Различни партнери

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ама тотално различни еден од друг! Или барем прилично. Сте имале ли? Еден да речеме многу жив и отворен, другиот затворен и ќутлив. Ми се чинеше дека тоа е љубов што нема никогаш да заврши но згрешив. И уште полошо, душата ми ја собра. Тешко тоа да беше љубов, може и неа ја имаше, но беше страст пред се, и уште ме мачи во сни. Зошто ли се тие ѓаволици посимпатични од илјада ангели? Всушност како да се дел и од рајот и од пеколот како што пее Бора во Јас сум уште онаа иста будала.
 
Јас сум во таква врска. Функционира и забавна е. Треба вложување ама не е невозможно да двајца „дијаметрално спротивни“ се заедно. Како ќе биде натаму... Здравје..
 
Тоа со разлики или сличности не е правило и кај секого е различно, зависи од поединецот.
А двајца луѓе со хемија меѓу нив, без разлика дали се различни ко оган и вода, ќе најдат заеднички работи и без да ги бараат.
 
Абе некој врски се засноваат на голема сличност, а некој баш на спротивнот :) Знаеш као иде, + и - се привлекуваат! А врска, ама врска врска а не мување со скроз различна сум немал до сеа :)
 
Сум имала. Јас претерно сериозна, он сосема несериозен. И не успеа. Убаво е да има доза различност, не е убаво да се скрoз исти партнерите, ама 100 посто различност, ќе доведе до крај, колку и да е другата особа фина, мила и се останато.
 
А двајца луѓе со хемија меѓу нив, без разлика дали се различни ко оган и вода, ќе најдат заеднички работи и без да ги бараат.

Ќе најдат само пак ќе има извесна недоверба, љубомора... добро ај субјективно. :wink:
 
Ама тотално различни еден од друг! Или барем прилично. Сте имале ли? Еден да речеме многу жив и отворен, другиот затворен и ќутлив. Ми се чинеше дека тоа е љубов што нема никогаш да заврши но згрешив. И уште полошо, душата ми ја собра. Тешко тоа да беше љубов, може и неа ја имаше, но беше страст пред се, и уште ме мачи во сни. Зошто ли се тие ѓаволици посимпатични од илјада ангели? Всушност како да се дел и од рајот и од пеколот како што пее Бора во Јас сум уште онаа иста будала.

Најтешката љубов од сите нив, навистина.
Моментално сум во врска со некој комплетно различен од мене, јас шмизла он даркер, јас оптимист до болка он песимист до срж, различни животни стилови, различни вкусови, различни пријатели ...
Но, тоа е најдобрата работа која што ми се случила во животот и веројатно нема да можам да го преболам тоа без да ми ја земе душата.:duel:
 
Сум имала. Јас претерно сериозна, он сосема несериозен. И не успеа. Убаво е да има доза различност, не е убаво да се скорс исти партнерите, ама 100 посто различност, ќе доведе до крај, колку и да е другата особа фина, мила и се останато.
И да се скроз исти пак не значи дека нешто ќе има без хемија како што вели ПСИтисфакшн :) А не е проблем и да се скроз исти, само хемија да има, и физика, се тоа иде у плус :)

Најтешката љубов од сите нив, навистина.
Моментално сум во врска со некој комплетно различен од мене, јас шмизла он даркер, јас оптимист до болка он песимист до срж, различни животни стилови, различни вкусови, различни пријатели ...
Но, тоа е најдобрата работа која што ми се случила во животот и веројатно нема да можам да го преболам тоа без да ми ја земе душата.:duel:
Е, тие години се опасни Лејди, и кај мене тогаш некаде започна тоа :) А кога заврши, се плашам дека и јас го отпеав своето, се после тоа беше рутина, ма немаше ни рутина многу :)
Можеби можев да преминам преку се што ми направи таа и да ја оженам, но проблемот не беше за простување... туку ништо не вреди кога срцето е ладно, кога ја гледам таа што ја сакав најмногу како да гледам било кого. Поголем шок од тоа не знам дали имам доживеано. Стравови, бесови ѓаволи имам видено, но ова беше погреб, крај.
Но се е добро искуство во животот, па дури и тоа човек да живее без својата вистинска љубов. Сепак, не ти го посакувам тебе тоа, освен ако баш не мора, за духовен напредок :), бидејќи пред се сме индивидуи и додека не научиме да живееме исполнето пред се со самите себеси, тешко дека некој ќе не усреќи. ОК, лично. :smir:
 
И да се скроз исти пак не значи дека нешто ќе има без хемија како што вели ПСИтисфакшн :) А не е проблем и да се скроз исти, само хемија да има, и физика, се тоа иде у плус :)
:smir:

Тоа точно, ама според мене и моето скромно искуство, хемијата нема да може да се развие во нешто повеќе доколку двајцата се како север и југ и немаат ниедна заедничка точка.
 
Mnogu zavisi od partnerite i od karakterite dali oni sakaat slicen na niv ili totalno sprotiven,mislam deka nema pravilo dali si odgovaraat totalno razlicni ili ne si odgovaraat,zavisi nekade toa uspeva nekade ne...ama mislam deka podobro e da ima poveke slicnosti od kolku razliki...:back:
 
Ха ха не е битно кој е даркер кој е рапер до човекот е :toe: ако тие сакаат да се заедно а да не им сметаат вакви според мене банални работи ќе бидат заедно,спротивностите се привлекуваат и со малку воља,желба и компромис се се постигнува :smir:
 
Тоа точно, ама според мене и моето скромно искуство, хемијата нема да може да се развие во нешто повеќе доколку двајцата се како север и југ и немаат ниедна заедничка точка.

Се согласувам.. Кога немаш заеднички точки неможе да опстои една врска..т.е. ќе опстојува ама не многу долго..Секогаш едниот ќе се труди да "измисли" некои заеднички точки за да на крај пукне таа врска..

Сум имала едно слично искуство што заврши баш заради тоа... А и не е интересно кога едниот цело време прави муабет.. а другиот ќути(за различни темпераменти мислам)..:toe:
 
Ама тотално различни еден од друг! Или барем прилично. Сте имале ли? Еден да речеме многу жив и отворен, другиот затворен и ќутлив. Ми се чинеше дека тоа е љубов што нема никогаш да заврши но згрешив. И уште полошо, душата ми ја собра. Тешко тоа да беше љубов, може и неа ја имаше, но беше страст пред се, и уште ме мачи во сни. Зошто ли се тие ѓаволици посимпатични од илјада ангели? Всушност како да се дел и од рајот и од пеколот како што пее Бора во Јас сум уште онаа иста будала.
Бев во таква врска. Повеќе не сум, а партнерот ми е истиот:wink:. Едниот ќе се смени со текот на времето. Во случајов дечко ми стана позборлест, потемпераментен, барем за 3 пати повеќе отколку што бил порано. Сите го забележуваат тоа. Значи, мислам дека ако постои љубов, ќе постои и компромис во дејствувањата.
 
Зошто јас темава ја сфатив поинаку? Као, дали сме имале различни партнери, а не дали ние со нашите партнери сме различни.
Ај на двете прашања ќе си одговорам.
Сличен партнер на мене сум немала. Мора да е некоја контраст, затоа што не е возможно да функционирам со моја машка верзија.
А партнерите дали ми наликувале еден на друг? Во глобала да. Значи има некои работи кои се некаков предуслов и кој сите го исполниле. Другите додатоци и недостатоци биле различни, но во тоа е и убавината. Двајца исти не би можела да имам, затоа што многу би ме потсеќал вториот на првиот, а тоа би ми предизвикувало параноја.
И така...:)
 
дали ние со нашите партнери сме различни.
Да, токму тоа мислев но сега гледам дека не е баш најјасно... ќе внимавам повеќе во иднина :)
Да речеме јас меланхолик а таа холерик, или таа флегма а тој романтик :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom