Боди прашуваш кои дела... И прашуваш кули и палати...
Јас никаде не реков кули и палати...
Потоа ми велиш, ти си против делата... И еве малку погоре пак се негираш и вели: Тоа се делата! Недефинирањето, да не се нарекуваш никако...
Ако во твоето неправење ништо, недефинирање, неспознавање нема дела... бескорисни ти се книгите кои ти ги читаш, и за кои велиш дека се како ти да си ги сам напишал

Ти се дефинираш со сите филозофи што ги читаш и далечни источни школи, затоа и не можеш да се дефинираш сам...
Ама затоа ете форумот е тука и те дефинира по твоите дела ...
Читањето е едно, праксата е друго... веќе 1001 пат го кажувам ова...
За разликата помеѓу старите школи и новите... Па кажано накратко и има и нема разлика...
Во Книгата на Законот (веќе некои ја знаат) се вели во еден дел дека соколот ги колве очите на Исус, и го гребе лицето на Мухамед, ги напаѓа индиецот, будистот... Соколот е еден симбол на Хорус, кој пак за различните типови луѓе може да е ова или она...
Некои ова го прокоментираа како телемата е дирекно против овие богови/пророци и школи.
Но, треба да го погледнете Законот, а тој вели: Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку;
Кои се тие, зошто разбираат малку... нема да се коментира овде.
Телемата не укина ниедна школа... неиницираните тие школи ги гледаат како религиозно-политички устројства... Да, такви се однадвор... Но секоја од овие школи (кои се само 3 на број) си има свои иницијациски системи. Вистинското знаење мора да продолжи и да се модифицира и подобрува... ниту една буква од Законот не е сменета и не смее да се смени... Се е како што беше... Никој нема да биде воздигнат, секој ќе биде она што е...
И тука доаѓа прашањето: Ако не се дефинираш самиот, ќе бидеш, што, ништо? Големото Тао на Жолтата школа, Бесконечното мачење на црната? Немој со такви дрдорења, тие книги ги поминав додека се самозадоволував на млади години по светот на пенливите вина и жените-ловци...
Одговорот е лесен: Ако не се дефинираш самиот, друг ќе те дефинира и ќе ти го најде местото под Сонцето... Во ритуалите на Златна Зора се вели: Ти ме Спозна, помини!