Спротивност или сличност?

За кратка авантура- спротивност.
За долга и успешна врска- сличност.

Како и да е, сепак трагам по сличност затоа што сметам дека кој чекори по спротивноста на крај е принуден да се задоволи со пепелта.
Колку повеќе сличности, толку повеќе заеднечки интереси и толку повеќе заеднички теми на разговор. Резултат-успехот е загарантиран.
Здодевност?
Мене нема да ми е досадно. Секогаш и секаде наоѓам кавга така што исто ми е дали е спротивен или сличен во однос на тоа прашање, кавга ќе има. Од друга страна пак, имам специфичен карактер и до сега немам сретнато ниту една единствена личност во која би го препознала својот карактер така што сличност во секој случај.
 
Спротвностите се привлекуваат,ама не издржуваат долго заедно,барем едно нешто што научив од сите мои врски.
За да опстанам со некој,морам да имам сличности,и тоа повеќе да бидат.И нема да ми биде досадно,напротив,ќе си се изнапраам муабет барем што ми одговара.И плус тоа досадата не зависи од сличностите или спротивностите,туку некои луѓе се досадни,без разлика што се дискутира,досада си е досада.
Со спротивните на мене,се тепам бе,не можам подолго од три месеца,па и тие три се многу.
 
....абе одувек викале + и - ..ма нема шансе....само сличноста може да гура премнооогу далеку...као сериозна врска па и брак...:toe:
 
Правило од физиката- Спротивностите се привлекуваат,, додека сличните т.е истите се одбиваат... Јас мислам дека е сосема така...НА пр. ако едниот е тврдоглав и не попушта да речеме кога дошло до недоразбирање,,ако и др личност е таква тогаш исходот ќе биде лош..ако пак другата личност биде од спротивна природа,,на пр. потрпелива тогаш сигурно дека недоразбирањето ќе се реши позитивно..ова е само еден од многуте примери..и нормално дека секогаш повеќе ќе не заинтересира некој кој е различен од нас,,и кој не би можеле така лесно да го прочитаме,,затоа што едноставно не се однесува како нас и ќе ни биде поинтересно да го запознаеме:pipi:
 
Eden pameten coek mi rece ednas

slicnosti se privlekuvaat , sprotivnosti se nadopolnuvaat :tv:
 
Спротивностите владеат.

Меѓутоа не спротивности до страшна крајност, пошто тука веќе дефектот е активиран од старт.
Во мојот случај доминира една кулминација на сличности и спротивности, која служи како шо е веќе напоменато, сличностите за изградба на една позитивна конвергенција, а спротивностите за наизменично разменување и надополнување на интереси и карактеристики.
 
Сличноста е досадна.:)
Кога сите луѓе околу мене би биле со исти ставови како моите, како би се разврзал разговор? Дебатата, и во својата неофицијална форма, е многу важна за квалитетен и забавен муабет. :)
Истото важи и за партнерот. Се додека не е од друга планета, друга спротивност на мојата не би ми пречела којзнае колку.
Во некои работи секако треба да се сложуваме. Колку ради повремена хармонија. :) Ама сличност баш- не мислам дека долго би ме забавувала.
 
Дефинитивно спротивност. Да можам да си "земам" нешто што ми недостасува во карактерот и да "дадам" нешто што недостасува кај партнерот.
Сличност само во однос на сваќања за елементарни нешта.
 
Дефинитивно спротивност. Да можам да си "земам" нешто што ми недостасува во карактерот и да "дадам" нешто што недостасува кај партнерот.
Сличност само во однос на сваќања за елементарни нешта.

Се согласувам.
Надополнување на карактерите, а сето другото ќе го пополни хемијата и хармонијата :)
 
што знам... мене ми е партнерката да ме цени каков што сум, да ме сака, да ме почитуе, да ми веруе, да биде искрена спрема мене па сега какви и се интересите, исто ми се фаќа,ако сме слични ок, и да сме спротивни ке има компромиси и пропусти...така да, све исто:pipi::pipi:
 
Спротивностите се привлекуваат и успеваат. Баш како што кажа Betty Boop некој надополнува, некој нешто прифаќа. Нормално ако и двајцата сакаат тоа да успее и ако си влијаат еден на друг.

Сличностите се ок да, меѓутоа..од премногу сличност и знаејќи ги реакциите може и само да се повредите без разлика колку се привлекувате.
 
па јас сум повеке за спротивност али до сега се сме биле слични и е било ок онака исполнето и интересно време
 
Јас сум за спротивноста... стално ќе има разговори и дебатирање, ќе се случва нешто ново, врската ќе биди динамична..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom