Темата е така поставена за да се задлабочиме во морално-социјалниот дел од проблемите кои легализацијата може да го донесе. И ќе го донесе. Општество кое одобрува проституција пропишана со закон и бенефиции за оној кој врши сквернавење на своето тело, на наводна ,,доброволна" основа(поттикната од немање кеш за леб), не е морално општество. Здравото општество се труди да ја искорени оваа појава. Она кое се грижи исклучиво за буџетот за сметка на етиката и здраворазумството-легализира курвање. Го навредуваме зборот ,,работничка", кој асоцира на макотрпна работа, поврзана со работна рака, а не со работна пи*ка. Изреволтирана сум од тој ,,привилегиран" статус кој една проститутка би го добила, бидејќи ми го валка полот, интелигенцијата и желбата со сопствен умствен напор да стигнам до пензија. Дали после треба да има пензија за дилери? После да легализираме и дилање, па да направиме една банка да крек и да плаќаат и тие данок? До кај ни стигна ,,либерализмот", до граница на животинство.