифатат таквиот предлог.:helou:
 
NATO treba sto poskoro...
 
Вечерва на програмата на телевизија Телма се одржа првата дебатна емисија посветена на претседатлските избори во која учествуваа сите претседателски кандидати. Тоа беше воедно и првото телевизиско соочување на кандидатите за функцијата шеф на државата и прва можност граѓаните на Македонија да се запознаат со нивните ставови околу неколку клучни прашања за иднидната на државата, а кои се во доменот на ингеренциите на преседателот на Република Македонија - преговорите за името со Грција, таканаречената антиквизација во нашата земја, колку тоа доведе до изолација на меѓународната сцена, и дали имаат идеја како да се реши овој проблем. Во дебатата учествуваа Ѓорге Иванов, Љубомир Фрчкоски, Нано Ружин, Љубе Бошковски, Мируше Хоџа, Агрон Буџаку и Имер Селмани. Репризата од првата дебатна емисија на програмата на телевизија Телма е утре, среда, во 16 часот.
Телевизија Телма ќе реализира уште пет дебатни емиси –три посветени на локалните избори кои ќе се емитуваат во наредните три петоци во вечерниот термин, и уште две емисии посветени на претседателските избори. Кандидатите за претседател на РМ во вечерашната емисија се обврзаа во ист состав да дојдат и во наредните две дебатни емисии.
www.telma.com.mk

Не го гледав интервјуто, се надевам дека ќе успеам да го гледам репризното издание утре во 16 часот.. Да беше оваа емисија на А1, Сител итн деновиве постојано ќе се трубеше на екраните за соочувањево, а Телма ќутенката, и изненадување...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom