Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
кој бил во националната пештера од музеј под Кале знае, кој не нека почека, конечно по децении истрауматизирани првачиња, добиваме музеј каков што заслужуваме.
НАЈАВА ЗА УШТЕ ЕДНА КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА во скопје
Археолошки музеј во центарот на Скопје
Ќе бидат изложени предметите од Исар-Марвинци, охридската колекција на златни предмети, богатствата на Стоби, Стибера, Хераклеја
Зградата на Музејот во Скопје ќе биде слична на Британскиот музеј во Лондон
Државен археолошки музеј ќе биде изграден во Скопје покрај брегот на Вардар, пред Македонската опера и балет и зградата на Комерцијална банка. Во монументалниот објект нема да биде претставено само археолошкото богатство на Македонија. Таму ќе се удомат и Уставниот суд и Архивот на Македонија.
Зградата ќе биде монументална како Британскиот музеј во Лондон. Покривот во форма на тап триаголник ќе го држат десетина високи столба. До главниот влез ќе се стига преку неколку скали. Иако се' уште не е конечно дефинирано, платото пред музејот со пешачки мост ќе биде споено со другиот брег на Вардар. Така од Градскиот трговски центар граѓаните ќе може за миг да стигнат пред музејот. Од двете страни на мостот ќе стојат конфронтирани големи животински фигури.
- Секоја држава треба да има музеј во центарот на градот. Идејата беше да направиме музеј што ќе ја презентира Македонија на најдобар начин. Таков објект не треба да биде далеку, каде не може да стигне автобус со ученици. Долго и жестоко се расправавме на таа тема - дали ни треба музеј, каде да биде изграден. Се согласивме дека е добра идеја. По сите дискусии се договоривме во центарот на Скопје да се изгради Музеј каде пред се ќе бид презентирано археолошкото богатство на оваа земја - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
ЕКСКЛУЗИВНИ ПРЕДМЕТИ
Иако во објектот ќе бидат сместени три институции, зградата однадвор ќе изгледа само како Музеј. Задниот дел ќе биде на повеќе катови. Таму ќе бидат канцелариите на другите установи.
- Музејот ќе изгледа многу атрактивно. Ќе располагаме со околу 7.000 квадратни метри изложбен простор. Тоа е огромна површина. Таму ќе бидат презентирани најубавите работи од Македонија - вели Кузман.Во новиот објект ќе биде префрлен археолошкиот музеј, кој денес е дел од Музејот на Македонија. Во институција здружено работат археолошкиот, етнолошкиот и историскиот музеј.
Кузман вели дека ќе почекаат да завршат годинашните археолошки истражувања, бидејќи се најавени целосни ископувања на локалитетите Стоби, Хераклеја Линкестис, Скопско кале и Исар-Марвинци. Ќе продолжи работата и на 15 други наоѓалишта.
- Прво ќе видиме со што се располагаме од овие истражувања. Со директорите на музеите што ќе работат на капиталните проекти потпишавме договори. Во нив има една клаузула. Ако и' требаат на Македонија ексклузивни наоди, тие ќе бидат изложени во државниот археолошки музеј, кој ќе биде во центарот на Скопје. Таму ќе бидат претставени најубавите предмети - објаснува Кузман.
Најубавата музејска поставка во земјава засега е презентацијата на нумизматичката збирка на Народна банка на Македонија. Монетите се изложени во големи застаклени витрини, чија основа е изработена од темноцрвено масивно дрво. Слично конципирани и организирани поставки има во светските музеи од рангот на „Метрополитен“ во Њујорк или „Лувр“ во Париз.
КОПИИ ОД МАСКИТЕ ОД ТРЕБЕНИШТА
Според Кузман, за квалитетот на музејската поставка во новиот музеј воопшто не треба да се дискутиура бидејќи има поддршка од Владата и не очекува никаква финансиска пречка.
- Во ова време државата неверојатно многу финансира во културата. Кој како сака нека го толкува. На другите земји им е многу полесно, бидејќи за се добиваат пари од Европската Унија. Ние се обидуваме се сами на да правиме. Тоа е за почит. Да не беа пирамидите во Египет, немаше да знаеме ни за Кеопс, ни за 20.000 роба што работеле и гинеле ни за Египет како цивилизација. Зарем ние не сме достојни да направиме една таква убава зграда каде што ќе го изложиме нашето богатство? - прашува Кузман. Во новиот музеј ќе бидат изложени предметите кои лани беа ископани на некрополата на Исар-Марвинци. Ќе биде изложена и охридската колекција на златни предмети заедно со златната маска, кои пред неколку години беа пронајдени на „Горна порта“. Ќе биде претставен вреден материјал од Стоби, Стибера, од Хераклеја Линкестис.
- Од многу ексклузивни предмети ќе направиме музејски копии кои ќе бидат изложени во другите музеи. Тоа не е страшно и се практикува во светот. Музејските копии се многу верни на оригиналот и се многу скапи за изработка. Веројатно ќе направиме копии на четирите маски од Требеништа, кои денес се наоѓаат во Белград и во Софија - објаснува Кузман.
ИНФО-Археолошки музеј од 1924 година
Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 година во Скопје.Збирките биле сместени во Куршумли ан и во една зграда на тврдината Кале, која била урната во катастрофалниот земјотрес во 1963 година.Во 1976 година бил изграден музејскиот комплекс во Старата скопска чаршија. Една година подоцна бил формиран одделот за археологија.