Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Филмот е феноменален една одлична приказна. Мора да учиме од соседни и екс ју држави доста се филмово со комити и лезбејки.
 
MV5BMjFhZTcxOTktMzllMS00MzIzLWJhODEtZDU5YTFkNzRjZWQyXkEyXkFqcGc@._V1_.jpg

Се случува низа исчезнувања на деца за кои постои сомневање дека се грабнати. Кога ќе исчезне и 13 годишниот Фини неговата сестра се обидува на сите можни начини да го пронајде користејќи ја нејзината "дарба", а претходните жртви на Грабнувачот му помагаат на Фини да не го снајде нивната судбина.
Интересно филмче, напнато.
7/10
 
ems.cHJkLWVtcy1hc3NldHMvbW92aWVzL2MzYjQzMGViLTJlOGQtNDA2Yy05M2Q5LWFiNDI0YjY1YjllZi5qcGc=.jpg
Не за џабе рекле: "Внимавај што посакуваш, може да ти се оствари".
7/10, малку така лоша глума на Ник Стал, ама ајде приказната е интересна.


IMG_20250225_221915.jpg
Две религиозни црковни сестри проповеднички (или како и да се вика) ќе се најдат на погрешно место во погрешно време. Наведени на игра ќе им се тестира вербата и све она кои и самите го пренесуваат на другите кога станува збор за религијата.
8/10
 
Денеска се скапав од филмови
Последно гледан е Парада.
Секако 10/10.
Не го гледам прв пат. Пресмешен филм, кој има за порака да бидеме соединети, да си помагаме.
Добра комедија за недела дефинитивно.
Моментално иде Zodiac. Сакам напетост
 
Денес го гледав "Кракен"..
IMG_0282.jpeg
Не прашувајте како го симнав и како најдов перевод :D

Рецензија: го чекав со нетрпение и планот беше вчера вечер да го гледам, ама имав проблем со преводот, па се пимплав до касно и изгубив после тоа желба..
Денес натенане..
Во основа добар филм!Ништо револуционерно или богзнае што.
Дали вредеше моете чекање и нетрпеливост(?!) Веројатно не..
Но сепак е добар за жанрот, посебно што не доаѓа од Холивуд и еврејското лоби!
Нетипичен подморнички филм, акција-трилер (и малкуцка хорор). Ме потсети според атмосферата на "Hunter Killer" со Џерард Батлер. Во смисла дека не е клаустрофобичен, мрачен и мачен!
Ако ви се свиѓаше погоре споменатиот, ќе ви се свиѓа и овој! 110%!

Висока продукција и сет! Ефекти топ!
Глумците малку шминкери како за хард-кор морнари..(ама пак ќе речам Хантер килер вајбс).
Приказната е добра, иако малку предвидлива, but what the heck!
Музиката е стварно одлична, со оргуља во моментите кога се прикажува чудовиштето.. стварно ме изненади!
Препорака/оцена 9/10
 
Филмот е феноменален една одлична приказна. Мора да учиме од соседни и екс ју држави доста се филмово со комити и лезбејки.
Комити фаќаат лезбејки и пробуваат да ги навлечат на нормален секс. Е ова е филм што треба да се сними.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom