Твојата најдобра психо-бивша

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Знам дека сите твои бивши девојки се "психо." Знам се за нив, бидејќи не проаѓа ден без да направиш некаква референца на "лудата кучка," која практично ти го уништи животот и потоа отиде да се омажи со некој успешен "копук," оставајќи те тебе да хараш по студентски забави, во потрага по секс без обврски, додека таа ужива во своите викенди со новото семејство во вилата на нивниот имот. Себична КУЧКА!!!
DD11A2289632BF4989B8B42C3CC13A13.jpg

Знам дека мислиш дека никогаш нема да можам да бидам така добра "психо бивша," како што е таа. Меѓутоа, те убедувам - МОЖАМ. Ќе бидам таква разорна лудача, што нема ни да се сеќаваш на нејзе кога ќе завршам со тебе. Само пробај ме.

За почеток - Одлична сум во кревет. Нели сите "луди" така почнуваат? Ќе ме запознаеш на некоја забава на пријател, на пријател, на пријател кој знае дека имам "лудачки" потенцијал, меѓутоа заборавил да го спомене ова на луѓето кои не запознаа... искрено, нашите пријатели не се грижат доволно за кој било од нас, за да размислуваат за нашето добро. Од друга страна, тие го имаат на ум нашиот интерес, но знаат дека нашите драматични карактери и нашето прекумерно его се премногу голема пречка за дури и најпријателскиот и логичен совет. Заради ова, тие ги прекинуваат сите обиди да не раздвојат и ни дозволуваат да се начукаме како говеда и потоа да се лапаме во јавност, додека тие климаат со главата знаејќи дека... ова е почеток на една спектакуларна катастрофа.

Истовремено, ни сме веќе горе, до пола соблечени а ти ќе бидеш премногу пијан да се контролираш што зборуваш и ќе дадеш премногу великодушни коментари за тоа колку сум "секси" (додека ја туркам ламбата од масичката). Продолжуваш да го тупиш како ги имам најдобрите гради што се ги видел и дека сум "неверојатна" на сите други фронтови (како да не знаев). Споредено со четирите други девојки што си ги бембал, ова ќе биде најдобриот секс во твојот живот. Веднаш штом завршиме, во главата ќе почнеш да правиш список на другари на кои ќе им пишеш порака за тоа што се случило, додека во исто време ќе размислуваш дали е можно остатокот од животот да го минеш со мене.

AD8BAFBDF99451449E0703C616BAD9F2.jpg

Со отрезнувачкото светло на утрото, ќе заборавиш дека си сакал остатокот од животот да го минеш со мене и наместо тоа ќе се одлучиш за "секс за две вечери," но наместо тоа ќе сфатиш дека тоа воопшто не ми бил планот и дека некако сум успеала да си го продолжам гостопримството кај тебе, правејќи ти појадок и читајќи го твојот весник. Исто така, сосема згодно ги донесов и мојата четка за заби и некои хигиенски производи, кои ги сместив на твоите полици во тоалетот, бидејќи "ќе минувам многу време кај тебе." Максим и сличните списанија, ќе се преместат од тоалетот во корпата за ѓубре, бидејќи за мене тие се "навредливи" и за "деца".

Подоцна, ќе се закачиш на Фејсбук и ќе откриеш дека сум "во врска"... со тебе. Јејејеје! Од прво ќе мислиш дека е идиотски, ама тогаш (заради твојот комплекс на пониска вредност) ќе го сфатиш како комплимент и ќе го смениш статусот и кај тебе на Фејсбук.

За околу еден час, ќе добиеш околу 70 нови пораки, од кои ќе видиш дека сум дала коментар на секоја слика од твојот албум, на која си со непознато женско. Твојот однос со сите овие, членови на семејството, пријатели од факултет или колеги набрзо целосно ќе се распадне бидејќи ти погрешно ќе ја протолкуваш мојата посесивност како пасија, притоа декларирајќи ја твојата недвојбена посветеност кон мене и ќе престанеш да одговараш на повиците на другите луѓе.

Пријателите ќе те предупредуваат за мене, меѓутоа ќе бидеш премногу заслепен од моите фелацио техники за да забележиш било што. Освен тоа, веќе ти објаснив дека тие се само љубоморни на нашата љубов. Заедно, односно кутри копии на она што бевме, ќе бидат убедени дека другиот вара. За ова ќе се расправаме цело време. НОН - СТОП.

Во нашите "добри денови" ќе се преплавуваме со незаслужени подароци и сексуални услуги а обвинувањата ќе бидат сведени на минимум, иако се уште ќе преовладуваат.

C7E1C88D8679E343BA4908FBFDFE6619.jpg

Работите некое време ќе одат "добро," се додека една вечер батеријата на твојот мобилен не се потроши а ти не заспиеш прерано - што ќе ме присили на тотална паника. Седум пропуштени повици и не одговорени пораки ќе ме натераат да верувам само во најлошото - ТИ имаш друга! За да ги потврдам моите сомнежи, веднаш ќе се логирам на сите твои акаунти - бидејќи ти си толку компјутерски неписмен и си ги оставил сите пасворди зачувани на мојот компјутер - и ќе најдам порака околу која ќе збеснам. Тоа најверојатно ќе биде безопасно флертување со платонска пријателка која живее преку шест града од нас, што тотално ќе ме стави до самата граница.

Бидејќи не можам да те добијам, влегувам во кола и боса ќе возам до кај тебе дома, притоа не сакајќи ја удирам саксијата во твојот двор. Целата бука надвор ќе те разбуди, токму на време да можеш да станеш и низ прозор да видиш како во рикверц се улетувам во твојата омилена Пежо 205-ка.

За кратко време, ќе дојде полиција, јас ќе плачам, ти ќе викаш, газдата ќе те избрка од станот што го ренташ а осигурувањето нема да ја покрие штетата. Позитивната страна е што нашите две имиња ќе бидат трајно врежани во полицискиот извештај.

И покрај сето ова, ќе ти требаат уште неколку месеци за да се освестиш и да ми раскинеш. Знаејќи дека сум темпирана бомба, ова ќе го направиш најдобро што можеш, на најразумен начин а ако си доволно вешт, ќе успееш да ме натераш јас да ти раскинам бидејќи ти не си тоа што го барам и не ги задоволуваш моите стандарди.

EAFBE6E454394F4AAF90D9D0D8F97710.jpg

Ќе ги вложиш сите напори да ми го подигнеш духот и расположението, објаснувајќи ми дека "јас сум крив, а ти си стварно прекрасна" и дека "девојка како мене заслужува некој подобар."

Сето ова, за џабе. Единствен начин на кој вистински можеш да се откачиш од мене е ако го смениш телефонскиот број, се преселиш на другата страна на земјата, каде ќе најдеш нови пријатели и нова несигурна девојка, која ќе можеш со месеци емоционално да ја злоупотребуваш, се додека таа не дојде до психолошката граница на издржливост и ти фрли чаша вино во тебе и не излета од ресторанот.

Сите ќе гледаат во тебе, од лицето ќе ти се слива црвено вино а ти ќе бидеш тотално збунет. Во себе ќе си мислиш, "Ха, ова не е ништо. Треба да ја видиш мојата 205-ка."

И заради тоа, јас ќе бидам твојата најдобра "психо - бивша" која некогаш си ја имал!
 
Текстов ме инспирираше да ве прашам дали после некое раскинување тотално сте полуделе...и сте станале уште поопседнати со тој човек и не сте можеле да бидете мирни се додека не му вратите за тоа што ве повредил.Мене два пати ми се има случено тоа...пред 3 години славев Нова Година во една...ајде кафана да ја наречам и таму беше и мојот бивш дечко-нормално со друга девојка и незнам што ми се деси одеднаш се изнервирав и си реков дека морам нешто да му направам за да ми биде полесно и додека сите играа...јас земав фино лепо тоа винцето на маса што беше од литар и пол и цело му го истурив на јакна (незнам во моментов што ќе си помислите за мене сега од оваа гледна точка не би го направила тоа пак ама ете тогаш стварно ми беше полесно и секако он пукаше од нервоза мислејќи дека некој пијан мангуп му го истурил виното) и втората ситуација...стандард мислам...си се журкам у една од дискотекиве и таман онака све ми е топ ете ти го се појавува еден бивш дечко со приказни како он нон стоп мислел на мене...сакал да се смириме...се ќе било поинаку....и кога таков сигурен во себе тргна да ме пољуби си доби шамар и вотка на фацата :vozbud: многу ми беше мило и се чувствував прекрасно најискрено !!! Вие сте на ред секако и машки се добредојдени со некои вакви искуства.
 
:uvo: Има вакви жени?!
Кучка! Сепак...ги задоволува критериумите од друг агол колку и да била нестабилна!
Ај дајте машка верзија на ова,да биде поинтересно :vozbud:
 
Ич текстов не го гледам за забавен... Како прво не се нашло женско што може да ме испијани. Уствари не се нашол никој што може да ме испијани (читај секаде одам со кола, до сега 4 години возач сум, сум поминал илјадници километри а колата е без ниедно оштетување). Како второ, случајов е за “папучари“ што не знаат по кого побрзо да трчаат. Во мојот случај, глумци в театар. Мразам театрални љубоморни сцени, се што треба да се реши ке се реши со муабет....

И не важи кај мене око за око, заб за заб. Тоа што било поминало, не се враќа. Гледај иднината да ти биде светла, минатото е такво какво што е.
 
Ич текстов не го гледам за забавен... Како прво не се нашло женско што може да ме испијани. Уствари не се нашол никој што може да ме испијани (читај секаде одам со кола, до сега 4 години возач сум, сум поминал илјадници километри а колата е без ниедно оштетување). Како второ, случајов е за “папучари“ што не знаат по кого побрзо да трчаат. Во мојот случај, глумци в театар. Мразам театрални љубоморни сцени, се што треба да се реши ке се реши со муабет....

И не важи кај мене око за око, заб за заб. Тоа што било поминало, не се враќа. Гледај иднината да ти биде светла, минатото е такво какво што е.

Не ти вратила до сега ниту една што си ја оставил?
 
Епа алал да ти е друже :smir: а како и да е...ретки се машките што враќаат...ние повеќе се фрустрираме за тие работи...така барем јас мислам.
 
1. Што било поминало. 10001 работа да направиш, неможеш назад да го вратиш.
2. Научи да живееш со тоа што било, безразлика колку боли
3. И да вратиш, само се замараш со безвредни и недостојни работи, да не речам паѓаш на ниско ниво
4. Подобро е да ја кажеш целата вистина во 4 очи, и да му/и нагласиш каде згрешил/а и со гордо крената глава да си заминеш (раскинеш како сакаш речи)
5. Минатото е крадец што неможе ништо да даде, а може да ти ја расипе убавата иднина


Кога се ова ке споредиш со она што го напиша, ке сватиш дека се е џабе и безцелно трошење време
 
Да и јас сега сето ова го сваќам...ама ајде де...младост лудост...тогаш мислев дека ако вратам ќе ми биде полесно и побрзо ќе можам да преболам и да продолжам понатаму.
Ама еве ако било погрешно сето тоа-зошто секогаш успевало???
 
Епа алал да ти е друже :smir: а како и да е...ретки се машките што враќаат...ние повеќе се фрустрираме за тие работи...така барем јас мислам.

Е како да не. Никогаш не сум се исфрустрирала заради раскинување. Да, сум била повредена, сум плачела, пцуела, ама после раскинувањето сум се повлекувала од неговиот живот и одам понатаму. Никогаш не сум имала потреба да му враќам за нешто или да му се одмаздувам никому. Едноставно, тоа ми е некако психопатски искрено, нешто не е во ред, што некој толкава омраза чувствува. Побогу, не е ни прв, ни последен, па јас да земам да му враќам затоа што ми раскинал или не знам зашто.

Што е мое ќе си дојде...некогаш. Па и да не дојде, сигурно нема да им се одмаздувам на бившите. Секој си ја бара својата среќа и љубов во животот, ако не сум тоа за дечкото, тогаш ондак ок, се најдобро и посакувам да ја најде. Како што и јас ќе се трудам да ја најдам мојата среќа.
 
хехе ми се допаѓа тоа шо типкава шо наумила и тоа праи . интересно текстче. имаш зеленко од мене :smir:
 
Е како да не. Никогаш не сум се исфрустрирала заради раскинување. Да, сум била повредена, сум плачела, пцуела, ама после раскинувањето сум се повлекувала од неговиот живот и одам понатаму. Никогаш не сум имала потреба да му враќам за нешто или да му се одмаздувам никому. Едноставно, тоа ми е некако психопатски искрено, нешто не е во ред, што некој толкава омраза чувствува. Побогу, не е ни прв, ни последен, па јас да земам да му враќам затоа што ми раскинал или не знам зашто.

Што е мое ќе си дојде...некогаш. Па и да не дојде, сигурно нема да им се одмаздувам на бившите. Секој си ја бара својата среќа и љубов во животот, ако не сум тоа за дечкото, тогаш ондак ок, се најдобро и посакувам да ја најде. Како што и јас ќе се трудам да ја најдам мојата среќа.

Не дека ги мразев бившите ама бев убедена дека ако вратам ќе ми биде полесно и стварно така беше.Реков можеби не сум била во право ама ете тогаш така размислував.И ден денес ако се сретнам на улица со нив си се поздравувам....омразата нема никаква врска тука.Ретко можев (барем тогаш) да прифатам пораз или одбивање и затоа така се однесував.Сега сватив некои работи и мислам дека не би го направила пак.
 
Аннабел немаш потреба од оправдување,секој различно ја манифестира повреденоста.Тоа е исто како да те предадат,да ти забијат нож во грб,едни ќе се повлечат,други ќе го возвратат ударот:wink:
Јас не му фрлив пијачка во лице,ниту го мавав,ниту му ставив бомба во џеб.Бидејќи старо новата девојка мислеше дека е во некој натпревар со мене,дека конечно ми го земала и го оженила,јас фино и културно и го позајмив на некоја вечер,чисто да си потврдам дека сум загубила еден идиот во животов,кој незнае да седи мирен на газот.Нормално и честитав за добивката:)
 
Ти благодарам leandra :smir: и јас не сакам да се правдам само не ми беше намерата луѓево да мислат дека сум некоја психопатка и исфрустрирана кучка што прави само нереди.Едноставно сум си го олеснила каменот што ми бил на срце и сум се чуствувала многу убаво после тоа,МОЛИМ ЛЕПО :wink:
 
Немој да го забораваш фактот дека на форумов има 10% добродушни девојки кој навистина и во реалноста се такви,10 % „психопатско нимфоманично битие“,а се останато е светици:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom