rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Постојат четири гренд слем турнири:
- Отвореното Тениско Првенство на Австралија (Австралија Опен)
- Отвореното Тениско Првенство на Франција (Ролан Гарос)
- Вимблдон
- Отвореното Тениско Првенство на САД (УС Опен)
Секој од нив се оддржува по еднаш во текот на календарската година. Во текот на оддржувањето на овие турнири, тенисерите и тенисерките се натпреваруваат во поединечна конкуренција, но исто така и во парови, односно двојки (машки, женски и мешани).
Отвореното Тениско Првенство на Австралија
Отвореното Тениско Првенство на Австралија (Австралијан Опен) се оддржува секој јануари во Мелбурн.
За прв пат се оддржува во 1905 година. Како и другите три Гренд Слеми, на него учествувале најдобро рангираните аматерски тениски играчи, а самиот турнир го носел името Шампионат на Австралија се до појавата на отворените првенства во 1968 година. Најпрво натпреварите се играле на трева, но поради опасноста од тоа турнирот да падне во заборав, тој е преместен во Мелбурн парк на нови терени и оттогаш се игра на тврда подлога.
Двата главни терени, Род Лејвер и Водафон Арената, се необични поради тоа што поседуваат движечки покриви со кои тие можат да се покријат во случај на преголема жештина или дожд. Засега, тој е единствениот Гренд Слем кој може да се игра на затворено.
Бидејќи се одвива во летниот период, Отвореното Тениско Првенство на Австралија е познато по своите озлогласени жешки денови - многу често влагата и температурите достигнуваат екстремни вредности поради што организаторите често се приморани да применат своја политика во однос на распоредот и начинот на одигрувањето на мечевите.
Oтворено Тениско Првенство на Франција
Отвореното Тениско Првенство на Франција, попознат како Ролан Гарос, е голем тениски турнир кој се оддржува во текот на две недели меѓу средината на мај и почетокот на јуни во Париз, Франција на стадионот Ролан Гарос.
Тој е втор во низата на Гренд Слем турнирите во годишниот тениски календар и најважниот тениски турнир на земјена подлога во светот. Обично се смета и за втор најзначаен тениски турнир воопшто, веднаш зад неофицијалното светско тениско првенство - Вимблдон, иако во однос на посетеноста и телевизиските преноси е водечки. Поради бавната подлога и мечевите од пет сета во машка конкуренција, без тај-брејк во последниот сет, Ролан Гарос се смета за физички најисцрпувачкиот тениски турнир во светот.
Вимблдон
Вимблдон е најстариот голем турнир во тенис и е општо признат и како најпрестижен во белиот спорт.
Се оддржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули во период од две седмици (обично завршува, најдоцна, на втората недела во јули) на тениските терени на Ол Ингланд Клубот (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон, Англија.
Симултано се оддржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај мажите, во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се оддржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка.
Отвореното Тениско Првенство на Соединетите Американски Држави
Отворено Тениско Првенство на САД, попознато како УС Опен (Ју-Ес Опен) е четвртиот и последниот настан во низата на Гренд слем турнири. Се оддржува секоја година во период од две недели, на крајот на август и почетокот на септември. Главниот турнир се состои од пет симултани натпреварувања: подинечно кај мажите и жените, двојки во машка и женска конкуренција, како и мешани двојки; покрај овие шампионати, паралелно се оддржуваат и посебни турнири во сениорска и јуниорска конкуренција, а исто така се оддржува и турнир за тенисери во инвалидска количка.
Од 1978 година, турнирот се игра на акрилична тврда подлога на терените на Флашинг Медоус во предградието на Њујорк - Квинс.
Отвореното Тениско Првенство на САД се разликува од останатите три гренд слем турнири по тоа што во последниот сет се игра тај-брејк. На Австралијан Опен, Ролан Гарос и Вимлдон петтиот сет кај мажите, односно третиот за жените се игра се додека некој не победи со разлика од два гема.
Во 2006 година, УС Опен стана првиот Гренд Слем што ја внесеинстант риплеј проверката на судиските одлуки, со помош на новата технологија наречена соколово око. Се применува само на централните терени (Еш и Армстронг) и на секој од играчите му дозволува на два пати да предизвика судиска одлука во текот на еден сет (и уште една можност во случај сетот да влезе во тај-брејк), но доколку е во право тој не го губи правото повторно да ја предизвика одлуката на судиите. ткако предизвикот ќе биде направен, се врши и официјална проверка (3D компјутерска анимација базирана на снимките добиени од неколку камери) и истата се прикажува на голем екран кој во исто време може да го видат играчите, судиите и публиката на стадионот и пред телевизиските приемници.
Сите четири Гренд слем турнири се многу слични, но воедно и многу различни еден од друг. Секој турнир си има свои специфичности и карактеристика по кој се разликува од останатите и ги прави интересни.
Австралија Опен е карактеристичен по огромните жештини и затворените терени, Ролан Гарос по земјената подлога и се смета како најисцрпувачки турнир, Вимблдон е неофицијалното светското првенство во тенис кое се игра на трева и УС Опен е интересен по тај брековите и новите технологии.
Дали ги следите Гренд слем турнирите и кој ви е најинтересен?