Подновување на македонскиот литературен јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата makedon^
  • Време на започнување Време на започнување
M

makedon^

Гостин
Гледајќи ја разновидноста на многуте македонски дијалекти и оскудноста на македонскиот литературен јазик, заклучувам како и многу други дека на нашиов јазик му треба едно освежување. Нашиов денешен јазик е буквално хендикепиран, му се отсечени најважните нешта.

Нашите дијалекти изобилуваат со архаични зборови кои што од не знам какви причини се едноставно исфрлени од литературниот јазик. Само да погледнеме колку зборови кои секојдневно ги употребуваме ширум нашите дијалекти кои отсекогаш се употребувале се отфрлени од литературниот македонски.

Премногу е извештачен литературниот јазик и наместо да се вметнуваат што повеќе дијалетни зборови кои сосема со право треба да влезат во стандарниот јазик, нашите лингвисти се повеќе увезуваат странски зборови прилагодени спрема нашата граматика. Тоа е преглупо знаејќи каков е нашиот јазик, колку е богат и преубав со секакви зборови кои можат да се сретнат само тука и во ниту еден јазик.

Би сакал да се покрене една таква иницијатива. Секој од вас нека даде предлог што смета дека е сосема праведно да биде конечно дел од стандардниот јазик. Јас би го дал прелогот за глаголот ‘лафе‘ (зборува) кој е распростанет дури повеќе и од глаголот ‘зборува‘, претежно во централните и јужните дијалетки во Егејска Македонија (на многу голема територија) и е чист македонски збор кој се среќава само во нашиот јазик, па има ПОТПОЛНО право да влезе во литературниот јазик. Да го зачуваме нашиот исконски јазик, кој има зборови кои се неправедно исфрлени и тој е полн со сите зборови кои непотребно ги заменуваме со странски, не знам зошто воопшто се прави тоа, можеби за да изгледа модерен. Чекам ваши предлози :smir:
 
тоа малку и чудно ќе им биде на некои,и дури мислам дека нема да разберат.пр.истиот збор лафе-зборува-дума(виница,делчево,берово,пехчево).значи би било

јас думам
ти думаш
тој,таа,тоа дума

ние думаме
вие думате
тие думаат

има и ногу други зборови..
 
:baeh:

Зошто чудно? Зар нам ни е чудно што они така думаат и лафат во Западна Македонија? Мислам дека вопшто не е проблем овие зборови да влезат во литературниот, уште повеќе ќе се збогати и ќе стане поубав :smir:
 
Ти ја разбирам иницијативата, но, тие зборови не се исфрлени од македонскиот литературен јазик. Напротив. Едноставно, некои од нив поретко се употребуваат, и тоа е процес кој не може да се спречи.
 
Овие два збора што ги посочивме никогаш се немат употребено во литературниот јазик а се чисти македонски и пред се стари зборови кои отсекогаш се употребувале. Тие треба да се рамноправни со останатите зборови, бидејќи се наши и исконски
 
Е како не се употребиле? Лаф (и не мислам на дијлектната форма лафе) означува збор, и се користи во уметноста повеќе отколку на вести, тоа е точно, но не значи дека не постои како збор. Исто е и со зборот дума, кој означува мисла.
 
Гледајќи ја разновидноста на многуте македонски дијалекти и оскудноста на македонскиот литературен јазик, заклучувам како и многу други дека на нашиов јазик му треба едно освежување. Нашиов денешен јазик е буквално хендикепиран, му се отсечени најважните нешта.

Нашите дијалекти изобилуваат со архаични зборови кои што од не знам какви причини се едноставно исфрлени од литературниот јазик. Само да погледнеме колку зборови кои секојдневно ги употребуваме ширум нашите дијалекти кои отсекогаш се употребувале се отфрлени од литературниот македонски.

Премногу е извештачен литературниот јазик и наместо да се вметнуваат што повеќе дијалетни зборови кои сосема со право треба да влезат во стандарниот јазик, нашите лингвисти се повеќе увезуваат странски зборови прилагодени спрема нашата граматика. Тоа е преглупо знаејќи каков е нашиот јазик, колку е богат и преубав со секакви зборови кои можат да се сретнат само тука и во ниту еден јазик.

Би сакал да се покрене една таква иницијатива. Секој од вас нека даде предлог што смета дека е сосема праведно да биде конечно дел од стандардниот јазик. Јас би го дал прелогот за глаголот ‘лафе‘ (зборува) кој е распростанет дури повеќе и од глаголот ‘зборува‘, претежно во централните и јужните дијалетки во Егејска Македонија (на многу голема територија) и е чист македонски збор кој се среќава само во нашиот јазик, па има ПОТПОЛНО право да влезе во литературниот јазик. Да го зачуваме нашиот исконски јазик, кој има зборови кои се неправедно исфрлени и тој е полн со сите зборови кои непотребно ги заменуваме со странски, не знам зошто воопшто се прави тоа, можеби за да изгледа модерен. Чекам ваши предлози :smir:
јас од Егејските говори би ги додала зборовите

пули - гледа

дека - каде ( кој се среќава и низ цело југоисточно наречје, мислам)

џенемите - во бестрага

Има и многу други преубави зборови од секаде, ама на денешниов народ повеќе му се допаѓаат суициден, миракула, релевантност, интенција, дискрапанца итн. Срамота, работава кој знае повеќе англиски тој поначитан па и со побогат речник.
А за дијалективе мислат дека се ,,сељачки'' така им звучеле :tapp: невидена работа
 
Вештерке, има луѓе кои се обидуваат да го зачуваат македонскиот јазик, преку проза и поезија, но премалку се таквите.
Премногу сме неосвестени за богатството кое го имаме преку јазикот, та затоа го -измоисуваме бедно додворувајќи се на пост-модерниот кич неречен глобализација во јазик.
 
не кажав дека нема, има, ете и преку темава се гледа :smir:
Ама криво ми паѓа кога гледам дека тоа се премногу малку
 
Вештерке, има луѓе кои се обидуваат да го зачуваат македонскиот јазик, преку проза и поезија, но премалку се таквите.
Премногу сме неосвестени за богатството кое го имаме преку јазикот, та затоа го -измоисуваме бедно додворувајќи се на пост-модерниот кич неречен глобализација во јазик.
Но немаме што да се освестуваме околу богатството кое го имаме преку јазикот. Ние сме прост народ и тоа е се`. Не дека има народи кои се нешто особено паметни, но да се соочиме, не читаме, не учиме и не работиме. Такви сме.

Патем, ниеден светски јазик не е имун на глобализацијата, па ни нашиот. Особено е подложен на туѓи влијанија во ситуација каде е толку силно притискан од соседите и тоа со децении и векови наназад.
 
Не би рекла... Тоа не е се`. Не си го цениме исконското, односно - не го ни познаваме! Прашај некого за историскиот развој на македонскиот јазик, ќе те гледа бледо како да го прашуваш за долнолужички и пруски. Тоа е жално. На матурава што помина, оценките по англиски беа двојно повисоки од оние по македонски. Што значи дека не сме и баш толку многу прости... Но, сакаме да бидеме нешто што не сме.
 
Убаво кажано ова болдираното, комплетно си во право, за да цениш нешто, прво треба да го познаваш. :wink:

Прост народ сме, англискиот јазик го има во секој филм со Бред Пит и Анџелина Џоли. Да не го научиш треба да си малку повеќе од прост, треба да си идиот. Затоа никогаш и шпански не научив, не гледав ништо од Касандра нааму :cry: Но, по таа аналогија, мислиш дека е попаметно да почнам да ја гледам окупацијата на “наше френдице из кроације?“
 
Убаво кажано ова болдираното, комплетно си во право, за да цениш нешто, прво треба да го познаваш. :wink:

Прост народ сме, англискиот јазик го има во секој филм со Бред Пит и Анџелина Џоли. Да не го научиш треба да си малку повеќе од прост, треба да си идиот. Затоа никогаш и шпански не научив, не гледав ништо од Касандра нааму :cry: Но, по таа аналогија, мислиш дека е попаметно да почнам да ја гледам окупацијата на “наше френдице из кроације?
Леле убаво што ме потсети, да кажам дека ,,кужиш", ,,факат" и слични бљуваници веќе стануваат дел од неофицијалниот скопски сленг... Едноставно сме под огромно влијание и лесни за манипулација. Поради ова, мислам дека треба да не` стегнат со кампањи и тупење за да се свртиме конечно кон македонскиот јазик. Државната матура, каде акцентот е ставен на македонскиот јазик како елиминаторен, е добар обид. :back:
 
Патем, ниеден светски јазик не е имун на глобализацијата, па ни нашиот. Особено е подложен на туѓи влијанија во ситуација каде е толку силно притискан од соседите и тоа со децении и векови наназад.

Францускиот е исклучок! :wink: Таму песни од Мадона, Мајкл Џексон и сл. се препејуваат (преведуваат) :pos2:....значи ептен забегале французите, но поентата ми е дека ако се сака се се може, а ние доколку сакаме, можеме барем делумно да се метнеме на французите (со усус да пристапиме, во границите на разумното) и да пробаме да го зачуваме и подновиме нашиот јазик. :)
 
Ние Македонците како народ како да се срамиме од себеси, барем поголем дел така се осеќат, јас лично мислам. Посебно од нашиот преубав јазик. Се гледа се повеќе да се употребуват странски зборови и изрази, што е преглупо. Посебно на нерви ми оди кога се употребуват србизми, ептен ми е глупо и сељачки. Или пак претерано употребување на англиски зборови од типот кул, ок, пипл, џанки... Нашиов јазик е измислен за тие другите, пребогат со зборови и изрази што се уникатни и многу ‘‘покул‘‘ од англиските и српските.

Да додадам уште некои зборови што сметам дека треба да се користат во литературниот:

Кладам (=ставам) - збор во многу широка употреба низ цела Македонија, а сепак не се користи во литературниот, за жал.

Вонка (=надвор) - цела источна и јужна Македонија го користи овој збор, карактеристичен и чист македонски збор. Ова е чист лаф од старословескиот јазик и како таков останал во иста форма и денес, додека зборот надвор е нов и е кованица од 2 збора, на + двор = на дворот, во дворот.

Вајден (=денес) - исто како и зборот вонка, широко распространет во употреба

Дополнете ја листата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom