Горчлив вкус

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
Горчлив вкус, обично премногу се пазам за да повредам некој и да дојдам до тоа. Не сум тој тип на личност, обично се затворам сама и така додека да ми помине чуството...
 
Луѓе сме од крв и месо, имаме свои мушички и лоши денови,а најлошо е , и верувам дека сите сме почувствувале кога ќе си го добиете ни криви ни должни од оној кого највеќе го сакате...

Кога од еден безначаен повод ќе излезе сета кал што се таложела долго време,кога ниеден одговор или гест не е доволен да го угаси тој жар на лутење,ирационален бес,тоа е проклето чувство,чувство на бол .
И затоа што боли се прашувам зошто некогаш и самите се наоѓаме на страна на агресорот?
Дали сме толку слаби да не можеме ,а да не се истресеме на првото невино живо суштество во нашиот видеокруг?
Горчлив е вкусот после смирувањето тогаш,а долго е времето што поминува пред конечниот заборав..
Зошто мислиме дека го имаме тој луксуз да го трошиме времето на меѓусебни расправии,колку се истресувате на партнерот кога имате лош ден?
некои зборови и дела не можат да се заборават, а камо ли да се простат. И тоа зборови кои излетале од глупави меѓусебни расправии. А секој различно се однесува во лутина, не сите им се истураат на партнерите
 
Оу не!
Секогаш сум се трудел да не ги `донесувам` и манифестирам нервозите здобиени од други места во врската.
Ама ми се има случено неколку пати да почне да ми хистерише и да се пренемага за секоја можна и неможна комбинација...
па после три-четири покушаи кои што и биле простени...
интервентни вод ступа на сцену !!! :vozbud:
 
Знам доста добро да го контролирам тоа негативно влијание во мене, без да го ширам на сите блиски околу мене, или да го исфрлам на партнерот, ипак е себично некој недолжен и невин, да ги трпи моите каприци и глупости, и мило ми е што можам да одржам самоконтрола за многу работа:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom