Странски економски експерти во Македонија

Дали сметате дека Македонија има потреба од што повеќе вакви експерти или е способна сама да се спра

  • Има потреба, ни фалат стручњаци што се покажале на дело

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    72
Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Поранешниот германски министер Тео Вајгел ќе и` биде советник на македонската влада! Ова е ексклузивитет и сензација, иако ние го ставаме на маргините... Ова е вест која треба да се третира со најголема сериозност! Вајгел треба да биде маркетинг и претставител пред светот и магнет за странски инвестиции.
 
Ќе направам долгорочна програма што нема да се однесува за година или две, туку ќе се применува се додека Македонија не влезе во Европската унија. Мислам дека државата е на добар пат за тоа. Јас не сакам да поучувам ниту сум тој кој знае се. Јас само ќе советувам и ќе ги искористам моите познанства во европските институции и кај различни инвеститори, а вашата Влада и нејзините институции се тие кои треба да ја имплементираат програмата. Ова вчера го изјави германскиот експерт Теодор Вајгел на вчерашниот старт од своето вклучување во работата на владиниот тим на Бучковски. Тој својот ангажман го почна со сондажа на севкупните економски и политички состојби во земјата, како и со билатерални средби со вицепремиерите Шеќеринска и Јорданов, како и со неколку министри околу реалната состојба и дефицитите што ја мачат домашната економија. Вајгел се интересирал за едно од најжешките прашања во државата, невработеноста, структурата на невработените и упориштата кои ги гледа Владата за нејзино намалување. За експертскиот ангажман во Македонија како што изјави Вајгел, тој добил поддршка од првиот човек на Пактот за стабилност Ерхард Бусек, Брисел и од Одделот за надворешни работи на Сојузна Република Германија кој е одговорен и за односите со Република Македонија. Две глобални полиња со кои прво ќе се зафати Вајгел, се приватизацијата и хармонизација на правната рамка на Македонија со онаа на ЕУ, како и привлекување на странските инвестиции. Ќе се обидам, рече Вајгел, да ги искористам моите познанства и довербата што ја имам кај луѓето од ЕУ, како и кај видните бизнисмени и потенцијални инвеститори да ги заинтересирам да вложуваат во Македонија. Околу тоа кој ќе биде неговиот тим експерти, Тео Вајгел рече дека ќе бидат и домашни и странски експерти, кои ќе се ангажираат од случај до случај. Она што најманогу ја скандализираше македонската јавност, цената на неговиот ангажман и кој тоа ќе го плаќа, според него, тоа е далеку под сите шпекулации кои излегоа во медиумите, но работата во Македонија, првенствено е негов личен предизвик, а за заработка, подобро би печалел како правник во Германија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom