Помош за проекти по филозофија и психологија

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш не разбрав што има тешко во тоа да седне човек и сам да си ја направи семинарската/трудот/есејот. Па добро бе луѓе, академски граѓани сте, утре треба да имате сериозни работи, да се занимавате со сериозни нешта. На работа кога ќе ви дадат задача на ваша одговорност, што ќе правите, други ќе ангажирате, наместо вие да бидете професионални?
 
Никогаш не разбрав што има тешко во тоа да седне човек и сам да си ја направи семинарската/трудот/есејот. Па добро бе луѓе, академски граѓани сте, утре треба да имате сериозни работи, да се занимавате сериозни нешта. На работа кога ќе ви дадат задача на ваша одговорност, што ќе правите, други ќе ангажирате, наместо вие да бидете професионални?
Ти не си разбрала колку е полесно некој друг да ја заврши работата за тебе;)
 
Ти не си разбрала колку е полесно некој друг да ја заврши работата за тебе;)

Не е поентата во животот да се оди по линија на помал отпор. Штом човек се решил да запише факултет или воопшто да преземе било каква обврска, тоа значи дека истата треба самиот да ја изврши. Ај во средно училиште разбирам, ама сепак во случајов станува збор за академски граѓанин кој утре треба да учествува и придонесува во општеството во кое живее, затоа сум против вакви работи, максимално. Секој труд, секој есеј бил мое дело. И мене ме мрзело и некогаш сум се влечела, па се случувало да правам работи во 5 за 12, ама тоа било мое. Никогаш не сум малтретирала друг, ниту пак сум плаќала друг да ми ги завршува обврските, затоа што сепак сметам дека сите треба да имаат осет за одговорност.
 
Колеги психолози, некој да ми помогнеше околу материјал за ’’улогата на психологот во училиштето’’ и ’’психологот како истражувач’’, да се врти околу етиката на психологот така нешто. Гуглам од прееска но нема ништо, можеби погрешни ми се клучните зборови. Помош, некој? :)
 
Ќе можете ли да ми кажете некој страни каде има нешто повеќе за Хегел, за проектна матура ми е потребно. :)
 
Правам проект филозофските размислувања во Византија:)Ако знае некој каде да извадам дополнителни инфорамции нека пише:)
 
Дали има некој семинарска или било каков материјал по Филозофија на некоја од следниве теми:
1. Теорија на природните права
2. Идеално право
3. Онтологија на правото
4. Правна аксеологија
5. Правна гносеологија
6. Правна логика
7. Правна херменевтика
8. Филозофско-правната мисла во античка Грција
9. Филозофско-правната мисла во стариот Рим
10. Постодернизмот како правец на филозофско-правната мисла
11. Егзистенцијализмот како филозофски правец на 20 век
12. Радикализмот како филозофско-правен правец
13. Влијанието на економизмот врз развојот на филозофско правната мисла
14. Филозофско-правен либерализам
15. Филозофско правната мисла во делата на Кант и Хегел
16. Филозофско правната мисла во делата на Томас Хобс и Бентам
17. Филозофско правната мисла во делата на Џон Лок и Монтескје
18. Филозофско правната мисла во делата на
19. Современата теорија за вродените природни права
20. Филозофско правната мисла во делата на Сократ, Платон и Аристотел
21. Обичај, морал, парво
22. Правдата во правната филозофија на Аристотел;
23. Чистата теорија на правото;
24. Правната филозофија на Радбрух;
25. Теоријата за внатрешна моралност на правото (Фулер)
26. Човекот, слободата и природните права како највисока правна вредност;
27. Правдата како правна вредност;
28. Вистината како правна вредност;
29. Осврт врз правно-филозофските проблеми на правната принуда и казната;
30. Основни закони (принципи) на исправното правно мислење;
31. Толкување на правните норми.
32. што, како, зошто (основниподатоциза општата и филозофијатанаправотоизапричинитезанивнатанесамоинтелектуална, тукуипрактичнарелевантност);
33. -општ ипосебенделнафилозофијатанаправото (причинизакласификација, структуранаопштиотдел, структуранапосебниотдел, посебниотделкакоприменетафилозофијанаправото);

 
Правам проект филозофските размислувања во Византија:)Ако знае некој каде да извадам дополнителни инфорамции нека пише:)

Доколку сеуште ти треба:
Вера Георгиева - Византиска филозофија;
Вера Георгиева - Филозофија на исихазмот;
Татакис - Историја на византиската филозофија;
Лоски - Мистична теологија на црквата од исток;
А исто така има и издадени дела на македонски од виз. филозофи/монаси:
Свети Григориј Палама : Тријадите (во одбрана на светите исихасти);
Свети Јован Лествичник - Лествица ... :)
 
Се снајдов преведов нешто од англиски :) нека стои сепак на некој друг ако му е потребно
 
Ми треба книга во која се обработува темата интелигенција. Само да не е „Психологија“ од Керамичиева бидејќи веќе ја имам како литература. :)
 
во кратки црти нешто за идеологијата на свети августин некој да ми кажи шо мисли ?
 
Нешто за врската помеѓу таткото и ќерката и влијанието на истата врз изборот на партнер, од страна на ќерката.
 
Ако може некој да ми помогне имам проектна задача на тема "Животот и делото на Аристотел", ако има некој нешто нека пише, фала однапред :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom