Која е тајната за успешен брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата drama187
  • Време на започнување Време на започнување
D

drama187

Гостин
Јас мислам дека љубовта,разбирањето и толеранцијата споени во едно ја откриваат тајната за успешен брак.
 
Не ги заборавај искреноста и довербата... :wink:
 
Да сакаш да останеш во брак. :) Тогаш ќе изнајдеш соодветно на потребите и разбирање и искреност и толеранција и се` останато.
Понекогаш работите ќе ги гледаш со очи ширум отворени, но понекогаш ќе ѕиркаш и низ едното око. :wink:
 
Постои нешто шо се вика успешен брак?
Идат тие два збора заедно?
:O
 
Тајната за успешен брак е успешен развод.

Барем така ми викаше еден адвокат :D
 
Постои нешто шо се вика успешен брак?
Идат тие два збора заедно?
:O


Ако постои успешен човек зошто не би постоел успешен брак.
Е сега друго дванаесет е што некој подразбира под успешен брак, што сака од бракот, со какви намери влегува, кои критериуми си ги поставува, што очекува да добие, што е подготвен да жртвува и сл.
Можеби терминологијата е збунувачка или недефинирана, али поентата се насетува.
 
Ако постои успешен човек зошто не би постоел успешен брак.
Е сега друго дванаесет е што некој подразбира под успешен брак, што сака од бракот, со какви намери влегува, кои критериуми си ги поставува, што очекува да добие, што е подготвен да жртвува и сл.
Можеби терминологијата е збунувачка или недефинирана, али поентата се насетува.
Бев иронична во постот :)

Секако дека постојат успешни бракови. Ретки се, ама ги има.

Магична формула сигурно не постои, а јас уште помалку можам да ја знам...Кога ќе бидам у брак ќе се навратам на темава :)
 
Да постоеше тајна за успешен брак ќе немаше да постојат разводите.

Нема тајна, нема формула, секој брак е различен од останатите.
Секој треба сам да си најде свои методи за да го одржи својот брак.
 
Партнерите да се сериозни и на иста бранова должина, да се созреани и да не изневеруваат, да знаат да ја одржат ведрината во бракот, да не се монотони, да имаат пари ( 90% од браковите се распаѓаат од финансиски причини), да имаат секс 2 пати неделно а не 2 пати во 10 години и како најбитно нешто, да се компатибилни карактери. Во спротивно тврдоглавиот ќе создава проблеми.
 
Баба ми и дедо ми беа 57 години во брак.За жал, пред 2 недели се разделија (баба ми почина) а дедо ми уште ја сака. Мислам дека имаа успешен брак затоа што не знаеја да држат лутина, оти секоја кавга ја вртеа на смеа, и додека биле млади, задолжително оделе сами на одмор 10 дена без деца, без никој, за време да си посветат сами на себе.
 
Сексот, ако не е како што треба секогаш тука постои некоја друг/а.
Посветеноста.
Присутноста.
А тоа искреноста е најголема заблуда!

Уствари бабами ко што вика:

- Мико, брак ти е корпа полна со гована, само горе има два прста мед, се лиже дур се лиже од медот после станува гадното.
 
Љубовта, меѓусебната доверба, давањето поддршка еден на друг, вербата дека колку и да е лошо, сепак ке се најде излез, почитувањето, добриот секс, сличност на карактери и мн.други работи веројатно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom