Различни партнери

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Да, токму тоа мислев но сега гледам дека не е баш најјасно... ќе внимавам повеќе во иднина :)
Да речеме јас меланхолик а таа холерик, или таа флегма а тој романтик :)

Нема проблем, како што гледаш, само јас сум се збунила.:)
Иначе, не сакам ист партнер како мене, ама па такви драстични разлики, не верувам дека би ми успеале. Ете нешто како претходно споменатите примери, во врска со музиката. Прибидејќи музиката ми е моето секојдневие, навистина не би можела да сум со некој кој слуша нешто различно, иако не сум ограничена на еден вид. Друг пример, не би можела да сум со некој песимист, флегматичен, неработлив и досаден човек. Има така некои работи преку кои не би можела да поминам, за првенствено ете да ми се допадне некој таков човек.
 
многу сме спротивни со партнерот тој сака едно јас друго така а е за скоро све што се дешава тој е многу смирен не реагира воопшто избувливо а јас за све црекам така да сепак сакаме да бидеме заедно тоа не прави среќни и секако тој прави баланс на работите односно ми попушта па во поголем случај е по мое ... и секако за секоја работа дискутираме за да се најде една средина да не се испоубиеме:uvo:
 
Не верувам дека постојат „различни карактери“. Секој ги поседува сите можни човечки особини, т.е. секој може да биде среќен, тажен, весел, намќор, работлив, мрзлив, оптимист, песимист, итн, итн. Само секој бира, во зависност од искуството, образованието, храброста, итн, кои карактеристики во кој момент колку и како ќе ги нагласи.

Меѓу другото, тоа е она што се нарекува „компромис во врска“: ако некој не е многу зборлест и поради тоа има опасност да го загуби партнерот, кој е многу комуникативен, ќе процени дали сака да промени нешто во својот карактер, за да се прилагоди, или ќе инсистира да си остане помолчалив, со надеж дека партнерот ќе се прилагоди на него.

Значи, врска со „различни карактери“ на партнерите може да успее, зошто да не, ако и двата партнери имаат интерес од тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom