bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Глигоров во јуни годинава за "Утрински весник" рече дека Фрчкоски во три наврати му нудел подароци што ги донел Грилакис. Првиот случај бил со часовниците "ролекс", за кои експретседателот зборуваше и во интервјуто за емисијата "Во центар" на Васко Ефтов. "Ми носи златен часовник ‘ролекс‘. ‘Гледај што носам, ама на раката‘. Па вади од џебот спакувана луксузна кутија, и ми вели: ‘Ова е за тебе‘. Зошто за мене? ‘Па благодарност од Грилакис* што му дозволи тука да остане‘. Јас не му дозволив, туку му реков да го вратиш да оди каде што сака. ‘Па добро, но човекот чувствува благодарност‘. А тој на раката, му велам, тебе ли ти го даде. ‘Да. На мене и на Бранко‘", се потсетуваше тогаш Глигоров. Вториот обид за поткуп, според Глигоров, била понудата на вредна амфора, а третиот фамозното куферче, во кое сумата на американски долари варирала во зависност од изворот, од 100 илјади па до еден милион. Глигоров тврди дека ги одбил сите подароци што му ги носел Фрчкоски.
Извор: “Утрински Весник“, број 1965 понеделник, датум: 16 октомври 2006
http://217.16.70.245/?pBroj=1965&stID=59252&pR=2
*Грилакис е грчки генерал, пратеник на грчката влада во Скопје.
Интервју -Роли Јакуповиќ, поранешен шеф на обезбедувањето на СДСМ
Велите дека се занимавал со криминал?
- Апсолутно. Јас одговорно, и кривично и материјално, тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки. Фрлаше пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари. А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со "мерцедес кабриолетè јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: "Продај го, и дај му ги парите на Димеè. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: "Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми далè. Фрчко само ми рече "Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблемè.
Освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра?
- Да. Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа. Дури Фрчко на ЗУС им отвори и барака кај полициската "Бекоè за да даваат услуги на граѓани. Тогаш кај Фрчко во кабинет не можеше да влезе никој освен Милан од ЗУС. За овој случај сў е документирано, дури и во МВР.
Дали тие профити беа доволни за Фрчковски?
- Секако не. Работејќи ги фри-шоповите, дозна дека сў се врти околу шверцот на цигари, па се поврза со моќниот бос на трговијата со цигари - Данчо Шутурков, од Македонија табак. Шутурков не го познавав, но луѓе од обезбедувањето ми кажаа дека сакал да ме види мене и моите соработници. Се консултирав со Лазе Китановски, тогаш кадровик од СДСМ, кој инаку беше комшија со Шутурков да се распрашам за него. Откако ми кажаа дека е "наш, иако играл со ситеè, отидовме. Бевме јас, Чаволи, Горан Тајсон и уште двајца. Шутурков ми кажа дека сака да бидеме пријатели, и за возврат ми понуди 300.000 швајцарски франци да ни се најдат за лобирањето во негова полза. Ние парите не ги зедовме, а за средбта, се разбира, му кажавме и на тогашниот премиер и партиски шеф - Бранко Црвенковски, оти не сакавме да работиме зад грб ништо. Црвенковски се заблагодари за информацијата, но беше лут на Шутурков.
Додека бевме кај Шутурков, неговиот директор Сашо Неловски неколку пати ме праша како да им изградам добри контакти и релации со министерот Фрчковски. Тогаш разбрав дека Нелковски бил член на ЦО на СДСМ, помислив дека го бара нешто за партијата, па му реков барај го Црвенковски, што ќе ти е Фрчко. После тоа, по свои канали, успеал да дојде до Фрчко и веднаш да го вклучи во бизнисот со цигари. Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив. Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот "голфè ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски.
Го споменавте брат му Влатко. Која беше неговата улога?
- Му беше оперативец на Фрчко. Помнам еднаш бевме во неговиот кабинет, кога му јавија дека два камиони со моторно масло заглавиле во царината во Крива Паланка. Фрчко веднаш му се јави на Влатко да оди таму и да ги земе камионите. Во меѓувреме, го натера Томче Николовски, тогашен началник на НТШ, да се јави во паланечката царина и да нареди да ги пушти камионите. По еден месец разбравме дека ги зеле Влатко и Добри Величковски, но што се случи со нив, не знам.
Извор: ВЕЧЕР, датум: 11.09.2006, Бр. 13294
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DC2986B63E7B174D8DF53DDEFACE4CF6
Боже мили, овие од СДС збрлавеле. Каков човек предлагаат за Претседател, па тој може утре да натепа некој странски дипломат кој нема да му биде по кејф. На тоа ли дереџе спанда СДС? Дури сега сум сигурен дека нема спас на СДС од изумирање, што е навистина штета, оти без опозиција нема и добра власт.