Честит Божиќ на католичките верници!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Им го честитам овој голем празник, на сите верници од католичка вероисповед. Со славењето на Христосовото раѓање да ги славиме и љубовта, среќата и мирот.




Илјадници христијани се собраа да го прослават Бадник на централниот плоштад во Витлеем
Илјадници христијани се собраа на централниот плоштад во градот Витлеем, за да ја празнуваат Бадниковата вечер, соопштија светските агенции.
Сигурноста на оваа свеченост ја обезбедуваат палестинските сили за безбедност, лојални на претседателот Махмуд Абас. Во Витлеем од Ерихон и Рамала пристигна поддршката од приближно 500 полицајци.
Во прославата на Бадник ќе учествуваат претседателот на палестинската автономија Махмуд Абас и премиерот Салам Фајад.
Кулминација на прославата на Бадник ќе биде свечената служба во катедралата "Света Катерина", во центарот на Витлеем. Во катедралата е вградена базиликата "Рождество Христово", изградена на местото каде што се претпоставува дека се родил Божјиот син.
Палестинскиот министер за туризам Халуд Дајбес абу Даје изјави дека очекува во Ерихон да пристигнат приближно 40.000 христијани од цел свет. Израел им дозволи на 300 христијани од појасот Газа, исто така, да присуствуваат на прославата.
Според агенциите, ситуацијата на Западниот брег, од гледна точка на безбедноста, сериозно е подобрена, што натера илјадници верници да се упатат кон Витлеем. Годинава бројот на посетителите е поголем во споредба со годините по избувнувањето на таканаречената втора Интифада, во 2000 година.
Но, конфликтот и покрај тоа сите се уште го чувствуваат, истакнува Франс прес.
Од Ерусалим пристигнатите посетители во Витлеем задолжително минуваат преку контролниот пункт, во високата четириметарска стена, која го дели Ерусалим од Западниот брег
 
За многу години да е празникот. Христос се роди.
Честитки до сите католици.:smir:
 
Најубави желби за сите оние кои денес го слават раѓањето Христово. Честит празник.
 
Среќен Божиќ на сите кои што денес го слават :)
Srecan Bozic svima koji ga danas slave:))
Boldog karacsonyt mindenkinek!:)
 
Христос се роди!
Честит Божик на сите католици, здравје, среќа и благосостојба на сите да дарува Господ:smir:
 
Честит Божиќ на сите католици им посакувам од се срце!!!
 
Честитки и од мене за сите што си го слават празникот. :)
 
Честит Божиќ на сите кои денес го слават, нека Господ Ве чува и нека ги оствари сите ваши желби за здравје, љубов, мир и благосостојба.
Христос се роди! За многу години!
 
Среќен божиќ...Многу среќа, радост и пари....
Христос се роди...
 
Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога........
...И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава..
Среќни празници....
 
Честит Божиќ на сите католици :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom