Благодарам varnava.
Би било убаво некој да ја најде книгата од Блажариќ, односно да постира релевантни делови.
Еве ја книгата од Стево Радосављевиќ, со целосен наслов: “
Истоија на бугаризмот на Балканскиот Полуостров, Народноста и јазикот на Македонците’’, Белград,
1890 година.
http://www.scribd.com/doc/24339323/Историја-Бугаризма-на-Балканском-Полуострву-Народност-и-Језик-Македонаца-1890-Год-Стева-Радосављевић-Бдин
Радосављевиќ Бугарите ги разбива на парчиња, како по прашањето на нивната народност така и по прашањето на нивниот јазик. Ја документира бугарската агресија и обидите да се побугарува се' во Македонија, во шоплукот и на други места.
Радосављевиќ Македонците и Шопите ги запишува посебно од Србите но ги третира како сродни со нив, мислејќи дека Словените се Срби (“Србо-Словени’’) односно дека терминот Срби ги спојува ситенив. Тој се повинува на вештачкиот дуализам карактеристичен за 19. век Словените да се сметаат или за Срби или за Бугари. За Словените вели дека не се доселиле во 6-7 век, туку дека биле на Балнанот и во 2. век.
Ако го ставиме тој дел настрана, она што е значајно за нас е што Радосављевиќ дава одлични лингвистички анализи за разликите меѓу српскиот и македонскиот јазик од една страна и бугарскиот од друга, преку анализа на зборови и фрази кај народните песни во Македонија и јужна и источна Србија -- од аспект на бугарското негирање на македонскиот јазик.