СП Хрватска 2009 - Данска : Македонија (20:15)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Дуелот да се биде или не за Македонија.

Нашиот втор стрелец, Наумче Мојсовски, вчера по наптреварот со Норвешка се пожали на повреда на палецот од десната рака...и по направените снимки, се видело дека прстот е скршен. Дотолку не е можно да се санира таа повреда, без Мојсо, ке биде уште потешко да се победи европскиот првак.

Она што доведе кај мене нервоза е реакцијата на стручниот штаб на нашата репрезентација. Имено, со доаѓањето во втората фаза, тренерот има право да го промени составот. И тука се случи она што НЕСМЕЕШЕ. Десниот бек Раде Стојанович беше пратен во Скопје, и на негово место беше повикан Стојанче Стоилов кој игра на позиција пикер(сега имаме 3пикера во состав)
Да појаснам...Раде Стојановиќ беше на списокот играчи на ова СП, но во првите 5наптревари не доби шанса(поради ситна повреда). Тој и покрај тоа, ги обработуваше сите тренинзи, и беше максимално спремен да игра. Али сега он е во Скопје, и на негово место е земен пикерот Стоилов, кој е целосно неподготвен, без никаков тренинг последниве денови. Многу лоша одлука на стручниот штаб, која може скапо да не чини!

Од оние што се очекува да го заменат Мојсовски се Мите Стоилов и Митков. Дотолку сакаме активна игра, ке мора да се бара најдоброта бековска линија.
Стоилов--Миркуловски-Лазаров; Мислам дека оваа би била најдоброто решение при отсуство на Мојсовски.


Данска вчера загуби од Полска, и тоа би требало да биде поголем мотив за нашите, а исто така денеска е роденденот на нашиот Тоше Проевски...да се надеваме ракометарите ке играат за него и уште еднаш да остават срце на терен..со божја помош, и со помош на Тоше...ке стигнеме до потребната победа.

Напред наши!
:oeoeoe:
 
да се надеваме на победа иако ке биде тешко... нашите се изморени немат сила веќе
 
Не знам што ќе биде со мене ако не победиме .. Стварно не знам. Иако сме без Наумче, мислам дека сега е моментот да се докажеме кои сме и што сме ... Напред МАКЕДОНИЈА !
 
Не знам што ќе биде со мене ако не победиме .. Стварно не знам. Иако сме без Наумче, мислам дека сега е моментот да се докажеме кои сме и што сме ... Напред МАКЕДОНИЈА !

Веќе докажавме кои сме и што можеме, останува да видиме како ќе играме без еден од клучните играчи.Не знам зошто, ама лошо претчувство имам.
 
само сакам рамноправно судење,а мислам дека имаме одлична репрезентација која може да се носи со Данска..НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!
 
Малер бе,кај најде сеа повредата со палецот. Дај да се надеваме дека ќе ја санирет повредата,за подобар резултат. Оваа победа е оддлучувачка,ама ако ја покажиме играта шо ја игравме денес,и ни се погодет случни судии,однапред е изгубен натпреварот :toe:
 
Sigurna pobeda!!! Prviot natprevar i vo prvata grupa go zagubivme taka ni odi :)
ke pobedime so 2razlika :)
 
Со цел да ја заштитам темава од муабети какви што прочитав вчера на другата, ја заклучувам привремено.

Ја отклучувам темава. Ако видам премногу офтопик мислења од некој член, правење муабети, навреди, прашување по 500 пати за исто толку пати објаснета работа и други амебовидни производи на малиот мозок, ќе се оди на бан без предупредување. Мислам дека дадов мал милион предупредувања.

Огледајте се на членот Ddime кој вчера напиша прекрасен пост, но неговиот се изгуби во многуте "Судија педер" постови, како и постовите на уште неколку форумџии кои реално ги гледаат работите. Ќе се препознаат кои се, секоја чест за нив.

Со ум и нека ни е со среќа вечер :oeoeoe:
 
Повторно отворена, на приближно 8 часа пред почеток на натпреварот :)

Ќе игра Наумче? Слушам имал скршен прст и внатрешно крварење во стомакот...
 
без секого се може т.е се мора што е тука е,не игра номче не игра ама затоа треба другите да изиграат за него ,во во што и не се сомневам вечер ќе победиме па што сака нека биде.
 
Повторно отворена, на приближно 8 часа пред почеток на натпреварот :)

Ќе игра Наумче? Слушам имал скршен прст и внатрешно крварење во стомакот...

Последно колку што разбрав нема да игра:(
Не знам дали медицинскиот тим би можел да го врати во игра.Стварно тешко ќе ни биде без него.
 
Повторно отворена, на приближно 8 часа пред почеток на натпреварот :)

Ќе игра Наумче? Слушам имал скршен прст и внатрешно крварење во стомакот...

па искрено кој ќотек го јаде не ме ни чуди и на друго место да има крварења :) сепак мислам дека ќе собере сили за денес и ќе прикаже партија како таа со Русија. Ако се сеќавате никаде го немаше со Германија (коа го јаде најголемиот ќотек) ама затоа на следната со Русија експлодира, да се надеваме дека по вчерашниот ептен лош ден денес ќе му тргне и ќе ги збришеме Данците.Само да не им се разбрани Касперчо и да не му тргне на Кристијансен од старт. ако овие двајца се на ниво ѓаволски тешко ќе биде ама ние сме Македонци, коа е најтешко сме најјаки, што би рекле старите: на маката се познаваат јунаците :oeoeoe::oeoeoe:
 
Против Данска, европскиот шампион, мислев многу појаки се, ама вчера загубија од Полска, па така да имаме добри шанси да ги тепаме.
Исто така нашата мотивација би требалод да биде поголема, ќе биде тешко у секој случај, ама да се надеваме на најдоброто, победа.
Ајде Македонијо, знам дека можеш!
:oeoeoe::oeoeoe:
 
За да ја победиме Данска ќе мора многу работи да ни се поклопат.
Не смееме да се залажуваме дека само ако му оди на Кире ќе тепаме, и 15 гола може да даде тој и пак да изгубиме, сите ќе мора да дадат 101% од своите можности, особено Миркуловски и барем едно крило, за да сме ефикасни во напад ќе мора да се најде начин да се растерети Кире, да не не носи сам на грб, ако ја повторат Данците одбраната на Норвежаните ( а мислам дека не можат ) ќе ни биде многу тешко да даваме голови, разновидностна во нападот ќе биде клуч за успех, под ова мислам нападите да не ни се засноваат на додај на Кире и шут.

Одбраната исто ќе е клучен фактор, во зависност како ќе се постават Данците (дали повеќе преку бекови или крила ќе играат) би требало и ние да се прилагодиме, зошто реално гледано немаме моќ да им наметнеме игра, па така сметам дека не смееме да бидеме статични во одбрана, што поголема мобилност и менување на зона од 6-0 во 5-1 ако е потребно, значи да не форсираме една одбрана цел натпревар ако истата не делува, и фластер на тој што ќе не полни кога ќе имаме играч плус.
И Диви обавезно на гол.

Грешките ќе МОРА да ги сведеме на минимала, не велам дека не смеат да грешат, бидејќи не е можно тоа, ама со избрзани удари и неизнудени грешки во додавања и сл. ќе не сомелат, Данците станаа шампиои баш преку форсирање на игра со (полу)контри после грешка на противник и брз центар.
Значи ладни глави од почеток, агресивна одбрана и стабилен напад, па шо сака нека биде.

НАПРЕД НАШИ! :oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom