- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086

НОВО ГОВОРНО ШОУ НА „А1“
„Гола вистина“ премиерно в сабота
Емисијата „Гола вистина“ премиерно почнува на телевизија „А1“ в сабота, во 23:30 часот, поточно по вечерните вести. Замислена е како говорно шоу, каде што познатите јавни лица ќе ги споделат своите искуства, ставови, мислења на одредена тема, која повеќе или помалку е актуелна во моментот. - Во секоја емисија ќе има по двајца гости, кои ќе коментираат и ќе разговараат на одредена тема, но емисијата ќе биде збогатена и со прилози, изјави од стручни лица, обични луѓе, кои ќе споделат искуство на таа тема и слично - вели - Хелена Роза, уредничка и водителка на емисијата. Во премиерната епизода, која ќе се емитува на Денот на вљубените, ќе се говори за уметноста на љубовта, а гости ќе бидат Сузана и Горан Милиќ.
Емисијата трае 60 минути.