Донација за малата Стефанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Paris-of-Troy
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Благословен да е секој кој придонесува за помош да се соберат потрбните парични сретства кој ќе спасат еден цвет кој само што почнал да цвета.
Да и помогнема на Стефи и со нашата хуманст и Божја помош да се врати во еден нормален детски живот.
Вечна благодарност до сите хумани луѓе.
 
:cry:


Почина малата Стефанија


Девојчето кај кое беше дијагностициран редок тип на леукемија ја изгуби најтешката битка во својот живот.
Умре на клиниката за детски болести на одделот за хематологија и онкологија каде примаше цитостатици пред заминувањето за Холандија каде требаше да и биде направена трансплантација на коскена срцевина.
Официјалната причина за смртта е инфекција. Нејзините родители ни изјавија дека од клиниката биле известени дека состојбата на Стефанија се искомплицирала откако и биле извадени два заба.
Анализите на крвта покажале нула леукоцити што значи дека организмот немал никаква отпорност.
Сторијата за Стефанија ја потресе Македонија кон крајот на минатата година. По неколку неделна голгота во Скопје и потрага по пари за лекувањето таа замина на дијагностицирање на болеста во Холандија. Оттаму се врати со дијагноза за редок тип на леукемија што може да се излечи само со пресадување на коскена срцевина што чини 250 илјади евра.
Пред да се случи таа операција Стефанија три месеци требаше да се лекува со цитостатици. Почина само еден месец пред да замине во болницата „Свети Еразмо“ во Ротердам каде требаше да се случи операцијата.
 
Навистина се надевав дека ќе успее да ја победи тешката болест посебно откако отпатува во Холандија......се наежив кога слушнав на вести. Почивај во мир Стефанија..... :cry::cry:
 
Навистина жално, сочувство од мене до семејството...
 
Во девојчево имаше толку голема желба за живот.

Јас мислам дека сите направивме колку што можеме.

Навистина е жално ваков крај на сево ова-сочувство до семејството.
 
Гледам дека е заклучена темата за малата Стефанија па решив тука да ви соопштам Бог да ја прости,и требаа само усте десет терапии за да успее да дојде до трансплатација и да продолжи со нормалниот живот.Кога ја вратија од Холандија ветија дека и тука ќе ја спремат за трансплатација ама неукоста си го направи своето.Стефи беше прав Ангел кој Господ си го зема во рајот.Кога умираше го побара албумот од Тоше да биде покрај нејзе многу ја сакаше песната цреша и верувам дека сега таму и ја пее.Да издржеше сама ќе ви се заблагодареше за помошта што ја пруживте затоа јас многу ви благодарам на сите што бевте хумани и со тие пари кој ги дониравте а беа потребни да и се спаси животот на Стефи ќе бидат употребени за жал да се направ едно за Ангелот Стефи мирно домче во кое ќе почива во мир.
Стефи го даде својот живот од неуки доктори. Нејзината смрт допринесе од сега па натаму вакви деца со ретки дијагнози бесплатно да се лекуваат во странство затоа Стефи е Ангел и ја даде својата душа за спас на многу други нејзини другарчиња,кој повеќе нема да се мачат да собираат пари и да чекаат болеста да работи додека се соберат парите.
После смрта на Стефи Власта се освести дека парите не се побитни од еден детски живот,да останеше во Холандија уште ќе беше дел од семејството.
Стефи беше посебно дете со чиста душа затоа покрај сите напори на родителите Господ пак си ја зема му беше потребна да му го краси рајот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom