Нај значајните Македонски артефакти вредат над две милјарди евра

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Меѓу најзначајните македонски артефакти со непроценлива вредност,пред се треба да се издвојат,,Македонскиот Адам,, и ,,Божицата мајка во блажена состојба,,од локалитетот Говрлево,потоа,,Големата Мајка,,од Тумба-Маџари,Златната ритуална маска.Златната рака со прстенче,Кралскиот бронзен шлем,скулптурата на изида,фигурата на дедал од Охрид,како и скулптурата на Тит Флавил Орест од хераклеа,статуата на филокен од Стибера,теракотните икони од Виница,тетовската Менада,потоа познатата филигранска пеперутка од збирката со скапоцен накит во Музејот на Македонија,како и многу други предмети.За нас Македонците ова е многу поголемо богатство од горе споменатата сума,но каде им е паметот на оние кој имаат изнесено голем дел од македонската историја,од македонското културно наследство,само тие знаат што и колку имаат продавано за сега само да красат тие предмети нечии ветрини(или уште полошо ако ги имат продадено на грчиштана па да се китат со наши перја и да викат дека не сме македонци).До кога ке го цениме нашето богатство само за пари,до кога ке си го продаваме идентитетот,историјата,културата на нашите предци,до кога...
 
Kaj spomna sega ova divive kopaci kako i lopovi ima da se stimuliraat za belji i lopovluk




спомнати се за да ако се препознае некој да мозе да се освести дека си ја продава историјата и судбината на својте деца.а за стимул не сум ги потикнал тие одамна знаат што има под нашава земја македонска:salut:
 
Да не отварам нова тема , овде може да се разговара за сите археолошки локалитети во Македонија.Прочитав некаде спомнати нови ископувања во Стоби, Хераклеа, Марвинци итн... и никаде до сега немам пронајдено никаква информација за локалитетот “Вардарски рид“ -Гевгелија.Не се спомнува никаде,а е ископан цел рид, од американски групи колку што имам слушнато и тоа е се. Поседува ли некој некакви информации околу ова место?
 
Вардарски рид е археолошки локалитет во близина на Гевгелија.Претставува повеќе слојна населба и некропола со траги од енеолитското до римското време. Се наоѓа на источниот раб на градот,на десниот брег на Вардар,и претставува рид на кој доминираат две височинки.Во 1970 година се извршени првите сондажни заштитни ископувања.Еден дел од локалитетот сега е уништен поради изградбата на автопатот до Гевгелија(делот сто е унистен претходно е истражен). Инаку на локалитетот главен археолог е проф.д-р.Драги Митревски,кој и оваа година вршеше ископуванја,а воедно му помагаа и студенти.За копанје од американски групи немам слушнато,но знам дека странски гости па и домашни кој се заинтересирани мозеа да учествуват со плаканје на одредена сума(мислам околу 200 евра),бидејки имаше нешто како археолошка школа,камп така некако.
 
никаде до сега немам пронајдено никаква информација за локалитетот “Вардарски рид“ -Гевгелија.Не се спомнува никаде,а е ископан цел рид, од американски групи колку што имам слушнато и тоа е се. Поседува ли некој некакви информации околу ова место?



http://www.vardarskirid.org.mk/default.aspx?pArtID=130&selection=-1
 
Ви Благодарам за помошта.Сајтот е добар нуди доста информации.
Се надевам овие локалитети ке прераснат во посетувани туристички локации и ке претставуваат вистински доказ за постоењето на Македонскиот Народ и Античка Македонија на нашите простори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom