Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Локација
Кавадарци
Во последно време во речиси секоја тема се среќаваат постови со огласи од разни сајтови, пред се` македонски. Често дискусиите се прекинуваат, темите не се интересни а плус тоа и огласите неретко немаат врска со самата тема.

Предлагам сите интересни возила (уникати, олдтајмери, возила кои си ги вредат парите) кои ќе ги сретните по нашите сајтови за огласување да ги вметните овде. Така ќе биде попрегледно, а и останатите теми нема да се трујат.



За ваши огласи, за ценкања и слични работи си има тема Купувам-продавам . Тука ќе разгледуваме исклучиво огласени автомобили.



Еве јас што најдов вчера попладнето
Предлагам сите интересни возила (уникати, олдтајмери, возила кои си ги вредат парите) кои ќе ги сретните по нашите сајтови за огласување да ги вметните овде. Така ќе биде попрегледно, а и останатите теми нема да се трујат.


Opel Olimpia http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=225197
11d5b2d3-192c-4d62-b989-56302153fed.jpg


Fiat 850 coupe http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=221438
2bad0757-643a-4fbc-929b-314c0b8b14c.jpg


Ami 6
1. http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=228697
2. http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=228717

4ece3932-ba94-4e7c-b47f-69a0b9925f6.jpg


ab16c6ee-bc3f-498a-ab19-4b87611afe1.jpg



Целта не ми е реклама, само сакам да разгледаме интересни возила. :smir:
 
Браво за темата.

Мене ми се бендисува ептен Фиатов. Изгледа супер. Сигурно е моторот е во одлична состојба, ретко кој би го дотерал така надвор а да не го среди и моторот. На едно место пишува 5000 а на друго 500, ама не верувам дека за 500 би го продал, само бојата му е толку. Штом пишал дека цената не е фиксна, можеби би одел до кај 4000, а ако некој знае да се ценка и до 3 и пол. Како и да е, одлично количе.

2bad0757-643a-4fbc-929b-314c0b8b14c.jpg
 
Мирко Митревски ке му дај толку пари... Претеризам бе. Вакво исто (во солидна состојба) го купи еден другар за 5.000 денари. Го возеше 1 година, притоа го излупа салам, и го продаде 100 евра на отпад. Не зезај 2.000 евра.
 
Тоа фиатчето го имам видено сега брзо во аеродром. Убаво е средено алал да му е на дечкото.
 
Еве јас што начекав, човекот мислам дека е од штип.

Мерцедес 180 модел од 1950 и некоја. Ми прати некоја слика, бара 4.500 евра, тоа за мене е многу но можеби ке има некој заинтересиран. Еве ги сликите











И за крај, како чудово треба да изгледа.

Mercedes_180_2_v_sst.jpg



Mercedes_180_2_h_sst.jpg



П.С. Ако има некој заинтересиран за чудово, нека ми прати порака, ке му дадам контакт од човекот.
 
На 850-ката и фалат некои мали зафати, во смисла мавнување од колата на оној кичерајот по неа, а да е на мене...и ентериерот би го потсредил малце, да си биде оригинален.
Ваков Мерцедес имам на 20 метра од мене, ама црн...во некоја хмммм...не баш сјајна состојба...ама се движи :)
 
Абе мерџово белиот (од Кочани е исправка :)) надежен е... Да е мој би го средил кукле да биди + како ми лежи дека е 180 дизел... Само цената што ја бара, за мене е превисока.
 
Не знам дали е возможно во нашиве услови, погледни го ентериерот, буквално и да не постои. Нема шанси да најдеш делови и сите зафрканции кои стојат внатре...

Јас имам видено еден ваков зелена боја, комплетно реставриран. Интересен е. Цената можеби и не е висока за тој модел, ама деловите не се наоѓаат.
 
Па деловите од ентериерот ми кажа дека ги има сите и дека не фали ништо. Тој сакал да го реставрира и почнал до некаде (се гледа и на сликите), и баталил. Јбг, тоа е вреќа без дно. Инаку не би барал толку пари ако фалат делови :).

П.С. А кога ке се сетам дека ваков испресоваа во отпад, а можев да го купам за 3.000 денари (горе долу комплетен бил)
 
Па деловите од ентериерот ми кажа дека ги има сите и дека не фали ништо. Тој сакал да го реставрира и почнал до некаде (се гледа и на сликите), и баталил. Јбг, тоа е вреќа без дно. Инаку не би барал толку пари ако фалат делови :).

П.С. А кога ке се сетам дека ваков испресоваа во отпад, а можев да го купам за 3.000 денари (горе долу комплетен бил)

Тууууууууу... кога било тоа бе другар???

Лелее..... пропуштена шанса.

Иначе во МК сеуште има олдтајмери кои гнијат и ги продаваат по смешни цени од 200-300 евра или ги даваат во отпад (почесто). Само кој да земе да се нафати да работи...

п.с. Вујкоми бара Morris Austin нереставриран. Ако некој знае некој таков нека ми пише ПП.
 
Аустин видов во неделата низ Охрид, прилично солидна (возна) состојба, ако познаваш некој.... бел беше.

A мерџото го испресоваа пред некоја година.
 
Хмм ајде ќе се распрашам. Фала
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom