Друг поглед на бугарската поп музика

  • Креатор на темата Креатор на темата Soreno
  • Време на започнување Време на започнување
Се вика Сузан, попозната под уметничкото име Сузанитта (со две т). Дештерја (ќерка) е на познатиот бугарски пејач Орхан Мурад, кој претходно го знаев од Несебар 2005-та кога бев, ја пуштаа по тамошните биртии:

Хајде в Приморско, хајде в Бургас, всичките кр'чми бачкат за нас. Хајде в'в Варна, Албена и Балчик, всичко е супер и всичко е шик.


Кога пред 4 години другарка ми ми ја пушти "Луцифер и Буда", ми нагласи дека пејачката има 14 години. Кога проверив да не ме заебава, видов дека стварно е родена 2003-та и дека татко и е дотичниот Орхан Мурад, кој ја поддржува ќерка си со објаснување дека тоа е шоубизнисот, така стоеле работите.


"Луцифер и Буда" ја вивнува Сузанита во бугарскиот медиумски врв од Свиленград до Видин. Сите медиуми објавуваат за неа, контроверзиите појаки од улогите на цар Борис III и Георги Димитров во бугарската историја и тоа заедно. Она ужива во тоа и воопшто "не и пука" што другите ќе кажат, а мајка и и татко и се малтене горди на неа.



Веќе следната година и е тетовиран газот на само 15 години, славата и е максимално удрена во глава и се доживува како сензација и ѕвезда и се снима во еротско издание по чорапогаштник (хулахопки),


за веќе две години подоцна да е истетовирана по цело тело, изботоксирана на усни и во клиника за рехабилитација од наркотици и како резултат на сето тоа тотално непрепознатлива, но и покрај се, сеуште "не и пука". На 17 годинишна возраст малава го свртела кругот што на рокенрол ѕвезди им треба цел живот: од анонимност, до подем, до скандали и контроверзии, до наркотици, до нервни сломови, до клиники за зависност и постклинички интервјуа кај Опра сосе поуки што обично им ги даваат на гледачите да не го одат нивниот пат.


Во меѓувреме тука се и возењето без возачка како малолетно лице и пушење трева:


од еден на друг дечко:


итн, итн...

За крај, песната сосе спотот што ја вивнува до Мусала. Максимално бугарска, максимално заразна, максимална фацијална физиономија на Аспарухов потомок на 0:21.

Ако самата моќ на насловот "Луцифер и Буда" не е доволен да ве заскокотка да притиснете Плеј, може ќе ве заинтересира стихот кој еднаш слушнат повеќе не може да биде отслушнат и ве става во филозофско откровение, во една метафоричка катарза од кое нема враќање назад :


"ЖИВОТА Е ХАИКУ"


П.С.
Мога да накарам дјавола да танцува,
мога да го накарам и свешти да купува!

Текстот е лудница, битот ништо помалку.

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom