Доколку би биле инспектор за архитектонска естетика...

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Возраст
39
Ја ветив темата неколку пати. И во темата за Спомен Домот на Мајка Тереза, и во темата за Црква за плоштад Македонија.

Ја отворам, бидејќи гледам дека многу од вас би сакале да рушат. Индивидуално, објекти кои му сметаат на некого и едноставно не сака да постојат како материјализирани на одредено место. За да не ги товариме другите теми со вакви коментари, би сакал да ви оставам простор да се изјасните, и да ги видам вкусовите и размислувањата на моите ценети кофорумџии.

Рушете...не со ѓулиња и со бомби, ами со зборови. Затоа, правилата се прости. Дајте причина за рушење на непожелниот за вас објект, и како допринос наведете барем еден објект кој ви се допаѓа во Скопје. Нели, имаме од сите стилови, па нешто најверојатно ви се допаднало. Образложете кратко.

Без препукувања. Секој си има свое мислење. Ова е само уште една добронамерна тема, во која би си го искажале сопствениот вкус. Повелете...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom