Планинарско друштво "Кајганџии"

  • Креатор на темата Креатор на темата Cayman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
19
Што мислите за идејава, вака да се собираме група форумџии и да се организираат експедиции ширум земјава. Јас мислам дека идејава е добра и можна е нејзина реализација. Сепак Македонија има доста планини кои вредат да се посетат.
Ваше мислење
 
Интересно делува. Сакам да шеткам по планини, но немам многу време. Летоска и бев на Големо Езеро (Пелистерски очи), така да поголем дел од убавините околу Битола сум ги видел. Башка сум и скијач (ретко планинар да не е), така да....

Ајде да видиме како ке се развива темата.
 
јас одам повеќе по охридскиве планини, најчесто од школски карактер,
Галичица, Исток, Петрино
според мене би било добро еднодневна експедиција преку Галичица од Охрид до Преспа, таму купање и назад со алтобуси.
 
па едно 20 30 км сигурно, војнички само машки напред
 
Јас сум за. Едно или повеќедневна, ќе одлучиме во зависност од бројот кој ќе се собере на темава, и доколку нешто организираме. Ко дете ресенчанче, сум шетал по планини, чак и печурки едно време збирав... Со обврскиве во големиов град, можностите за шетња низ горите ми е намалени, да не речам, доведени на нула.

Ајде, пријавен.
 
Абе џабе ти е сега... Ова се прави на лето, кога времето е топло и нема многу врнежи. Сега, по планините има снег, дожд врне како нездраво, не знаеш каде може да те завее.

Но, добро е да се преброиме па што ке биде понатака ке видиме. Ако има заинтересирани, можам и до Големо езеро да ве носам :helou:
 
Па нека се секој пријавува од ега, па до летото има уште 4 месеци, дотогаш нека се прават планови и список :)
 
Ај се ставам како евентуален доаѓач и ќе ја ставам темава на следење :)

Ко помал моине ме имаат носено по планини и еднаш од на школо бевме на Галичица, ги поминавме тие 30 ми се чини километри и ко си дојдов дома се ме болеше :pos:
 
Да ве однесам јас на бачило Подгорци па да видите што е убајна.... ко во рај..
hdfhdf.jpg
fdhdf.jpg

Преубаво беше.... Се оди 3 сати одприлика ама вреди.
 

Attachments

  • hdfhdf.jpg
    hdfhdf.jpg
    138,6 KB · Прегледи: 10
  • fdhdf.jpg
    fdhdf.jpg
    165 KB · Прегледи: 7
хах,камо да се познавав со некој од вас, одма би дошол!!!али има време....:vozbud:
 
Интересна идеја:helou:. Здравје до налето....сега треба појќе опрема да се носи...а не знам колку од нас имаме опрема за повеќеднево планинарење (јас немам:toe:).
Здравје до налето.....би требало да дојдам:wink:. А да појдевме до Солунска глава кога ќе се затопли?
 
Ви се придружувам, и давам идеја за на титов врв!
Годишно по 10 000 посетители!
Се оди секогаш во последниот викенд од Мај во чест на маршалот!
Има 1-2 слики кај мене во профил!
Ако сте заинтересирани, мсн, ова она, ќе се организираме!
 
Ако сакате може и на Кораб, се оди секоја година на 8 Септември. Ама мора пrво да се спремите кондиционо, има превоз до домчето на подножјето на Кораб и после пешачката. Има и странство специјално доаѓаат секоја година. А може да се направи и до Водно ако не на друго место, ради рекреација и дружење.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom